Ајде бре бидете барем малку објективни па и мене ми се Виктор и Мики фаворити амакога ќе зафркни Виктор јас прва кажувам дека зафркнал и готово,а не ќе се истепате овде за Нико-ДА има глас и ДА пее убаво ама ОПЕРИ и Бон Џови го испеа добро, но постојано слушам нешто оперско и ДА нема ни Х од харизма и ДА препотентен е, се занесува многу повеќе од сите таму ама тивко и на поинаков начин работата ќути си дупи си нема да се филмам како Христијан ама ќе пеам што сакам затоа што јас имам убав глас и јас сум над сите таму па ајде сега ете така се ФИЛМА вашиот Нико и не знам зошто толку многу го браните кога навистина не знаете што човек е. Па да ви кажам само еден податок ќе сфатите колку голем лицемер е и лажго, но јас се воздржав од тие коментари затоа што убаво пее и затоа што не сме должни да ги коментираме како карактеri. Ама излезе и скроз заслужено. Христијан исто така треба да си излези и никогаш не би ги споредила Христијан и Нико затоа што Нико пее Христијан не. И да напоменам уште нешто СРАМОТА и ГРЕОТА е да ги споредувате Христијан и Виктор затоа што има една ОГРОМНА разлика ВИКТОР Е МУЗИЧКИ ОБРАЗОВАН одел во нижо музичко,средно и академија и точка. Некои факти не можи да занемарат. И за уште нешто за што врска немате ИДОЛОТ КАКО МУЗИЧКО ШОУ НЕ Е САМО ЗА ГЛАСОВНИТЕ СПОСОБНОСТИ НА КАНДИДАТИТЕ !! БИДЕТЕ БАРЕМ МАЛКУ РЕАЛНИ И ПООБЈЕКТИВНИ !! Едит заборавив уште нешто да ве прашам добро бе вие го слушате Виктор дека последните неколку гали самси кажува дека не му се допаѓа како пее го слушнавте пред малку кога рече дека смета дека досега ниеднаш не испеал добро ?? Тоа вас на филмање ви личи ? Не велам дека порано не се филмаше ама сега и тоа како е на земја и да зрачи со топлина и мил е за разлика од некои !! Ајде сега кажете дека сум напалена тинејџерка ама ќе ви кажам дека не сум веќе неколку години !! И МИКИ и Виктор
Не не глупости има напишано во инфо, демек е од флорида, дека работи во телемундо (некоја шпанска телевизија). Ахххх сериозно треба да се превземе нешто со младиве
Леле...уште што нема да видиш. Го почитувам тоа дека секој си има фаворит, кој што го подржува ама до толку глупости да им пишуваат. Прееска исто кај Виктор на профил видов две девојчиња се караат, употребувајќи навредливи зборови. И тоа не ги користеа да се навредуваат меѓу себе, туку беа наменети за Виктор и Христијан во врска со нивниот изглед и пеење.
Гледав до Христијан и еве ги моите впечатоци: 1. Нико-најужасно досега. Песната катастрофа, испеа најгрдо што можеше и ми е глупо што едно исто те па исто зборува за женска му. Е добро де, знаеме дека ја сака најмногу, ама наместо да ги спомнува фановите, тој женска му од уста не ја вади. 2. Дејан-ме бендиса денеска многу. Значи на почеток мислев дека незаслужено е влезен во дваесетте, но како што одминува времето навистина напреднува. 3. Јана-женскава ми е мнооогу убава, но досега ми пееше најгрдо од сите. Вечерва се покажа во најдобро светло. Иако не слуша екс ју, добро и легна песната и цела вечер на дечко ми му пеам додирни ми колена, то би баш волела. 4. Ивица-ми ја погоди песната, испеа феноменално. 5. Иван-уф душиче! Испеа одлично, внесе мнооогу емоции, баш тоа што мислев дека досега му недостасуваше во пеењето. 6. Биљана- е добро од сите прекрасни песни кај ја најде онаа? Јас барем слушам екс ју, а песнана ја слушам прв пат. И не ми испеа добро Биле овој пат. 7. Мики-немам замерка. Песната ме погоди в срце, ме наврати на убави спомени. Што е најважно испеа извонредно, како и секогаш. 8. Кико-кога видов на фемина која песна ќе ја пее, веднаш ја отворив на јутјуб (бидејќи никогаш не сум го слушала Дино Дворник) и си реков:е добро од кај ја ископа песнава. Но, одлично ја испеа. Ме бендиса. Е сега, би ве замолила да ми кажете што пееше дотичниот господин Виктор, како испеа, кој седна на „жешките“ столчиња и кој отпадна. Спојлер Колку и да беше лош, се надевам дека не отпаднал Нико.
