Нико сеа молитви колку сака нека кажува и слободно ете може да се љуби со саканата колку сака барем не пред камера го претера овојпат и си заслужи.
Стварно се разочарав во идолов. Т.е се корегирам. Нема што да се разочаруваме такви сме си ние. Ќе си продолжиме со нашите Џеј Џејовци и македонски Биберовци, затоа што немаме вкус. Затоа што не знаеме што е да го цениме вистинското, туку некои лиглина со бебешка фацка да си ги викаме бебулина и срцулина, сватки во фацките. Пу, за срам. И да, се изнервирав. И Маца со тебе сум за атентатот. Толку.
Зашто крајно досаден ми стана, успива со тоа бавните песни. Ајде прогледував малку, донекаде, ама Молитва да ми ја завива на екс ју вечер, па уште и да ја фалшира - не. Плус, нема харизма.
Значи ХИКО затоа го стават на столче да соберат пари..инаку на мини концертот машкиот и Виктор не дека немаше гласови да влезе во првите 5 туку имаше проблем со гласањето за неговиот бр.незнам зошто (тоа не го бев кажала до сега) бидејки пробував 100 пати да гласам и не успеав ...а за Иван можеше...
реков јас дека на ивица и нико не им бегаат столчињата? е многу многу ми е мило што остана кико..фала Богу некој го цени тоа што кико се спушти на земја и препозна дека нико се крена се правеше уау кој сум јас се можам да испеам. е сега и да испадни кико понеделник нема да ми е мака,барем овие двајца ги снема.
Гласиште не гласиште, грев е да кажам дека Нико не пее убаво ама вечерва не беше ништо посебно. Му текнало Молитва да ја пее, па братче тоа ли е екс ју А и не беше ништо посебно, имал тој далеку подобри настани. Да не зборувам за лигавењето со девојка му, па не е само тој да има девојка нека и пее дома толку ако сака тука треба да се пее на целата публика, публиката гласа а не само девојка му Типував на Нико ама ме разочара во последно време, почна да се преценува. За неговите пеачки способности нема што да коментирам секоја чест ама што не владее со сцена не владее. Како и да Христијан каков таков, само како машина за правење пари го третираат. Ќе ги изазиваме попалените тинејџерки демек ќе излезе па да платат уште еден глас плус Ич не го сакам ама стварно веќе греота ми е за него, така да му прават што не чини, не чини.. И морам за Билјана да кажам фалш до фалш, ма требаше да испадне таа.. Наместо да не чита тука поарно и е да поработи малце, како што тргнала самобендисана тешко дека ќе дотурка далеко. И не знам што им е финтата кога до последен момент не кажуваат што ќе пеат. Не можат да привлечат внимание на поинаков начин и ај ќе глумиме мистериозни, абе најарно кога пеат они нека нема тон на А1 да не познаеме која песна е
да ама КИКО???? да го немаше можеби нема да ми беше криво за Нико ајде сега Скендеровски е среќен инаку ако отпаднеше КИКО којзнае што ке му се случеше и какви изјави ке даваше КИКО...и знаете мислам дека ништо не чекам толку многу колку Еден на Еден со КИКО
како и да е се молам победникот да биде праведно избран, односно Мики да победи, ако не тек тогаш ќе се разочарам, тогаш ќе знам дека некој ја мести работава! всушност ни и не знаме кој колку гласови добил, од каде ќе знаеме? како кога беше операција Триумф па нашиот заврши на 4 место затоа што некоја си глупача ги префрлила неговите гласови на друг, таа афера ја разоткрија и никој ништо не превзеде, очигледно беа вмешани некои од жирито, па ништо чудо и ова да го наместат. а највише ќе пукнам ако Хихо остане до крај, па уште и да победи...
