Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Си кажувам мислење, сега уште повеќе, затоа што имам основа да зборувам. И вие сите масакрирате по Кристијан да речеме како да незнам што ви направил па што тогаш? :)
     
  2. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Луѓе оти сте бе толку наивни или пристрасни не знам стварно ?? За сите да бидат толку изреволтирани од Нико значи дека многу претрпиле луѓето...А не се согласувам со Лукс и Реинбоу дека другите не му го кажале сето ова во лице..мислам дека тој така кажа само за да си се оправда пред јавноста што е и нормално затоа што другите не беа тука па да кажат дали му кажале во лице или не. И пак ќе речам за СИТЕ до еден да изреагираат вака па треба нешто навистина големо да се случувало таму...па дури и Мики и Дејан што се скроз мирни кажаа дека ги вадел од колосек. И уште нешто што исто така е чудно па ниеден убав збор не слушнав за Нико ни за неговата личност ни за неговото пеење. Да беа изнервирани од некои мали работи барем гласовните способности ќе му ги признаеја овие ништо не кажаа добро се само лоши работи...Многу виделе за сите да бидат едногласни и не мислам дека тоа е договор меѓу нив :x :x
    Ивица ме изненади многу позитивно :)
    Ете баш заради ова во некои мои претходни постови напишав дека идолите треба мнооооогу да внимаваат како да се однесуваат затоа што еве како се излегува на виделина кога и да е само Нико беше премногу сигурен во себе. Сепак требало малку да мисли на тоа дека таму е со уште 10 различни карактери и дека некогаш треба да прави и работи кои нему е дојдено да ги прави едноставно во вакви ситуации потребно е човек да се потруди да се вклопи колку и да е тешко тоа во спротивно има вакви реакции кои не се баш најубавото нешто што некој може да го доживее. :x
     
    На Mandarinna88, SunFlower94, TheKiketoo и 3 други им се допаѓа ова.
  3. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Ах Нико,Нико
    Со ова само се потврди мислењето кое го имав за него. Ајде еден,двајца да кажеа нешто такво,ама сите истото го рекоа за него и уште демантира. Искрено жал ми падна за Ивица.
    Сите викаат дека ивица бил супер дечко,штета што не го покажа тоа или можеби јас не сум приметила. Сепак сеуште ме нервира со косата :emo:
     
    На TheKiketoo му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Нико НЕ Е музички образован. Калиопи тоа го потенцираше на последната гала.
     
  5. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    8.819
    Пол:
    Женски
    Нико е уметник,уметничка душа која тешко некој ја разбира.Јас знам,мојот професор по ликовно е сличен,ексцентрична личност која тешко се вклопува и која многумина не можат да ја разберат.Јас се трудам да го разберам ...
    Сепак сметам,ова што го направија идолите сменија дел од моите мислења за Нико,но и за целата нивна екипа таму.Ова што го направија не е правилно.Јас да сум на местото на Нико,емотивно би се расплакала на лице место сред интервју,затоа што таква ми е личноста.Гордо издржа до крај на емисијата,баш ми е мило што не потклекна.
    Се гледаше дека му беше криво заради лицемерието,а тој не е лицемерен човек зашто се кажува во лице.
    Сметам дека не бил негативен туку ексцентричен.
     
    На Tinker-Bell, la-chicka, angelce1 и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Feminkaa

    Feminkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    62
    Различни луѓе, различни карактери...Можеби Нико е посериозен тип од останатите и сериозно си ја сватил работата, па тоа им пречело на останатите. Повеќето изјавија дека им пречело тоа што Нико постојано пеел, па токму за тоа се појдени таму, да вежбаат и да се усовршуваат. Точно е тоа дека немаат никаков речник, посебно Кико (типично детско однесување).
     
