Јас стварно незнам како можете да кажете дека Ивица пее лошо. Па секоја песна ја има испеано на свој начин, а за гласот да не зборувам, дечкото стварно има супер глас. Еве ги песните колку за потсетување http://www.youtube.com/watch?v=4E3l8dNjbzI http://www.youtube.com/watch?v=9Ppqz3EIn6k http://www.youtube.com/watch?v=lBMdWLqyfWE http://www.youtube.com/watch?v=2j_qI151zrM http://www.youtube.com/watch?v=yq5oW4FodYA
http://www.youtube.com/watch?v=xOVXoVdsjHI Еве ја и последната, неможев да ја ставм во горниот пост И само да дополнам дека сите песни што ги има испеано Ивица се тешки за пеење, на тралалајки како Хихо или Јана
Да да тргнати се за Белград на средба со Новак Џоковиќ. Во претходниот пост мислев да пишам во заборавив (при толкав текст ) А за ова дознав од постот на Иван (ми се појави на почетна) Објавено е од Фејсбук на мобилен
Сите ми се ок мада испаднаа моите фаворити ама сакам да си кажам дека оној Нико органски неможам да го поднесам - нема никаква харизма и одвратен ми е
Јана,душичка,текстот каша го направи И не само на тој дел,повеќе пати извади некои " зборови" да се згазиш од смеење Мислам дека не и беше доволно научена песната,многу ми беше несигурна во текстот,и затоа не испeа баш нај нај,на повеќе места гласот и трепереше
Леле колку само се зависници од фб, ај некои се дискретни ама Билјана и Иван само по нешто приметувам објавуваат на фб и тоа само за да се пофалат или пожалат од некој а коа ги прашуваат за приватен живот не им се збори.Ма дај -.-
Девојчето си е срцка. Целата е природна и слатка, шармантна и не мора ниту совршено да испее, зашто повторно е прекрасна. http://www.youtube.com/watch?v=rK5TIE1r ... re=related Башка песнава не ми е најомилена, ама два пати ја преслушав поради нејзиниот настап.
Абе за пеење мислам веќе нема потреба да се коментира оти сите пеат многу добро, мислам штом стигнале до тука. А ина4е в4ера најубаво од тие што ги слушав ми испеаа Виктор и Иван, ама Виктор оти последен испеа, а и стварно мн тешка песна одбрал, стварно остави убав впе4аток...
Јас слушав маалски муабети дека Биле се „дружи“ со доста фаци од А1. Како и да е ни ќе сменам нешто, а не ме ни интересира само морав да прооговарам Инаку мојот фаворит е Мики во секој случај.
Значи стварно на Христијан славата го има удрено во главата! Многу ме нервира и стварно е премногу УФИЛМАН а сеуште е дете има само 16 или 17 години
Од каде знаете вие кој има најмногу гласови кога не објавуваат ништо? За Нико кажав, и стојам позади тоа. Плукате по обожавателките на Виктор и на Кристијан а обожавателиве на Нико сте Боже ме сачувај, бетер од оние на Виктор. Багуфче, зошто се караш со мене? Тоа е мое мислење, имам доста музика преслушано и знам убаво на кој какви му се можностите. Нико пее опера, тоа никој не го спори, ама поп и рок пее сосема просечно, доволно за тезга. Да пееше Нико поп на аудициите немаше ни да го забележите. И на сцената е да пее, а не на секое да го дрви за женска му и за љубовта.
Моја прогноза за големото финале: Мики е новиот идол,Јана и Иван се на второ или трето место. Жал ми е што отпадна Нико,ама синоќашната песна му беше многу несреќно одбрана.Тоа е тоа.И Ивица пее добро,мислам и дека одлично си го испеа своето вчера,па жал ми е што на едно од овие две места за излегување не се најде Христијан.Сепак,рака на срце,тој и не отпеа така лошо.Единствено што ми смета е таа преголема самобендисаност кај него како којзнае каков пејач да постанал.Не му ни личи,ако има 19 години, да се однесува така,кога би бил скромен би имал и многу постара публика а не само малите девојчиња-тинејџерчиња.
