Абе, пее ама просечно. Јас му најдов многу фалшови. И секогаш му наоѓам и него и на сите други. и Мики да стане така досаден и за него ќе си кажам, што дека ми е фаворит? Може пее опера многу убаво, таа песна Luna tu прекрасно ја испеа, ама поп пее сосема просечно, доволно колку за тезга. Вие паднавте на газ за оперскиот глас, зашто на аудициите со тоа се претставуваше за да ги поткупи гледачите, да пееше на аудициите поп или рок немаше толку да го величите, ама пошто знаете како пее опера и затоа ви е WOW. а кога ќе видиш е сосема просечен, вие го направивте дека е врвен глас, па уште по моќен од Мики мало морген тоа. Бети што излезе има по убав глас за поп, судејќи како ја испеа од кристина агилера песната и ич не исфалшира. Нико се вадеше ради операта и тоа е тоа.
Сега дури гледам дека испаднале Нико и Ивица и искрено баш ми е ок изборот. Требало можеби Дејан да му прави друштво на Ивица во овој круг, но во ред е, ќе си почека до нареден пат. Ивица никогаш не ми се допаѓал, нема ништо особено кај него што отскокнува. Монотон и страшно невпечатлив. Па не е само застани и испеј или затреси ја косата. И за Нико си кажав - ниту ми е за Идол, ниту за на поп рок сцена. Колку сака нека е квалитетен, не ми е по ќејф, а и такво просерување како вечерва, такви љубАвни патетики не палат кај публиката, па кај македончето пак најмалку. Јас еве не сум за Виктор, самобендисан ми е, и помалку лигле, ама факт е дека знае да пее и не изгледа воопшто лошо. Ако ништо друго, излегува од својата comfort zone и пробува нови песни, па макар и утнал како од Кристина Агилера. Не е плаши да проба нови песни, а тоа се цени на сцената. Храброст. Напудерисан ли е, мали девојчиња ли вриштат по него, whatever. За потсетување, и милиот Тоше Проески го шлапкаа со пудра, а кога започна да пее, ние бевме колку овие девојчиња сега генерација и да - вриштевме на концерти и собиравме постери. Така што, не гледам што е чудно тинејџерки да си го сакаат. Па убаво. На народот не можеш насила на му наметнеш некој, ниту насила да сакаат друг. Да го смали малку копчето со самобендисаност, мислам дека има и време да се развива уште повеќе, и ќе биде супер на сцена. Исто и Јана. Мене ми се фаворити Мики , Иван и Јана.
Мојот идол Мики , гази Мислам дека треба да победи ), најдобро се снајде на секоја гала, дава посебен шмек на песните кои ги пее и ги прави некако свои, како никогас претходно да не се испеани
Мики коа ќе излезе на сцена ми е ко друг човек. Се претвара во ѕвер Онака мирен, тивок, ниту се бутка, ниту дига галама, али коа ќе се појави на сцена е тогаш ја има моќта (i've got the power там там та ра рам.....) И реално најмногу заслужува да биде идол, ретко (јас не сум сретнала) некој да каже лош збор за него. Во никој аспект. Јас прв пат коа ги слушнав кандидатите, на гласот на Нико вилицава ми беше на земја. Ама толку, од тогаш па наваму ништо, дали јас многу очекувам или незнам што.....ама баш ко што кажа Офи, не понудил ништо ново. Монотон беше премногу и не трескам глава од ѕид зашто замина Единствено Мики ако испадне ќе сметам дека е голема неправда, зашто човекот стварно го бива, без грешки. Исто и Јана ми е фаворит, многу е срцка и ја сакам, али и да испадне нема да сметам дека нешто наместено пошо објективно не е совршена
Мики дефинитивно ми е најдобар ме остава без зборови со неговите настапи со неговото пеење, исто сметам дека е добар и Иван (ама со Мики никој неможам да споредам). Мене и Дејан добро ми пее само што некако малку ми е срамежлив треба да е опушти има супер глас (е вчерашнава песна не успеа да ја изведе баш најдобро некако се изгуби во неа и стравував дека ќе излезе ама добро е што остана).
значи колку прост народ сме неможам да поверувам... алооо бре луѓе не бираме мис или мистер на Македонија.. бираме Македонски Идол.. ако вака продолжат гласови да се делат по лепота сигурно ќе победат Кико или Виктор.. би требало и жирито да има некое влијание во одлуката кој да го напушти идолот, или гласовите да се ограничат од еден телефонски број да неможе да праќаш повеќе од 5 пораки.. па не е фер пеач како Нико да го напушти идолот.. а и Ивица пееше подобро и од Јана, Кико, Дејан, па во неколку настапи подобро и од Иван пееше.. инаку за сите што мислат дека Кико се спуштил на земја многу се лажат.. зарем не го видовте како се смееше синоќа кога кажаа дека и Нико и Ивица испаѓаат..
