Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. ZelenaBanana

    ZelenaBanana Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    2
    Стварно ми е жал што така го оцрнија Нико.Многу ме разочара Мики, затоа што заедно со Нико ми беа фаворити.Како и да е, секое лошо е за добро, па лошите муабети за Нико , го направија некако посимпатричен за народот кој на крај одлучува кој ќе биде ѕвезда.
    И морам да кажам дека целото интервју , некако ми изгледаше изрежирано, како и целата претходна гала. Баш ми изгледа дека сакаат да го откачат Нико на брзинка. Не знам дали некој примети, ама кога Јана го заврши коментарот за Ивица и кога требаше да прејде на Нико рече , нешто у стилот на: „И што треба? Ваква фаца :( да напраам сега?“, а во ќошот од екранот стоеше „А за Нико?“. Не знам што и значеше тоа, ама во секој случај без врска!
    А што се однесува на речникот на идолите, место да ги носат на Матка на ручеци и да се возакаат наоколу, треба да посветат малце внимание на нивното однесување во јавност, начинот на зборување во јавност итн. Не е се во излагањето на сцена и пеењето.
     
    На mamence и baguf4e им се допаѓа ова.
  2. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    МИслам дека сите претераа со коментарите во врска со Нико.Гледајки го,ниту во еден момент не добив впечаток дека е самобендисан,или дека сака да изигрува даскал...или не знам што друго кажаа за него... Мислам дека Нико е сосема погрешно разбран,мислам дека тој како повозрасен,а со тоа и малку поискусен,сакал само да ги посоветува,пр. кога зборуваше за свеста на луѓето,баш кога ја пееше песната од Битлси. А во врска со тоа дека пеел 24 саата на ден,јас го разбрав така дека тоа што е дел од едно вакво шоу тој си го сватил сериозно,и сакал времето да си го поминува пеејки и вежбајки ги песните, што за мене е нормално,па на крај краева,за тоа е таму,да работи и да се претстави во најдобро светло а тоа ке го постигне со вежбање,а не со седење по цели ноки и пијанчење. Значи на мене не ми делуваше воопшто самобендисан,или арогантен,туку едноставно позрел од другите,со оглед на тоа дека другите се сите 17-22 год.и затоа го сватиле на многу погрешен начин дека сака да изигрува даскал,или како што кажа Кристијан он е Бог,а ние обични смртници. Не верувам дека било така. Можеби е со некој посебен карактер,ама тоа не го прави лош или самобендисан. Еве,можеби не е место овде да кажам,ама за мене слушнав муабети дека сум била многу дигноглава,а уствари јас сум многу повлечена и срамежлива.Самата срамежливост што ме спречува почесто да се дружам,некој го протолкувал како да сум дигноглава и препотентна,а сум многу далеку од тоа.Така и тој е сватен премногу погрешно.
    Значи,многу сум разочарана од нивниот однос,воопшто не им доликуваше,на никој од нив. Изгледаше како Нико да е ставен на бесилка,лом го направија,па и јавно... А Нико докажа дека е зрел и голем човек со тоа што на сите јавно им се извини,а колку само беше шокиран од тоа што го слушна. Значи не ми беше фаворит,Мики ми беше,и се уште ми е,ама никогаш уште од почетоткот,не мислев на Нико на тој начин,секогаш го гледав како некој позрел во целата група,а вечерва на интервјуто ми го докажа тоа.
    Мое мислење :| Можеби грешам,сепак не го познавам лично :|
     
    На baguf4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Искрено мене ми падна жал за Нико. :( Па го направија детето пуздер. Некако добив впечаток дека овие нашиве идоли глумат братство и единство, а од тоа нема ни Б ни Е..Јес да беше малку самобендисан, и на моменти мислеше дека само тој има девојка или брат, ама овие пак ептен беа груби и директни. Сепак знаеш дека ќе те гледа цела Македонија имај малку усул и грев. :(
     