Еве и јас да прокоментирам. Прво од толку прекрасни и силни Ех Уu песни изборот на идоливе беше тапа, каде е Јесен у мени, Остала си увјек иста, Марина, Липе Цвату ........ има премногу убави песни, а изборот отиде на Молитва ? Ова беше претеризам и непочитување на екс ју песните кои се едни од најдобрите песни на светов! Жирито стандард со коментарите само ги величат идолите, немој никако да се чуе негативна критика Глупост е што испаднаа двајца, според мене пак ќе направат да вратат некого гарант Нико почна да си го покажува вистинското лице и лажната скормност, но според мене не требаше да испадне, гласиште има невидено, иако се покака малку последниве настапи, сепак вреди неговиот глас. кај му текна Молитва да ја одбере уште не ми е јасно, требаше да си ја отпее Остала си увјек иста да се истакне, а тој се направи патетичен. И доста веќе со тоа женските ко само они да имаат женски, на почетокот на видеата отупеа онака и Дејан и Ивица и Нико, де! Ивица не го обожавав, а и сега со очајните обиди да го имитира гласот на Ален Исламович own: сметам дека заслужено испадна, ептен се внесе дечкото 1. Јана ми е преслатка, не пее којзнае како но е многу харизматична и природна, ми стана фаворит после изведбата на Прауд Мери и сега баш се покажа, малку трема имаше, но супер беше. 2. Билјана многу почнува да се фура, високите тонови ужасно ги фаќа, и одговараат бавни песни, сепак е своја и треба да остане приземјена, може да постигне многу. 3. Христијан ич не ми беше симпатичен, но морам да признаам дека изведбата му беше супер и баш ме бендиса, многу ми беше слободен, добро испеа сепак морам да признаам. 4. Дејан исто не ми беше приметлив ич, дури и да не го преопознавав кога ќе се појавеше, ми се допадна како отпеа, се покажа и оваа гала и претходната, треба да е поопуштен само 5. Виктор - пее дечкото, но многу е во Џастин филм, и пак препознав некои елементи такви во песната, нежно ја отпеа и со емоции, за чудо не го приметив да глуми нешто, заслужено си оди понатаму го сакаат девојчињата - ако. 6. Иван - дечкото е топ, мене ми се свиѓаше неговата изведба, сепак не копираша, ми се допаѓаат импровизации, не приметив да ја утна песната (добро сконцентрирана бев на него ) настапот му беше комплетен, може и подобро 7. За Мики и немам што да кажам, се сте кажале, дечкото е цар, моќен, скромен, плени, се гледа дека ужива кога е на сцена, го има оној контакт со публиката и секако гласиштетот И да додадам, имам разговарано со личности одговорни за вакви шоуа, публиката одлучува, нема местенки, не би било логично да наместат победник кого не го сака публиката, така да ... сепак публиката и гласачите го имаат главниот збор, а после одговорните нивниот фаворит можат многу лесно да го направат ѕвезда
Ова ќе биде мојот последен пост во оваа тема и затоа ќе си кажам се од А до Ш за идолите без да ми биде важно кој ќе ме осуди или поддржи. Сношти доживеав шок, вистински шок, не можев да се повратам не знам колку време откако слушнав дека Ивица си оди. Најискрено, Ивица е еден оформен пејач, со искуство, со перфектен глас, со совршен сценски настап. Сум го слушала и во живо и Иво е роден за да биде Идол!!! Тоа што испадна не верувам дека некој фан повеќе го погоди од мене, ама тоа е тоа. Тој си ја има својата публика, си има гласачи. Тој ќе успее. До тука стигна благодарение на искрените гласови од неговите фанови, без спонзори без ништо. Секој денар кој го потрошивме на порака тој го заслужи. Ова му го кажав и него, ова ви го кажувам и вам: Идолот нема да биде потполен без него. И јас отворено кажувам дека повеќе нема да ја гледам аферата за перење пари наречена Македонски музички идол! За Нико не ми е жал, никогаш не го сакав, ми беше антипатичен и тоа е тоа. Нема да го коментирам повеќе! Јана ме разочара! А уште повеќе коментарите на жирито за неа! Таа не го знаеше текстот, го утна цел, а да не зборувам за деловите кои не ги знаеше како се! Ама нејзе никој не и рече дека не го научила текстот! Катастрофа! За Билјана немам оформено мислење! Таа е убава, згодна, пее, знае да пее, ама некако секогаш е различна и променлива! Дејан, Иван и Мики јас не ги разликувам! Не знам од нив тројца кој е кој! И не можам да ги коментирам! Виктор убаво пее, го смени однесувањето, подобар е! Христијан ми е одвратен прилепски мајмун! Се знае дека тој ќе победи бидејки има јаки спонзори зад себе! На столчето го праќаат гледајки ги тинејџерките како вриштат по него, па со тоа ги поттикнуваат повеќе да гласаат. Го седнуваат од корист! Мислам дека за сите кажав по збор-два! Тоа е од мене во оваа тема! Не планирам да го гледам повеќе Идолот, па затоа и нема да сум компетентна да коментирам тука! Им посакувам среќа на сите и се надевам дека ќе победи најдобриот! А со вас девојки се читкаме низ другите теми!