Нико ми се чини ептен почна да не просветлува за љубовта, требало да се сака, фалело кај луѓето ова она Па и ние знаеме што е тоа љубов, само не се ''лапаме'' пред камери Лошо излезе инаку ќе научевме доста од него ние неуките. Ахх братче ме разочара, го подржував од почетокот ама за жал ја избриша убавата слика што ја имав створено за него. Тоа е.. Мики на пример од почетокот не бев ни го забележала нешто особено, ама човекот пее и знае како да те придобие. Толку и скромен и позитивен, ма прекрасен. Гласав за него два пати. Ма се гледа од километар дека има добра душа, скромен е и присебен. Ги ставија на столчињата другиве а тој целиот тажна фаца мислиш тој ќе излезе.. а не оваа Билјана она си поминала скока рипа гајле и е кој ќе излезе
AlicaInWonderland јас гарантирам за Биле, со сигурност ти кажувам зошто излегла на првата гала. Сега да не кажувам јавно од каде знам , ама верувај дека така направиле. Не измислувам. Е сега за Кико не знам , ама со оглед на тоа дека така собирале пари нема да ме изненади и него затоа да го седнуваат на столче.
баш дека знам што се случува низ светските идоли го кажувам ова. македонскиот идол е испланиран за профитирање, за што повеќе пари да се соберат те молам не споредувај жири на македонија со америка, патетично е
Не може да верува дека се води дебата... Па и се молам за тоа е форумот, ич не треба да се замара што коментираме ние, нека си гледа за неа.
епа конечно некој кому не му се допадна Викотр оваа вечер, мислев јас сум единствената дури незгодно ми падна , бидејќи сите се трескаат за неговиот настап, а мене ми се смачи, на крај станав неможев да го слушам.
Многу ми беше жал за Биљана кога излезе тогаш, на мини концертот, ама сега, ми станува се по одвратна. Исто и Нико го поддржував, океј ми беше ама стварно сум алергична на патетика и лигавење, веднаш реагирам. Иван ме разочара многу... Многу... Можеше да ја научи песната кога веќе толкав залак земал...
Не споредувам жири туку правила. Лиценцата е таа, заедно со правилата до кои а1 мора да се придржуваат. Инаку ќе лапаат казна. А кога се работи за лиценца од ваков бренд, имаат еден куп контроли. Неможат да прават што ќе им текне зашто лесно ќе им ја уништат репутацијата и на останатите Спомнаа во еден на еден дека има правило без посета на блиски и се придржуваат. А правилата за галите се уште построги и неизбежни
Мило ми е што Нико испадна.. Толкава арогантност немам никаде видено. На сите ни е јасно дека поседува прекрасен глас, ама не е се во гласот. И што сте се запнале сите за Кристијан. Ни мене не ми е омилен ама не е толку лош. Криво ми е што испадна Ивица ама тоа е :/ не може сите да сме задоволени
А добро бе да ве прашам што толку убаво гледаат во Виктор До мене ќе е изгледа, сите се палат на него.. Мене па ич не ми е убав, мислиш во секој момент ќе си го лапне носот И оваа Билјана, па Јана ми е милион пати поубава. Што виде во неа Игор, воз низ нозе ќе и помине, како од јајцеглави да ја земале .. Не личи ова да се коментира за изгледов ама морав, не ми е јасно што гледаат во нив еј
Епа ајде и јас да ви се приклучам во темава. Среќна сум вечерва што останаа девојките и што испаднаа Нико и Ивица. Нико веќе стварно претера, воопшто не ми се допаѓа,за гласот не коментирам но човекот едноставно нема харизма и не владее со сцената. А Ивица незнам ни како дотурка до овде. За Кико и да не коментирам,неможам да сфатам како 4 пат по ред се спасува Гледам дека на повеќето од вас ви се допаѓа Иван,за разлика од мене. Воопшто не ми се допаѓа неговото држење на сцената. Фаворити дефинитивно ми се Мики и Виктор.
епа тука лежи зајакот на ваквите избори, никогаш не прикажуваат гласови а и да ги прикажат од каде ќе знаеме дека претходно не биле накалемени некому само за да победи. Се сеќаваш на операција Триумф кога нашиот заврши на 4 место бидејќи некоја ги префрлила неговите гласови на друг, се разоткри таа афера ама никој ништо не подзеде, очигледно беше намерно и вмешани беа и жирито. 100% беше така.
навистина зошто не ги покажуваат гласовите?? ма да ако се решиле пари да прават преку нив пак може да покажат дека кико као демек има помаку гласови
Ивица заслужено испадна, а за Нико ми е жал. Многу ми беа слатки со девојката, ме разнежни оваа вечер по втор пат
Допрва ќе се види кои се вистинските ѕвезди... После ова ќе се покажат вистинските квалитети,кога ќе видиме кој ќе има успешна кариера и ќе биде надалеку познат...а кој ќе остане само едно бледо сенкиче кои пеело на Идол
Како бре луѓе можете да кажете дека Ивица заслужено испаднал? Па беше еден од подобрите гласови во идолот!
Извинете што су оффтопик, да не знае некој кога е реприза од идолот не го гледав? И јас грешно сфаќам или двајца испаднале денес?
И јас мислам дека се е бизнис и гледаат само повеќе пари да заработат од шоуво (не зборам конкретно за Христијан, туку општо.