Кратко и јасно: Срамота! За мене, веќе Идолот е една од најдебилните работи што ги има на ТВ, ако не и најдебилната. Алооо!! Само за потсетување што изгубивме.. http://www.youtube.com/watch?v=EcFL5RUO9mQ
Христијан реков и па ќе речам греота е шо му праат така, ама само он го знае чувството кога и по 4пати седнување на жешкото столче остануваш во Идол.Беше премногу дигнат директно некако се враќа на земја, додека Нико почна да се крева индиректно и ненормално а и сигурна сум дека не му е ни жал што отпадна и онака жал му беше за женската сеа ќе бидат заедно и шо сеа ќе патиме ние тука коа ни он не пати којзнае колку ако сака може да напраи кариера музичка ама за Идол не е.Ивица доста се влечкаше иако убаво ми испеа денес ама го имитираше Ален.
Море ко нема Кико да победи. Така на столче, на столче, до крај да си се довлечка. Се видело... Со Ноне двајцата таму, лесно ко два и два нека си пеат.
Кристина92 еве и јас тебе да ти појаснам: на столче седнуваат оние со НАЈМАЛКУ гласови. Ѕирни малку низ светскиве идоли или пак теши се дека хихо го ставале зашто имал најмногу гласа Стратегииве за собирање пари ви се промашени
Дааа, ама во американските, а сигурно некој од одговорните таму нема да дојде да види во МК на идолот што се случува Мене не ми се верува Кико 4 пати да собира малку гласови, пошто го фласаат. ПА така лажат овие дека има малку гласови и секоја наредна се повеќе и повеќе глассови да се пуштаат.
Баш вчера имаше објавено на фб дека читала на фемина.. Онака демек изнервирана зашто сите нагаѓале за нејзината песна.. еве го постот: Biljana Gjosheva citam femina i nemozam da poveruvam deka se vodi debata okolu pesnata 'ako istraes' od zorica popankova,koja voedno nema da ja peam na YU vecer, coek da nemoze pesna da stavi na zid...a ako ve interesira koja pesna ke bide toa gledajte idol,i ne bidete tolku ljubopitni strpete se,nema da e interesno inace....dobra nok
Првично јас не знам ни Нико што бараше на македонски поп идол, тврдам дека нема намера кариерата во тој правец да ја води. Има неверојатен глас, ама секако не е за тука.
Нико - Не ми се допаѓаше Нико уште на самиот почеток од шоуто! Пее убаво,ама онака ми е нешто антипатичен! Не очекував дека ќе отпадне,ама... Дејан - Овојпат ми изгледаше најопуштено на сцена, помалце правеше гримаси и според мене имаше солиден настап! Јана - Многу ми е убава Јана,секогаш ми се допаѓа нејзиниот стајлинг а вечерва пак ептен ми се допадна! Убаво отпеја и ќе и ги ,,премижам,, грешките со текстот! Иван - Стандардно има добар настап,секогаш одбира добра песна и секогаш убаво ја отпејува! Мислам дека ќе стигне до самиот крај на шоуто Ивица - Најлош настап на вечерашната гала вечер и ми се чини најлош настап на Ивица воопшто на идолот! На крајот урлаше човекот,а не пееше! Очекував дека ќе отпадне Билјана - Добар стајлинг и лош избор на песна! Превисока за неа и маки мачеше со високите делови од рефренот! Мики- Наааајдобар,феноменален, прекрасен и скормен! Шансите тој да стане Македонскиот идол се огромниии! Хихо - Почнува да ми станува жал за него,кутриот тој, ептен го треснаа од земја! Сепак вечерва ми беше добар! Се прашувам дали му прави кејф на Кико ова постајано спасување! Да сум на негово место веќе ќе се рачунав во отпаднатите! Виктор - Пак тешка песна но добра изведба! Иако не би се сложила дека ова беше неговиот најдобар настап (бидејќи најдобар му беше евергринот ,,осамен,, ) но Викторчо и оваа гала докажа дека е миленик на публиката а и на жирито! :up:
Па да..на карај краеви Нико ако не во Идолот ке си направи некоја оперска кариера надвор од него барем за тоа го бива