Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Факт е дека денешнава младина, посебно оние до 15 год. појма си немаат од музика,ги слушаат Слаткар, Гага, Бибер и слични на нив, но овие и најмногу гласаат, но не гледаат квалитет, ами убавина.Поради тоа испаѓаат добри вокали од Идолот.
     
  2. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    200
    Не планирав пак да се активирам на форумов, ама не можев да издржам да не си кажам мислење за темава :)
    Дејан: ок ми е ништо посебно баш просечен, ми се свиѓа тоа што од гала на гала е се подобар и подобар.
    Иван: убаво пее, не можам да му најдам некоја грешка ама некако ми е досаден и монотон :?: , не ми е во омилените :) .
    Хихо: смешно ми е детево на почеток ме вадеше од такт и не можев да го смислам, сега гледам некако се труди да биде се подобар. Вокално ми е најсалаб од сите ама знае да се однесува на сцена и харизматичен некако ми е, ама не му е местото во финале тоа сигурно!
    Ивица: просечен ми беше исто како Дејан, поубаво ми пее од него и мислам дека требаше да летаат Јана, Дејан, Хихо пред него.
    Нико: од почетокот се до вчера ми беше фаворит има гласиште невидено. Ама јбг неговата арогантност си го направи своето и си испадна, сепак мислам дека не требаше да испадне толку рано.
    Виктор: многу убаво ми пее детево и не мислам дека е дигнат. Ме нервира малце тоа што имитира џастинчо, ама почетник е и треба да се води според некој така да не можам многу да му замерам за тоа толку многу и ако победи нема да ми биде криво.
    Биљана: убава ми е и убаво ми пее. Последниов настап не и беше нешто најнај. Некако ми е спонтана и природна на сцена и од почетокот ми беше најдобра од женските.
    Мики: од вчера ми е нов фаворит пеењето мислам дека не сум компетентна да му го коментирам. Многу ми се свиѓа тоа што е скромен. На почеток не можев да го гледам :tmi: :wasntme: многу ми личеше на Маријан Стојановски, ама после македонските евергрини :x се подобар и подобар е и сакам он да победи.
    Јана: одвратно ми е дериштево, не можам да ја поднесам. Ај што е невоспитана и размазена и им се обраќа на жирито со ти па и не знае да пее. Сигурна сум дека опстојува со гласови од соучениците нејзини што гласаат без усул буткајќи ги квалитетните гласови, а она оди напред, ама тоа е лесно е да надгласаш држава како нашава. |(
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  3. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Значи, ќе кажам што мислам.
    Најсовршен настап имаше:
    1. Ивица - Супер беше, пееше како Ален да пее во моментот, мноооогу ми е жал што излезе :worried:
    2. Иван - Ми се допаѓа како пее, а вчера беше супер.
    3. Мики - Едноставно прекрасно.
    4.Виктор - Не, не .. Да не сте помислиле на тоа! Не сум негов фан како некои демек бил убав или не знам ти што, ама вчера стварно убаво испеа. Има чист глас.
    5. Нико - Ах, Никоо, вчера ме разочара. Ма, не ти одговараше песната. Сепак, не требаше да излезе!
    6. Јана - Колку и да ја форсираат, стварно убаво испеа вчера. Што е право, право си е.
    7. Христијан - Вчера ми се допадна (не баш, ама..)
    8. Билјана - Да, после Христијан е таа. Мислам дека воопшто не и одговараше таа песна и искрено вчера не ми се допадна.
    Горе реков само за тоа како мислам за вчерашниот настап.
    п.с. Немам одреден фаворит, она што го кажав е како јас што мислам ;)

    едиит: Дејан го заборавив: Па, и не е баш нешто. Mногу ми е досаден. :)
    И, Христијан и Дејан требаше да излезат... :)
     
  4. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Мои фаворити се Иван и Мики...
    но повеке сум за Иван некако е навистина сталожен и личи на ИДОЛ... 8)
     
  5. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    54
    Како си ме изнасмеала ејјјј :lol: :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Абе не е само денешнава. Јас на 14год Бритни ја слушав :D Се трескавме и ние по Backstreet boys и паѓавме на шармот Леонардо ди Каприо. Тоа е, тинејџерска работа. 90% од нас поминале низ оваа фаза, сме слушале музика што сега не ни е јасно како сме можеле. Полека ќе им се оформи вкусот. Ама проблемот е што имаат мобилни и право на глас :)
     
    На angelce1, MiiLla и interesna им се допаѓа ова.
  7. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    54
    Нико има стварно добри гласовни можности али повеке е оперски пејач, детето вреди стварно али не му е тука местото негоавата кариера ке си ја гради таму каде што заслужува реално.Ова е поп идол, се зне кој гласа и за кого би гласале девочината се 'палат' по дечко кој добро изгледа е шармер како Виктор, од него можат да прават пари.. Типот има добар глас али во никој слчај не може да се спореди со Нико или Мики на пример, али мислам дека ке победи.. :?:
     
  8. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Да де, и јас сум била како нив пред 3,4 год, сега кога ќе ми текне што сум слушала тогаш, доџе ми да се убијем.Ама ако ќе созреат,мали се, уствари има и поголеми што ги слушаат гореспоменатите ‘пејачи‘ и турбофолк :^) , ама таква ни е нацијата.
     