http://mesto.com.mk/video/H77291MX6YKK/ ... 1%80%D1%82 Ги има веќе сите видеа ако сакате да ги гледате
Мене лично ми се допадна како испеа Виктор, ја пееше Ти си ми у крви од Здравко Чолич. На трите столчиња седнаа Христијан, Ивица и Нико, а испаднаа двајца- Нико и Ивица.
WTF?! Ивица? Е ај добро, Нико беше ужасен, ама Ивица? Значи останува да си навивам само за Мики и Иван. ПС: Го гледам видеово кај што пеел Виктор-хахахаха ме изнасмеа. Ептен писклив глас има, ме потсетува на жена. Мислам дека за песнава треба помоќен глас, а не Виктор...
Пред 2 недели бев на Идол, и пред мене седеше едно девојче и цело време збореше за Виктор како да и е дечко, како само да заврши вечерта и ќе го бакнела и ќе го гушнела и носеше срценце со порака. И тргна по автограм и рече дека нема да се капе воопшто за да не го исбрише хеххехехе....
http://mesto.com.mk/video/KA1OKA5NA8A9/ ... 1%80%D1%82 Пуштете го видеото на 03:05 и слушнете што пее Јана.
Епа еве и јас да дадам некој коментар околу оваа гала.Значи Нико-секоја гала изненадуваше и пееше беспрекорно,ама вецерва стварно ја утна песната,некако не ми се свиѓаше како ја испеа. Дејан-одбра прилично тешка песна.Колку што знам,Виктор сакал да ја пее таа песна.Песната е доста висока,а он го нема тој глас за оваа песна. Јана-добра песна имаше одбрано,но некако ко д аимаше проблем со зборчињата како да не и идеше бас хрватскиот јазик и испушти неколку зборчиња. Иван-мене искрено до Иван што испеаа мислам дека он бесе најдобар,најдобро ја испеа песната и мислам дека не згреши со изборот.Секоја гала е се подобар и подобар. Ивица-добро почна али имаше неколку фалшеви.Кога и д аја слушнам оваа песна ме потсетува многу на Игор Цукров од Операција Тријумф. Билјана-песнава искрено никогаш не сум ја сакала...ја испеа добро иако ан високите тонови малку фалшираше...сепак добар настап Мики-ја пееше мојата омилена песна и мило ми е поради тоа затоа што е еден од моите фаворити...ПРЕКРАСНО!!! Кико-мислам дека ова вечерва му беше најдобар настап.Му лежат такви песни.Беше доста опуштен. Виктор-дефинитивно мој фаворит уште од самиот почеток на аудициите.Имаше прекрасен настап вечерва. И мислам дека заслужено испаднаа Нико и Ивица вечерва.Не покажаа нисто.Нико има може најдобар глас од сите таму но вечерва многу потфрли и тоа го чинеше многу.
Хаха мислам стварно не смеат да си дозволат сега текст да заборават. Јес да на Јана не и е заборавен текстов него уопште не и е научен
незнам зашто ја напагате билјана дека е самобендисана и слично,мене баш ми е супер девојката сосема е нормална и пристојно се однесува.каква според вас треба да е една девојка за да не биде самобендисана?да гледа у земја и да се смешка само? биле напред,супер си криво ми е за нико шо излезе,прекрасно пее дечкото му нема рамен мегу идолите,не очекував дека ке испадне сега. мики кога пееше пуштив глас јако и ко сум се распеала дома,ехехее,нишо чудно да ме слушале комшиите и песната ја сакам и тој ја испеа феноменално.. ивица очекував дека ке испадне,иако пее убаво,некако како да не ми се вклопи во идолов,како да не се пронаогаше себеси овде. кико кутриот го измачија веке 4 пат на столче нема смисла греота детето.и мене ми се чини дека намерно го ставаат.ако имаше малце гласови ке испаднеше до сега.
Леле не ми се верува дека Нико испадна Луѓе ова стварно нема смисла А и бтв може да се малку поозбилни кандидативе, барем кога се работи околу текстовите на песните, популарноста во глава им удри очигледно е тоа, ама рано им е за такви екцеси.
