http://www.youtube.com/watch?v=yJTv3ThjG2I Може некој оваа да ја пее?! (секако ако има латино вечер, дај боже да има)
Настрана од идолов сакам за жирито да кажам, гледам сте прокоментирале назад... Игор многу го почитував како личност и како уметник како мултиталент, но толку ме разочарал што неможе да се опише. Искрено го доживувам како некое манијачиште што само буља по девојчињата таму. На што личи тоа на Биљана што и го кажува тоа секоја Гала вечер? Толку се укопа во земја, па и со слоновите уште тоа му фалеше. Исто и Калиопи многу ја почитував, ама сфатив дека освен лигавење женава ништо друго незнае. За Тони незнам, интересен ми е, за него на позитивно ми се смени мислењето откако трае идолов. Предходно не го сакав, сега ми е баш океј. И дај малку по конструктивни нека бидат мајка му стара... На Иван му велат совршено без грешка отпеа, а Иван кутриот се препоти од што ја испогреши песната.
Пробав да го читам ова интервјуто во Мноого од Виктор и се напнав. Ко неписмен да (ако е негово пишуваното). Нема прегледност, никаде голема буква, никакви интерпункциски знаци.....освен убиствените 3 точки. Не го завршив, замарачко е. Виктор ако ме читаш: научи да се изразуваш писмено ^ Еј стварно Игор го претера со Биљана и со тој татко и. Многу манијачки звучи
Абе за интервјуто на Виктор пишува дека не е редактирано, е сега не знам дали тоа значи дека самите куцале па само го аплоудираат или они зборат а некој друг пишува. А и јас многу се нервирам кога некој не знае правопис.
Е па ајде и јас да дадам личен осврт Калиопи ми е како Есма. Јас , јас и само јас.... досадна е , се лигави, додека она да каже што мисли јас правам маникир, педикир и веќе сум на пола пат до центар. Ама затоа многу ми се допаѓа како пее, добро не баш сите песни ама онаа Буди ме ми беше хит ( има и други а,а ај да не тупам). Игор ми е како вратен од мртвите. Беше шоумен број еден, а сега ми е остарено чиче што се труди. Дефинитивно го изгубил шармот, а и хуморот. Тони. Еееее Тони, може да го сакам или да го мразам, нема средина. Кој е, што е, како е ...настрана. Во идолов ми е баш на место, се заебава, како слатко ме изнасмеа кога и рече на Иванна да му дојде на јајца деновиве. Се ваљав од смеење, некако ми одговара да ја зае*ава. Тоа е се народе....
Јас мислам дека не треба никој да се врати. Си ја имаа шанстата, испаднаа и тоа е тоа. После се пак едно те исто, па досадно веќе ќе стане.
ее сеа без претерување, само еден стих погреши.. eдит ; и мики пред некоја гала самоволно си го промени текстот па никому ништо
Не беше еден стих. Повеќе пати ја згреши и ваљда од што се узбуџи од трема што и како ќе излезе не ја испеа баш нај. Иако мислам дека можеше многу повеќе. Сакав да кажам, толку грешки направи, а жириво му вика продолжи така, перфектно без ниедна грешка. Како да продолжи? Да греши? Да го фаќа трема? Наместо конструктивно малку да ги подучат сал мед и млеко од уста им тече.
Јас за жирито кажав еднаш дека ме разочара. Тони и Игор како да се натпреваруваат кој ќе смисли поинтересна шега. Шоуто стенд ап комедија го направија. Па сериозно шоу е забога, не е некоја си третокласна шега Ништо чудно што не се поправаат од гала во гала, баш некако напротив. Си останаа со тоа од Господ што им е дадено.
Уште од самиот почеток мој фаворит е ВИКТОР! Точно е дека имам само 14 години и можеби сум релативно млада да коментирам на овој сајт, но се регистрирав од причина што сакам да си го искажам своето мисленје! Според мене Виктор е најталентиран,најубав и секогаш остава без здив со својот настап! Оваа ГАЛА и јас бев да гледам во живо и морам да признаам дека се расплакав од прекрасниот настап на Виктор! Песната ја испеа со многу емоции, едноставно е најдобар! Инаку навистина не ми е јасно зошто толку многу го критикувате кико! момчето според мене е сосема ок....тоа што на моменти делува премногу самоуверено е токму поради тоа што има стекнато мн обожаватели,па има право да се опушти! Кико не ми е фаворит, но сепак е супер,немам ништо против него, но сепак ВИКТОР Е НАЈДОБАР!