  4. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    После гостувањево дефинитивно се гледа дека сите се деца со размислувањава и однесувањево! Гледав и неможев да верувам! Дечкиве си се отворија пред камера ко цвеќе у пролет и си кажаа се што им лежи без ни малку размислување. Све на штета на својот колега, ниту еден убав збор! Никаква одмереност во зборовите, па каков Нико и да бил. Професионалност нула. За Христијан немам зборови! Уште го имитира Нико како правел во неко ситуации....:fubar:....да бев таму како ќе добиеше една заушка од мене, мрзам такви уобразени дечишта! :@ Дали тој воопшто имаше осет дека зборува пред камера а не дека оговара со другарите у маало!?
    И јас претпоставував дека Нико е човек како што го опишаа, но дали ова имаше смисла? И нормално дека Нико-човекот си чувствуваше потреба да се брани и да се извинува, како што секој нормален човек би направил (посебно млад човек кој е во подем и на кој допрва му дошло времето за докажување) кога е веќе нападнат пред цела јавност! И да е точно се што кажале, сигурно Нико не е луд да каже- Да, така е, во право се.- Апсурд!

    За Ивица незнам, некако безличен ми беше дечково од самото појавување, и како појава и како вокал.
     
    На mamence и ViKtOrIjA21 им се допаѓа ова.
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Работава: Излезе сега веќе Нико, па кој го шиша! Ние ќе си кажеме што имаме.
    Срамота!
    И да е така како што кажаа, убаво си рече Нико: Подобро ќе беше тоа во лице да ми го кажат.
    А не сега откако излезе така да го оцрнат во јавност и да зборат се и сешто.
     
    На baguf4e и anima им се допаѓа ова.
  6. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    568
    Пол:
    Женски
    според мене не беше во ред ова што му го направија на нико..ок дечкото може си е посебен,не се вклопувал со останатите,може сакал и да се наметне како повозрасен и подобар пејач,мегутоа вакво резилење што му направија не личеше на ништо..сето тоа можеше да биде кажано во многу поблага форма,а не вака го направија ко е да е најлошиот човек на планетава..претераа стварно.немаше потреба..што добиваат они со тоа што го оцрнија него толку?се направија себеси подобри?не..според мене ваквите изјави не им идат во прилог само во штета,покажува дека се дволични,до вчера беа као демек све супер со него,сеа одеднаш ко да им е најголем непријател..не дека го правдам нико,не го знам како човек како личност каков е,не можам да судам дали е добар или лош самобендисан или не,за такво нешо треба да го познаваш човека лично..ама ги осудувам останатите што му се нафрлија како мршојадци на плен..
    p.s покажа голема доблест што наместо да почне да ги напага другите за да се оправда себеси(како што би направиле многу на негово место) тој им се извини на сите..
     
    На mamence и rebekar им се допаѓа ова.
  7. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Нико беше толку шокиран затоа што на некој начин одбиваше реално да ги погледне коментарите упатени кон него и сега кога беа изнесени јавно нормално дека ќе го заболи и демантот е сосема очекуван.Кога го гледав како се однесува на сцена,како комуницира и зад неа ја добив онаа антипатичност кон него иако за неговиот глас неможам да кажам ништо лошо :!: Според мене типов е пријатен за уво но не и за очи. И колку сака нека има некој талент дефинитивно не е само тоа пресудно за да го привлечеш вниманието кон себе.
    Иначе темава,судејќи според последниве страни,може да се преименува во Нико :D
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  8. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Значи ТОТАЛНО ме разочараа нашиве “Идоли“, мизерии!
    Па кои се тие за Нико да се приспособува на нивните карактери? И ако му се пее 28 саати во денот, тоа си е негова работа! Од каде па тие компетентни толку да критикуваат? И да се занесува човекот- има со што, а не тие, кај сите се просечни, уште замислени дека се незнам кои таленти!
    МРШ за сите!
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    леле кај да го најдам видеото од емисијатаа,не успеав да гледаммм :( ??
     