Испадна. Нико последните гала вечери не пееше, ами замараше Можеби им глас за опера, ама за поп нема. Нека си продолжи со операта, таму мислам дека ќе се пронајде повеќе отколку да зафаќа место во поп идол, па поради него да излезе некој друг што не треба. И да, можеби е Хихо самобендисан, ама барем е, таков е и не се труди да прикрива, додека Нико е скриено жарче, одоколу му излегува ароганцијата на виделина, не апла како на Хихо. Верувам дека да беше троа поубав Нико и тој ќе беше апла арогантен како Хихо. На гала вечерта за Тоше фалшираше... Ај да речеме тогаш некако сфаќав затоа што навистина е тешко да се пеат песните на Тоше, ама обавезно прави по некој фалш, и се некои досадни песни ги наоѓа... Мене ми беше втор фаворит после Мики, ама не понудува ништо ново, бавни песни, и ми досади. Исто како и Биљана. Биљана ми беше во фаворитите ама сега веќе не, затоа што и она е досадна, како да се појавува да испее и да си оди. Јана ми е многу по океј од Биљана. Мои фаворити се Мики и Јана
Разочарена сум и тоа многу! Ми отпаднаа двајца фаворити . Ивица, Нико и Мики! За жал двајцата не продолжија. Ивица ме погоди со песната, прекрасно испеа, овој настап му беше еден од подобрите. Мене ми беше посебен, имаше некој шарм, убавина во него. Многу ама многу ми е мака што отпадна, али шта чеш. Нико имаше глас за кој јас не би се осудила да коментирам, а овде отварам и што да видам. Какви ли коментари не прочитав од девојки кои не се компетентни да даваат оценка дали некој знае да пее или не. Нико требаше да си оди? Денес можеби ја утна песната но тој беше најдобриот вокал на Идолот. Но кај нас не се цени квалитет! И како може да ви смета некој што филозофира или некој кој е романтичар или што и пеел на својата девојка? Но тоа е, остана уште Мики кој вечерва испеа уште една песа која ја обожавам. И Иван е добар, ама не ми остава некој впечаток. Исто и Биле која ми е просечна и заедно со онаа лиглата Јана која стално вреска и која песните никогаш не и се по ќееф па затоа и не ги учи, треба да си заминат. Дејан е просечен кој треба да е благодарен што стигна до овде и треба да си оди, ама тоа нема да се случи наскоро бидејќи за Дејан се гласа организирано. Си ја сфатил човекот работата сериозно. Кристијан на минатата гала и на оваа ми испеа добро, почна да се подобрува, се спушта на земја, ама на местото на Бети, Нико и Ивица, требаше тој да замине. И ми осатана Виктор. Иако не ми е фаворит сепак пее прекрасно, убав е, и заедно со Мики, мислам дека се единствени кандидати за Идолот. Имаат се што треба да има еден пејач. Знаат да ја кренат публиката на нозе. Се надевам наредната гала нема да испадне уште некој добар вокал т.е нема да ми испадне Мики , а на Нико и Ивица им посакувам успешна кариера. Сакам да ги гледам на естрадата, фалат такви лица.
Нико е вокал за пеење опера, поп незнае да пее, уствари пее, ама просечно! Мики пее поп, рок, и опера дури, и сите три жанрови му лежат. Тоа значи дека Мики е нај моќен вокал на Идол, пошто знае да се носи со секоја песна. И аман веќе Нико со девојка му, па само тој ли има девојка? На секј настап сал ја дрнда неа. И ивица има девојка па што? Еднаш си кажа дека е заљубен и е 3 години во врска и толку, не ја тупи на секое. Ме отру веќе, романтизам и ренесанса ебаго Месија ли е некој? Просветител... Што? Ние као не знаеме што е љубовта па тој ќе ми продава некои празни филозофии. Апла стана проѕирен, демек со тоа што го кажува народот ќе си рече - скромен дечко е, поштува вредности во животов... јеа рајт. оток.
Леле бре Офи немој така, може во право си околу досадните песни и сето тоа, ама оној глас бре, не глас ами гласиште не требаше да се испушти, ќе го "искастреа" во однесувањето и се што фалеше, мене ми е сосема ок...па не заслужи да испадне. А и докажа дека знае да пее повеќе жанрови, не само опера. А за Мики немам збор, дефинитивно се најдобрите вокали заедно со Нико, и Иван е тука некаде, кој уствари е мојот фаворит.