Нико, каков вокал си замина, а оној пе*ер лигав остана Кој ќе го слуша тоа никакво човече, од такт се извадив жими све
ејјјј зашо бе нико не очекував нико да испадне ама тоа е мора еден по еден да испаѓаат иако не му беше сега времето на нико
НЕ МИ СЕ ВЕРУВА ДЕКА НИКО ИСПАДНА ПРЕД ХИКО!! Не дека Нико ми беше фаворит..ама овој ХИКО како што тргнал и ке победи да знаете...знаев дека нема да излезе..пред него си отидоа вокали како Бети и Нико ц ц ц....просто се чудам кога го гледам помеѓу останатаите толку е мал во секоја смисла на зборот
Па баш има правда. Не е фер што Кристијан остана зошто веќе претерано е ова, 4 пати да не излезе , ама па и на Ивица и Нико им беше доста. Ивица од секогаш ме нервирал зошто едноставно не знае да пее. Поготово се истакна денес. И со тоа косата веќе... А Нико... Нико ми беше фаворит од почеток, дефинитивно најдобриот вокал од сите. Ама го претера со летањето во облаци. Толку го сакаа сите, а сепак со неговото однесување на сите им стана одбивен. Имај ти убав глас бате-ако не те гласаат, џабе ти е. Кој што си дробел тоа ќе си срка.
Катастрофа! Ако гледам уште еднаш Идол..слободно да ме плукните! Остана дебилот...вистинските ѕвезди си одат! Пу јазк..
ЕПА НИКО ЦМОК ЦМОК СО ТАА РУСИНКАТА ПА КОЕ ЧУПЕ ОД БИТОЛА МИСЛИШ ДЕКА КЕ ТИ ГЛАСА,ЈА УТНА РАБОТАТА И СО МОЛИТВА ПА ДОСТА ТИ БЕШЕ НА ИДОЛОВ КЕ ТЕ ГЛЕДАМЕ ПОНАТАМУ НЕЛИ ЗА СЕ ТЕ БИВА
Не ја гледав првата гала вечер кога испаднала Билјана, ама сигурни извори ми кажаа дека она имала најмногу гласови и затоа намерно ја елиминирале , за да се гласа повторно и да соберат повеќе пари од гласови. Секогаш на столчињата ставаат по еден со многу гласови за да соберат повеќе пари .
Ако Нико не чини тогаш одете слободно фрлете си бомба.Нико ако не чини тогаш Кико чини?Абе ајде...Кажав веќе,мило ќе ми биде ако победи Мики,а идол веќе не планирам да гледам. Секогаш се избира лепота пред глас.Тоа е нашата Македонија.
Значи да појаснам, Христијан е оној кој има најмногу гласови од сите. Намерно го седнуваат на столче, бидејќи нели, колку повеќе гласови - толку повеќе пари збира шоуто. И со тоа што го седнуваат на столче, неговите фанови (напалени тинејџерки секако) чувствуваат дека недоволно гласале, па наредната гала вецер праќаат се повеќе и повеќе пораки. Мислам дека ви е јасно дека Идолот не е класично шоу каде што гледаат само глас, во Македонија сме.. Овде гледаат Идолот да има глас (до негде), да има изглед, многу фанови, многу гласови, со што креаторите на шоуто, оние кои вложиле нешто, и жирито секако, ќе профитираат. Тоа е тоа.
Абе немора да значи дека ако заедно на столче биле двајца едниот заради другиот испаѓа, леле па и вие. Двајцата биле веројатно седнати или имале најмалку гласови или еден од нив морале да седнат или намерно го ставаат за да сфати дека направил грешка. Значи од двајца едниот не испаѓа ПОРАДИ другиот, или од тројца поради другите двајца туку веројатно поради малкуте гласови и тоа е тоа. Не знам зошто пак го плукате ко тој да е крив дека испадна Нико, што е жално дека испадна е , ама кој го терал да бира таква песна па и женска бе, поради тоа најмногу мислам дека го седнаа, а искрено мислев дека вечерва само еден ќе испадне, а за Ивица погодив, гледате мојата интуиција не ме лаже .