    На easyyyyy, starbucks и baguf4e им се допаѓа ова.
  7. rebekar

    rebekar Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Според мене седуммината кандидати што останаа вечерва покажаа прилично голема доза на лицемерие во нивните изјави. Не дека Нико е светец, штом сите кажаа дека не им се допаѓал неговиот карактер сигурно има нешто, но сепак доколку нешто им пречело требало да му кажат во очи а не пред цела јавност. Како што самиот кажа тој ги сметал за свое семејство а нивните изјави му дојдоа како гром од ведро небо. Виктор најмногу од сите одбираше зборови за да не го навреди, но другите малку претераа. Во ред е да кажат јавно што им се допаѓа а што не, но се си има граници, требало меѓу себе да си ги расчистат тие работи.
     
    На tessie, Tinker-Bell, mamence и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Немам што да очекувам јас, и јас се изненадив кога ги слушав, сите пред камера ама на гала вечерите беа ТОП така ? А тоа зад нив да ти има афери, сплетки и што ти уште не.
    Тоа што се виде дека беше шокиран, а што повеќе можеше да се очекува?
    Не требаше да се извинува, треба Кристијан јавно да му се извини на човек кој е неколку години постар од него, а си зел за право да го имитира пред цела јавност.
    Не ја очекував лажната искреност кај сите идоли, секоја чест на исклучоци кои се обидуваа да му укажат без да го навредат нели тоа се луѓе со култура.
    И уште ова, сега дур трае идолов ќе се ''сакаат'', после секој во својот град, секој на свој дијалект, некој ќе прави кариера, некој ќе исчезне скроз од сцена, некој нема да се занимава со музика.
    Ќе ставам песна за да ме потсетува на него епа тоа е фолирање бе, сигурно си вика еехх испадна сега еден кандидат помалку, ме спаси ?
    Зошто никој повеќе не ги спомнува тие што испаднаа ? Чат-пат само Кристијан и Лаура едно време, другите се во сенка, ете се сеќава некој на тој Иљачев м ? Го спомна некој во еден на еден на пример ?
     
    На la-chicka, mamence, easyyyyy и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сите се таму уметници, пејачи и сите се различни карактери, Нико требало да се потруди да се вклопи во нивното друштво, во спротивно како што кажа Нејтири ќе има вакви испади. Немаже бре луѓе аманте 10тина да лажат еден да е прав!
     
  10. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Јас после ова интервју го ценам Нико уште повеќе, зашто си личиме премногу во карактерите, и јас сум како него и го сфаќам потполно. Кога останатите кандидати го опишуваа Нико исто како мене да ме опишуваа, ептен сме исти и во карактер и во однесување. Дека сме јарци во хороскоп ова.
     
  11. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.267
    Допаѓања:
    157.682
    Прво мислам дека Нико не е доволно разбран од останатите,друго,е далеку позрел и знаел зошто е таму отиден,а и Калиопи замери дека пиеле по цела ноќ и не спиеле.Ок е да си компетативен,зошто да не луѓе?!Зарем да се помируваме со просечност ако имаме талент?!Епа сега да бидеме реални,пејач е пејач,а не миротворец,па да му ценам мирољубивоста или хуманитарец,хуманоста.
    Дечкото е посериозен,ама мене ми делува далеку од арогантен и дигнат,тој дури и се труди премногу да се допадне од што има доза на несигурност,која на прв поглед не се гледа,а ја заташкува на погрешен начин,па делува дигнато.
    Овие изгледа едвај чекаа да се изнавреѓаат од тој од кој најмногу се плашеле.А инаку е музички образован,чинам дел тука,дел во Русија или нешто такво беше.

    Овој Кристијан,го начекав кога снимаа во Теранова,се спаси,ама да го начекам пак,ау...би му ја спукала некоја.Толку незрелно,безобразно и неартикулирано суштество не сум сретнала.Не знам дали му го паметите она за тн експерти за музика кои можат да му се фатат за онаа работа.

    А Иво,не ми беше маркантна особа,но за човек што си има истетовирано свое име на подлактица,не мора многу да зборувам и кажувам...
     