  9. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    54

    Се согласувам потполно со тебе, али Нико ке си изгради кариера таму каде што му е местото. :)
     
  10. Miax

    Miax Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    Кико раскинал со Лаура и сеа имал друга о.О
    Едит: Која би била таа? :^)
     
  11. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Еве конечно и јас ги изгледав идоливе како пееле вчера.

    Општ впечаток - разочарана сум. Најпрвин сметам дека ова е грешка на жирито до некаде. Преблаги се, воопшто не ги усмеруваат. Значи никој не бара да ги навредуваат или омаловажуваат, но една позитивна критика секако дека треба да му уптатат за друг пат да знаат истата грешка да не ја повторат. Не кај нас на вчерашните настапи на секој му се велеше дека е одличен, а вчера воопшто не беа ни о од одлични! Значи секогаш вака правам, кога ништо не очекувам, тогаш најубаво ќе испеат, а кога се надевам дека ќе ме погодат со песните, тогаш ќе кикснат. Грешат значи најмногу од жирито, како кога Калиопи го искритикува Кристијан него веќе тоа не му се повтори, си ја сфати озбилно критиката и колку толку се подсмири? Така треба на сите, без разлика колку и да се фаворити и омилени, кога грешат да им се каже. Сигурна сум да беа адекватно искритикувани дека сега ќе имавме многу поквалитетна гала, а не вака нон стоп браво најдобар/најдобра си и идоливе мислат навистина дека се Богови, а дека ние овде само хејтаме. Од Игор коментарот за слоновите (не знам дали само јас приметив, можеби сте искоментирале поназад, не можев сите да ве исчитам) беше невкусен навистина! Да навредиш пола публика воопшто не е убаво! Не дека публиката убаво прави, ама не доликува на толку возрасен човек такви зборови, плус тој е таму еден од водечките ликови и треба да внимава како зборува.

    Сега како ми испеаа. Во глобала бев страшно разочарана - ненаучени текстови, фалширања, никакви кореографии, монотонија, самобендисаност еден тон.

    Нико - Многу лош настап. Но дека заслужуваше да испадне - не заслужуваше. Нико беше еден од ретките (освен Мики и Иван) кој успеа да ме наежи, не штедев убави зборови на него коментирав, но вчера киксна. Сепак доколку правиме сума на тоа кој колку вреди, Нико вреди многу повеќе од Дејан, Ивица, Кико, Јана и Билјана заедно. Така да не заслужуваше да излезе воопшто. Песната е убава, ама мене да ми се даде шанса да пеам екс ју има да одберам таква песна да ја кренам цела публика на нозе. Разбирам да се промаши песна на Битлси најт или на некоја таква, ама на екс ју? Не Нико, молитва воопшто не одговараше на приликата. Жал ми е и мислам машково патот под нозе и да си појде во некоја земја каде што ќе знаат да го ценат неговиот оперски глас, да си пее тоа, каде операта е посетувана и се цени и да си биде и тој задоволен а и љубителите на опера исто. Не е за овде, дефинитивно.

    Јана - Катастрофа! Песната е преубава, весела, разиграна, а Јана беше толку статична толку без емоции ја испеа, како да чекаше да испее и да си замине дома. Како да и беше сеедно затоа што знае дека има поддржувачи, па ајде како ради реда да беше настапот. Каде е Јана која ја пееше фридом од Арета? Каде е девојчето кое без здив ме остави со нејзината енергија таа вечер? Слабо, многу слабо. Кога е добра ја фалам и не штедам зборови, но вчера беше лоша.

    Дејан - Како најголем фан на Џибони (и на Либар, си имам пишано во темата на Фемина) ќе се дрзнам да речам дека ова беше најлошо отпеана Либар што сум ја слушнала досега. Без емоции, без искра, ладно, со фалш - никакво! И мислам дека Дејан ќе победи. Штом досега не отпадна, а нема ниту еден настап здивот да ти го одземе, очигледно е дека ќе оди понатаму. Штета ќе биде ако победи навистина, ама мислам дека тоа ќе се случи.

    Ивица - Не дека нешто ме воодушевуваше порано, ама ова беше најлошото од него. Катастрофа и интонација и сценски настап и однесување за со публиката. Заслужено си отпадна.

    Билјана - Кај ја ископа мор Биле песната? Јес да вкус е во прашање, ама при тооооолку убави песни, онаа ли мораше да ја одбере? Ништо посебно, никаква свежина во настапот, и таа како едвај да чекаше да заврши песната за да прекине да пее. Само стајлингот ме бендиса, ништо друго.