Па затоа после избраниот идол ќе си ги изужива правата кој ќе му бидат дадени и оп ќе им го раскине договорот и ќе си замине во продукциска куќа што ќе му фрли кеш. Треба да се бира глас, карактер и се разбира накрај убавина
Не ми се верува дека од толку голем број прекрасни Екс Ју песни, идоливе ги одбраа овие А не ми се верува колку сте сите внесени во коментарите за Идолов, значи чудо некое па и сите експерти за музика, па фалшови имало, па коментари за физички изглед, не ми се верува колку страни сте испишале И гарант сите ќе гледате и во понеделник, иако викате дека нема да гледате веќе затоа што ви испаднал Нико . Јас ќе гледам, а дали ќе ве читам? Па не знам, некако ептен сте внесени, и вие ко Нико, веќе досадно станува ( If you know what I mean ) Ајде имајте убав ден девојки
Сега гледам кој испаднал. Мислам дека имаше послаби од Нико и Ивица. Мене ми се допадна и Иван, а за Мики мислам дека е најдобар. И Виктор е ОК. Мислам дека борбата ке биде мегу Виктор и Мики на крај. Може Виктор и да победи дека е онака, типце, а и убаво пее. Ама ако има правда, Мики е нешто ретко што се појавило. Таква енергија, сила кога пее, сите да ги плени, ретко се случува. Тој го има она нешто.
За нико што испадна не ми е многу жал. Да знае да пее, ама некако пногу почна да претерува, претходниот пат за брат му збореше сега за девојката. Па нема само он девојка, а и тоа што ја одбрал Молитва, сите избрале екс ју песни само он понова песна. А Ивица не требаше да испадне, баш ми се допаѓаше како пее,ми беше симпатичен, косата негова многу ми се свиѓаше... А мене како што ми изгледа Христијан сака да го сожалуваме.
И јас типувам дека Виктор и Мики ке останат на крај, а за тоа кој ќе победи стварно не можам да предвидам
Кога пеел Ивица подобро од Иван? Битлси кога ги пееше беше катастрофа, сношти исто. Значи Иван не се споредува со Ивица.
За стајлингот на сите ми се допадна мене вечерва (најмногу на водителите ) А за грешките во текстовите кои ги направија повеќето, немам зборови. Ми се чини помалку грешки прават на англиски (странски) песни него на српски, а српскиот е мноогу сличен на нашиот... Виктор наместо ,,сновима‘‘ тој пее ,,словима‘‘ добро слични зборови, но Јана... Него мене фаворити ми се ВИктор и Мики (и порано сум кажала) и мислам дека стварно убаво пеат. За изглед ни двајцата не ми се допаѓаат на изглед но затоа секогаш имаат добар стајлинг А мноогу од девојчињата кои што ги знам и кои што порано беа за Христијан, сега и е сменето мислењето (и не се големи, тинјџерки се) Па полека сите почнуваат да гледаат повеќе на гласот него на убавината (барем се надевам дека е така) и мислам дека во најкратко време и Христијан ќе испадне (мое мислење!) А со имињата кои што сте и ги ставиле на Идолите Викторчо, Хихо секогаш се смеам кога ќе прочитам! Билјана мене не ми се допаѓа а најмногу утка со песната беше направила на женскиот концерт. И секогаш по озбилни песни одбира, ми здосадуваат. Јана пак е спротивна. Секогаш одбира по весели песни и Јана мене повеќе ми се допаѓа (на изглед) од Билјана. А за коментарите на Фејсбук повеќе не ги ни читам. По ѕидовите на идолите само коментари ,,многу те сакаме со тебе сме, срциња, и разни глупости како коментарот кој го поставивте овде, за крвта‘‘
Ако ти не си романтичар никој не смее да биде?Чудно...Ако тебе ти пречи романтизмот треба на сите да им пречи?Има различни луѓе на светов,знаеш?Не сме сите цврсти ко камен,а Ивица и Нико се различни личности,ако Ивица не сакал да ја спомнува девојката можеби Нико сакал или обратно. Нико има глас за секоја песна и тоа е факт,знае да испее и опера и рок...Како ја испеа итс мај лајф?Ај поврати си го филмот наназад. Требаше да испадне Христијан! Си кажав,мило ќе ми биде да победи Мики,а идол повеќе не гледам!
AAAA кој им го правел стајингот вчера?? ТОП беа сите а тие шкитлите на јана аааах дајте инфо од кај се морам да си купам такви
Факт е дека Христијан е нешто како Џастин Бибер - добар изглед, просечно (не)пеење, зачинето со некоја модерна песна и детево ќе прави пари како ненормален! А за тоа дека е лигав или што ти знам каков, па е, ама на тоа се палат тие седмо, осмооделенки, за нив е фантазија. Христијан е само материјал за продавање, што не значи дека е квалитетен како вокал, туку како целосен продукт е совршен за горенаведената целна група. И не се надевајте на тоа дека ќе испадне, како будали гласаат за него, којзнае колку профитираа од неговите фанови и гласачи. Нико е супер вокал, ама ајде да размислиме реално - кога треба да се наполни една дискотека, дали нашата македонска публика попрво би го барала Нико или Христијан Е тука е баш таа разлика. Да не спомнувам и тоа дека Нико - стварно ми е многу антипатичен - заслужува многу подобро и повеќе од тоа да полни дискотеки. Па типот пее арии и што ти знам таму не, треба да ги пее сите Ромеа, Џакомовци и Џордановци во италијанските опери! Според мене, на крај ќе биде тесно меѓу Мики, Виктор и уште еден трет. Прогнозирам кариера за Билјана, посебно ако Калиопи ја земе под своја закрила. :geek:
баш го гледав сега нико, зошто вчера не го слушнав, и баш преубаво испеал, освен само утката со зборот, што не ми ни пречеше, а башка преубав гест беше тоа што и испеа на девојката, прекрасно, се случува и мене ми беше