  10. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    И што дека немал добар карактер Нико? Па не бираат Мис на светот,бираат идол кој знае да пее.А неоспорен факт е дека Нико пее многу подобро од Христијан,Дејан,Јана и Биле заедно.
    Не е фер така да го обрукаат пред цела јавност,каков е таков е.Според нив,ако не се дружел и не пиел до сабајле,значи е лош?Па дечкото може сериозно си ја сфатил работата,му се знаело кога е време за спиење а кога за забава.Мене ми беше идол,и жал ми е што отпадна.Верувам и дека е така можеби како што кажаа останативе за него,но тоа мене не ми менува ништо за Нико,и онака не ми е многу симпатичен за гледање,ама затоа пак пее како оформен музичар,да ти е мерак да го слушаш и да не се плашиш дека ќе му го снема гласот на сред песна или дека ќе зарипне.
    Не ми се допадна што го обрукаа вака зад негов грб и пред камери,па макар да е вистина сето тоа.Мислам дека само се плашеа од него како јака конкуренција,а посебно Христијан,детето ко едвај да чекало да го снема големиот батко кој можеше да биде сериозна опасност и за него а и за другите.
     
    На Tinker-Bell му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    И јас сакам да го гледам кажете ни каде можеме да го најдеме? :|
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Малку ќе бидам вон коментариве за Нико, ама морам нешто да споменам.
    Не ми е јасно зошто секогаш кога Јана нешто ќе утне, упорно се потенцираат нејзините 17 години? „Јана има само 17 години, доволно е и ова што го постигнала... За нејзините 17 години е сосема доволно... Земете ги во предвид нејзините 17 години...“
    Па дај не претерувајте! Ако има 17 години не значи дека не може една песна од 2 строфи да научи! |( |(
     
    На MissAnn, BoaVista, SunFlower94 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Како што гледам ова е и ќе биде нај озборуваното испаѓање до сега :D
    не го гледав целото интервју туку некаде пред крата пред да кажат по нешто Кико И Виктор...но дојдов до еден заклучок:
    "Каков и да бил Нико колку и да бил самобендисан или сл. сметам дека од почит требало да изберат останатите Идоли зборови со кои ке го искажат нивното незадоволство и да му кажат во лице а не на ваков начин, стварно не е фер...можеби ти се "искрени" но тоа дава една многу лоша слика и за сите нив и за нивните карактери, сепак емисијата ја гледа цела Македонија. Друго, иако и јас дојдов до заклучок дека Нико е нескромен сметам дека тој премногу професионално го сватил учеството во ова шоу а истото требало да го сторат и другите место да седат до сабајле и игри да играт на компјутер :D
    Друго што не ми се допаѓа е тоа што за овој дел е виновна и организацијата и жирито..значи станува збор за музичко шоу и место да се шетаат низ Шатци и да пробуваат автомобили и сл. треба да ги упатуваат кон тоа како да се однесуваат особено пред камери и во јавност и да го исфрлат дијалектот кој ужасно ме нервира...а жирито е виновно затоа што да се однесуваат и тие малку посериозно и да не ги вивнуваат во облаците-Идолите нема да се пијанчат и да се смешкат до сабајле пред компјутер, туку ке бидат наспани и спремни за работа и посериозно ке го сватат влезот во ова шоу и ке се фокусираат на настапите многу повеќе отклоку што тоа го прават сега. Да не можеш да научиш еден текст на песна ПА ТОА Е ЖАЛНО И СРАМНО ЗА ЕДНА ИДНА МУЗИЧКА ЅВЕЗДА...и додека се така е супер според коментарите на жирито Идолите ке си пијат, ке си прават журки баш како да се на екскурзија зошто знаат дека како и да испеат лесно ке поминат само со позитивни коментари додека на нас ушите ке не болат два дена од нивното пеење со исклучок на неколку од нив..додека тие ке изигрУвАат ѕвезди"
    За Нико немам коментар стварно од една страна ми е жал што така го навредија пред целата јавност.. замислете како му е сега нему.Инаку ДА добил прво место на некој фестивал мислам во Охрид што му овозможила една година да се школува во Русија и мислам дека токму тмошното образование го прави да биде повеќе самоуверен..како и да е за мене Нико има некој посебен карактер и никако не ми се уклопуваше во поп песни тој е само за опера така се однесува, таков му е и гласот па се надевам со тоа ќе продолжи
     