    Иван - Многу го сакам, многу ми е мил, да се оценуваше Идолот според однесување, тој ќе требаше да победи дефинитивно. Изборот на песна му беше одличен, во претходното мислење напишав дека оваа песна сакам да се пее, но Иван не ја испеа добро. Уживам кога го слушам Иван, но оној Иван кој ме дигна до облаци кога го слушнав како ја пее Моја гитара, Оу дарлинг, Чеин оф фулс вчера го немаше. Ама ајде простено е, на секој може да му се слуши кикс, само да не го повтори уште еднаш. Не се сомневам дека другата недела ќе блесне пак, но да речам дека вчера пееше добро - не можам. А штета навистина сакав да ја слушнам бацила је све низ ријеку како некој ја пее преубаво, да грми.

    Кико - Не ми се допадна. Ни избор на песна, ни настап, ни кореографија, ни пеење, ни контакт со публика, ништо.

    Виктор - Иако имам антипатија огромна спрема машково - вчера беше подобар од останативе. Не дека пееше нешто посебно, ама за некој пола степен беше подобар од другиве.

    Мики - Единствената позитивна точка. Се топам кога го слушам, а све још мирише на њу кажав уште минатата недела дека ако некој ми ја испее преубаво дека ќе го сакам најмногу. Одличен, со груб глас а сепак толку нежно пееше, во некој транс бев 3те минути дури го слушав. Огромно браво од мене, во несвест ќе паднев кога видов која песна ќе ја пее. Бидејќи Јуле ми отпадна - Мики е сега мојот фаворит, донекаде со Иван.

    Што ќе се пее другата недела?
     
    На AnoreXic, sesilija, viki44e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    673
    песнава никогаш не сум ја сакала, одвратна песна, лигава и никаква, и не ме чуди што Јана ја побркала.

    секако требала подобра песна да одбере.
     
  13. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    54

    Мислам дека си нешто во бунило девојчето не убедува никого туку само си го кажува своето мислење, секој си има право на свое мислење па и за тоа е формов да си ги кажеме своите мислења а не да се караме, или да си наметнуваме мислења, изборот е прашање на вкус а секој си има свој така да...Оставете секој да си го кажи своето мислење, кажете си го вашето и ако сакате да го почитуваат вашето почитувајте го и вие туѓото! :!:
     
  14. Miax

    Miax Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14



    Сигурно си се премачила за ова но мислам дека навистина искрено си кажа и дека се ова е вистина! :)
     
  15. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Си кажа Јана дека не слушала ех ју. Не ги знаела баш овие песни и не биле нејзин стил. Па јасно е зашто ја немаше таа енергија. Фридом и беше ептен погодена. Сепак не е исто да правиш нешто со многу љубов, да ти е ептен по ќеф и да правиш нешто зашто се бара од тебе :)
    И јас се надевам да ја видам пак таква ко што беше предходната недела. А за вчера можам само да кажам дека стајлингот и беше одличен и стварно можела барем подобар сценски настап да смисли
     
  16. Miax

    Miax Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    А што мислите што ке пеат следниот понедленик?
    Се имам некое претчуство дека турбо фолк ќе пеат али Недај Боже!
    Ќе се усерат сите..Би сакала да пеат песни по избор..
    Сакам да го видам вашето мислење
     
  17. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    ^ Хееј добредојде сонце ♥
    Јас ти кажав , ќе пеат латино сигурно !
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Од каде информацијата дека Латино ќе пејат?
     
  19. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Незнам , така претчувствувам .
    Плус Виктор ( ♥ ) пред една недела стаи на wall една латино песна и рече едвај чекам , дабоже да поминам
     
  20. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Да Алиса, но зборуваме сега за фаза во Идолот која е при крај. Таа сака да биде пејачка - а за да стане пејачка треба многу фурни леб да изеде! Ако и се бара да пее екс ју, има да ја научи песната, да се труди, и пак да остави впечаток.

    Еве да направам споредба, да речеме во мојава професија за јас да станам доктор треба да полагам математика интеграли и изводи, што врска немаат со мојата професија, ниту ги сакам, ниту ми одат, ама веќе кога сум се одлучила да станам тоа, ќе се стегнам и ќе ги научам и ќе ја сработам таа работа. После тоа нигде нема да ги употребувам, ама тоа не е причина да ги фрлам книгите и да речам не можам.

    Всушност по тоа се познава професионалец, кога ќе дојде првата тешкотија не вели не можам и не ја сфаќа таа работа како на зафрканција. Јана после ова ми докажа дека е многу несериозна и дека затоа што ја сакаат и публиката и жирито си ужива право да испее со пола, море не е ни пола глас од она што може. Па уште и даваат коментари од типот на прекрасно.

    Додуша секој со вкусот, ама сепак мислам дека треба убаво да ги искритикуваат, да се стегнат малку. Можеби јас не сум во право, ама навистина очекував да ми пеат преубаво на екс ју. Можеби јас си имам високи критериуми ама она вчера беше светлосни години далеку од тоа како треба да изгледа еден настап. Сите потфрлија, освен Мики. Всушност тоа е за мене и Идол, да растура и на рок, и на поп, и на латино и на секоја вечер, а не да пее само песни кои му лежат. Сепак само мое мислење ;)
     
    На sesilija, AlicaInWonderland и MiiLla им се допаѓа ова.