Мене општо како група сите ми се неписмени. Речник нула. Ни изразување, никаков тек на мисли... На телевизија се, учествуваат во, да не речам, доста престижно шоу, стигнале до тука... Јас на нивно место би внимавала на јазикот(и метафорички и буквално).
Како нема да биде попрен, сите го нападнаа, можеби вистина бил таков Зошто за Иво никој не рече лош збор, сите рекоа најдобро, а за Нико аа го бонбардираа
Како и да се изразат, мислењето е тоа.Него се понашаат ко на екскурзија овие се лошите дечки Нико е бубалицата
^ Па не е баш тоа. Телевизија е, треба да се внимава на многу работи. Не знам. Да ви речам дека го имам истото мислење како предходно, ќе ве излажам.
Ауу овој Нико Сите велат дека пеел 24 часа, дека бил негативен, а тој сите ги демантира Еве ја неговата лажна скромност, ич не ми е мака што испадна.. А Ивица срцкаа бе, уште на почетокот го засакав, ама заслужно испадна на последната гала.
Плавуша не е во тоа суштината Сите до еден оставаат впечаток со нивниот говор. И да, Нико изгледа како попарен бидејќи немал поима што мислат за него. Сега вака му го плеснаа Мене ми делува како позади грб да му работеле. Што за мене е многу полошо.
Леле и јас разбирам искреност,ама што го направија бе човеков, фрик Па ваљда не е до толку сеа дури жал ми падна за Нико
^ Тоа дека му работеле зад грб, приметив и јас. Доволно е два-тројца да се изразат со истиот речник, фрази исти и сл. и се приметува дека е веќе дискутирано на таа тема, Нико во случајов. Мада, не знам. Тоа што бил на секое тенџерче капаче, се поставувал како даскал и сл. не ми смета толку (зборувам за пејач, во друштво не ми е пријатно) колку што ми смета самобендисаноста, што знам, пее за пеење, но не би сакала да сум на местото на некој од нив и мене некој да ме потценува со тоа што тој до мене мисли дека знае се`. Не знам што би рекла, искрено, сеуште сум шокирана на еден начин.
Јас мислам дека ги нервирало што он е музички образован, па не го разбирале баш А може и сакал да им помогне, ама они на лош начин го сфатиле тоа. Иако се прават семејство, сепак конкуренција е во прашање.
Изгледа кутрите многу имале што да се пожалат па се осеќале ко дома кога давале изјава.Иначе Нико па како да му кажат нели целовреме се двоел и бил црната овца. Он дефинитивно бил во Идол само професионално без никакво дружење.Ми делува несоцијализиран.
Ајде сега што? Сите лажат, само Нико е прав? Можеби и му го имале ова кажано предходно, па сега го кажуваат јавно.
хмм некако жал ми падна за нико иако никогаш не ми бил фаворит. Ок можда има мн тежок карактер, можда стварно многу ги нервирал ама пред камера секогаш треба да се има некој филтер на изјавите. Можеа и со поблаги зборови да го кажат истото. На пример, не дека го фаворизирам Виктор ама се трудеше да не го навреди. Според мене тоа е човечки и човечки е сето тоа во лице да му го кажат, а не пред цела негова идна публика. А и со оглед на тоа што се користеа со исти зборови очигледно е дека многу го имаат оговарано. Нико си одржа некое ниво и никого од нив не навреди и според мене многу коректно се понашаше.
Лелелеле лом го направија Нико ... Мене би ми било жал до толку да го избрукам пред јавноста Дури жал ми падна за човекот, иако антипатичен ми беше од почеток.
За истово и јас зборував, од далеку се гледаше дека му работеле зад грб и тоа веројатно најмногу ќе го боли . Друго ќе беше тоа од поодамна да му го кажат и сега испадна на ТВ дека тие се светци, а овој црната овца, за жал така испадна, не ги знам ни едните ни другите лично па да коментирам, ама многу грешно што за се имаше оправдување, тука ми остави неубав впечаток, можда не е свесен дека можат слон од него да направат веројатно ако им сметало нешто требало и тој да примети. Неубаво во никој случај .
Ај да речеше еден, двајца ама сите? Што не збореа вака за Ивица, и Нико е некое скриено жарче, само што сега излезе на виделина.
Да му го кажеле ова чисто сумњам дека би делувал така шокирано. И самиот рече дека ги сметал за второ семејство. Мене ми личи на затворен човек, не сакал да се социјализира, па испаднал црна овца. Сепак за негово добро требало да им глуми лудило, како сите многу ги сака и се тоа, да се лигави до немајкаде, па може ќе го сакаа најмногу. Ама ете, мене не ми личи на лицемерен човек. А за неговото оправдување, па може он така гледал на работите. Секоја приказна има две страни.
Како и да е, разочарана сум од Нико, а ме изненади Ивица, бидејќи имав впечаток дека е затворен, срамежлив, чувствителен тип.