    На rebekar, easyyyyy, De-lovely и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Заборавив да кажам дека ми се допадна тоа што Виктор внимаваше што зборува, а за Кико само ке цитирам еден коментар во врска со оваа гала вечер (од www.tvpaket.com.mk) :"Христијан, повторно го потврди општото мислење на публиката за неговото однесување, за него едноставно нема надеж."
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.268
    Допаѓања:
    157.696
    ФАКАТ има луѓе во државава што се преценуваат.ФАКАТ!
    Не ми е до шоуво,колку до некомпетентноста со сто пати нагласеното не го глеам толку,па не знам шо зборам,ама еве ќе зборам на дотичниов шо го пишувал,дотичен е со сигурност заради видната напаленост на водителката.Не знам што е посмешно, дали она нагласување не го пратам шоуво,ама ќе јадам тоа шо не се јаде,па врши самоубиство во заседа,значи нема благе везе шо коментира и по автоматизам го прави глуп или она нагласување дека не го пратам шоуво е само затскривање на вистината дека о,да го прати шоуто,ама пошо спаѓа во клапата на интелектуалците му е под нивоу да го признае истото,затоа што у државава се знае дека јадењето бурек против шоуа од било каков вид е ин зошто е одраз на истанчен вкус.Е стварно ми е преку таквото од вакви!Ама на друга тема исцрпно ќе се изјаснам,уживајте во какањево.
    http://stipka.com.mk/vesti/doma/3267-makedonski-idol-od-nasha-perspektiva
     
  16. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Јана ми беше некако лигава но сега е супер со оглед на тоа што го исфрли тоа нејзино цикање пред и по настапите, иако не го оправдувам тоа што треба да и се гледа преку прсти зошто има 17 години (па 17 се не се 7 )за Билјана имам убаво мислење но ме рзочарува со пеењето и мислам дека ке ги држат "вештачки" во Идолот колку да не останат само машки...
     
  17. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Ова се однесува на линкот доле?? :worried:
     
  18. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    јас не се сложувам со тоа дека нико е во право а сигурно на сите идоли му е дојдено преку глава од неговото однесување. Мислам дека стварно е преценет и не ми е јасно како е можно сите кога се забавувале тој да спие или баш тогаш нему да му се лоши итн. Тоа значи дека тој не е со сите. Не може сите да бидат лицемерни а само Нико да е во право досега за никој немаа кажано лош збор, има нешто во сето тоа што го кажаа а и право да ви кажам ми изгледа тој за таков човек не е за ѓабе нападнат а и сите се сложија за него дека ширел негативна енергија
     
    На MiiLla му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Морам да ве прашам за коментарот од една девојка (на ФБ страната на Идолот) кој едноставно ме фрапираше и ме остави без зборови..ако го најде некој или го прочитал нека го копира јас ке ви пишам што памтам
    Имено, една девојка ставила коментар дека уште додека траеле аудициите таа на некоја си слика го коментирала позитивно Иван по што добила покана за пријателство од Нико. Си пишувале и тој и зборел како Иван му е како брат (нели на една аудиција во група беа он, Иван и Христијан од Гв.) а потоа и зборел дека е љубоморен што нему не му остава убави коментари, демек што е толку подобар Иван и сл. и после два дена муабет и побарал секс :x јас останав без зборови. Девојчето тврди дека не е лажен профилот затоа што сеуште го има во пријатели и дека неможе да биде лажен затоа што тоа било за време на аудициите...
    има некој сознание за ова напишаното на Macedonian Idol или само јас го прочитав :^) штета што не го копирав уште преги :worried:
     
  20. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    леле се има значи