Ај некој што знае кои 20 поминаа нека ги пише...вчера не го гледав до крај...само знам дека Виктор Иван и Христијан поминале
@Мунлајт.Грл: Никогаш не сум била на свирка на Аквариус, групата на Иван. Прв пат го сретнав на свирка во еден кафич во Скопје и разменивме два-три збора муабет Ова беше уште пред да почнат да се емитуваат аудициите од Идол.
Aбе ве прочитав сите и се за мужите се фативте ах бре жени Ама има убави бе харизматични. Него јас го преспав идолот па да прашам Евгенија помина? Многу ми е слатко тоа девојче, со стил, со глас со став. Јес да малецка, гласот ќе и се офоми има време Малце досадно е што едни исти ги има и на М2 и на Идол, и тоа во голем број се таквите
^ Мислам дека не помина Ама малецка? Јас мислев некаде 19 години има... На Идол не се сеќавам што пеела. Ја слушав јас на М2 и искрено многу ми грачи некако. Али вкус си е вкус.
Сеа пред месец наполни 17 години. Абе има чуден глас, ама мене ми е ептен онака позитивна убавка и поинаква од останатите. Ама ако испејала лошо ондак сеа нека си седи домче сеа. Додуше е во финале на М2 како што памтам. Мене интересна ми е, не дека е најдобра ама впечатлива е многу
И мене ми е супер Евгенија. Многу е харизматична, насмеана и позитивна, а гласот и е 5ка за соул и блуз.
Евгенија ептен лошо испеа, затоа не е меѓу финалистите. Мене повеќето девојки ме разочараа и тоа ептен.
Па си помислив дека имаш одено на свирка, оти свират и во други градови, не само во Гвг Кога излевам, најчесто на нивна свирка одам и секогаш сум си поминувала супер. А Иван, пак и другите од бендот, се доста харизматични дечки
Евгенија си има свој стил во се! И во облекување, и начин на пеење и во комуникацијата. Мене ми е жал што уште во претходниот круг отпадна Мерлинка (Девана Ѓорѓиевска). А многу ми се допаѓаше девојката. Сега од овие што останаа во финале, најслатка во изведбите ми е Лаура Крлиу!
Дајте ве молам, оваа Евгенија ни п од пеење нема Не знам ни до тука како стигна. Ај ваљда ќе повежбаат малку повеќе за следниот пат и ќе си ја сфатат работата посериозно.
Убаво кажа Игор на почеток дека не би сакал да им биде во кожата на кандидатите. Имаше убави изведби но и многу од нив се изгубија на сцена,и самите си кажуваа после изведбата.Јас искрено очекував подобра изведба од девојчето Евгенија,но мислам дека песната што ја одбра од Каролина не и лежеше воопшто на гласот,многу од другите едвај се слушаа што пеат,вероватно од трема.Мислам дека изборот на 20 финалисти беше коректен,само незнам зошто девојчето од Радовиш мислам дека беше,Марија,убаво отпеа мене ми остави впечаток и со ставот на сцена што го има,но не се пласира во финалистите за жал.
баш сум среќна што иван раденов помина тој ми е фаворит и ќе ми биде до крај. од девојчињата што ми остави впечаток ми е сега Лаура Крлиу убавка и позитивна. а морам да кажам дека највеќе ме нервира од девојките билјана ѓошева и мислам дека девојкава е со јаки врски море не врски кабли. простими боже ако грешам
Од девојките се предобри Лаура и Наталија мислам дека се викаше(таа што беше лани на бугарскиот идол..) Прекрасни гласови имаат.. А некој ја спомна Девана(Мерлинката)..Мене девојката воопшто не ми се допаѓаше..Ни глас,ни стас..Рикаше последниот пат...На аудициите премногу и ја кренаа цената..
Од машките фаворит ми е Христијан Тодоро(в)ски... А женските не видов кои влегоа во финале, ако знае некој нека каже.....
3 беа и за машките, само слабо се слуша бидејќи тогаш се смееја за песната на Ѓоко. Им ја дадоа и Let's Dance - David Bowie