    На AlicaInWonderland, kate21, mims-89 и 12 други им се допаѓа ова.
  12. mamence

    mamence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    45
    Нико не ми беше баш омилен, ама ова што му го направија јавно на телевизија беше стварно срамота..можеа нешто друго да измонтираат...Сигурно бил напорен ( секогаш има такви ), ама многу ми падна жал за него..Како и да е мислам дека стварно машки издржа "еден на еден"
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Маменце ова не беше еден на еден, беше 8 спрема еден :)
     
  14. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Лицемерен и подол потег од страна на „идолите“, не требаше така пред цела јавност да зборат за Нико. Ако навистина е таков Нико, во што повеќе не се сомневам (сите имаа исто мислење, не може сите да лажат), му направија само услуга да излезе подобар од нив со самото тоа што се извини пред цела јавност, додека овие го ругаа.
    Нико е посебна личност, затворен во свој свет, ужива во своето лудило и тоа е добро, се додека не претерува. А он навистина претеруваше со самобендисаноста, со тоа дека знае се, а и со тоа дека на моменти „пукал“. Ништо од скромноста што ја потенцираше.
    Се на се, зад камерите којзнае што се случува таму и какви се „идоливе“ навистина.
     
    На rebekar и mamence им се допаѓа ова.
  15. mamence

    mamence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    45
    Баш така Лукс :devil:
     
  16. 90210

    90210 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    55
    Со оглед на тоа што идолите читаат фемина, дефинитивно треба малце да се подразмислат. Секоја чест на Виктор. Можда нема висок стил на изразување (а не дека другите имаат), ама бар е културен и знае што, кога и каде да каже. Да ви се пофалам си се гордеам со способноста за проценување на луѓето. Од сите го видов тоа и што го очекував.
     
    На foreverinlove, ViKtOrIjA21, easyyyyy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. aliciakeys3

    aliciakeys3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    21
    Браво за Иво,баш и пред неколку недели ви пишав дека е мн мирен и воопшто не се занесува и еве се докажа дека е срцка :) Баш како што го опишуваа другите идоли таков е,душа :clap:
     
  18. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457

    А види чудо мене па некако повеќе жал ми е за сите овие другите што се морале да трпат за онака да го исплукаат сите до еден и никој да не кажи барем еден единствен убав збор...
    И како беше она поговорката не се сеќавам баш точно, но во оваа смисла...Во моментот кога човек сам за себе ќе си каже дека е скромен престанува да биде !!
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Значи најмногу се нервирам кога луѓето немаат свој став!
    Многумина од овие шо искоментираа за Нико дека сега имаат поинакво мислење,се луѓе без свое ЈАС.
    Добро бе луѓе како можи некој толку лесно да ви го менува мислењето,или можеби тие шо малкумина останале обожаватели на Нико се плашат да се изјаснат,бидејки гледаат дека мнозината го напаѓаат!

    Мене лично Нико не дека ми беше фаворит како пејач,ама како личност не ми личи воопшто на лицемерен човек,кој знае да користи.ОК :!: ,можеби е затворен и некомуникативен,но тоа не значи дека тие треба јавно пред телевизија да го напаѓаат.Не бил дружељубив,ги будел рано-големата работа :o Негов карактер-негов живот!Од мравка,слон направија!

    Се гледа нивната култура и лицемерност(апла е дека зборувале зад негов грб).Сигурно тука негде врз нив влијаело и љубомората,која ги натера да дадат толку негативни коментари за него.
    Всушност не ги оправдувам ни едните ни другите,бидејки не сум била таму,ниту сум видела шо се случило...и без факти не можам да тврдам.Ама од ова шо видов навистина ми падна жал за Нико,а коментарите од сите други самата јас не ги очекував :x .Посебно не јавно,стварно се шокирав.
    А па кога им се извини,ми идеше клоца да си манам самата ]:) :worried:
     
    На JuLleE, la-chicka и Lux им се допаѓа ова.
  20. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    Веќе имав кажано дека забележувам дека Нико карактерно не е тоа што го мислевме, но сепак ќе си го почекам интервјуто на местo, пошто не го гледав, па потоа ќе си кажам што мислам