Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Дали вие верувате во тоа?
    Не знам, можеби, не викам не. ама кога би размислиле подобро... :x
    А и како тоа јавно спомнуваш кое девојче, како било потпишано... па тоа е строго забрането. :)
    Мислааам, ако сакаш лично за тебе да споделиш нешто, ама за некоја икс особа која не е дел од форумов, а ти ја нагласуваш овдека...
     
  2. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    епа девојката ако сакала да остане анонимна нема воопшто да коментита со тој профил едно, а друго го објавив за случајно некој ако го најде постот да ни го соопшти цел..ма да мислам дека е тргнат... и за истиот стварно немам коментар, за тоа љубомората дека позитивно го коментирала Иван можеби, ама тоа другото :x
     
  3. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Инаку постот најверојатно веќе го нема и е избришан што е очекувано и нормално..
    ајде можеби згрешив со името ама доцна е да редактирам веке ме имат цитирано..ај ке сменам кај мене :tmi:
     
  4. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    3.718
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    И вие верувате во тоа?Абе ајде,какви се не шпекулации ќе излезат сега па и понатаму... |(
    Што нема да измисли народов,срамота.
     
  5. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Како и да е од далеку се гледа дека Нико си е посебен тип, и не ме изненадија синоќешните коментари во смисол на тоа како го опишаа баш таков и си го замислував, си живее во свој свет и тоа е тоа. Не е лош но едноставно поинаков е. Точно дека и некои од нив претераа во лошите коментари како пример Кико. А Виктор ми беше жалче се гледаше дека не сака да збори лошо против Нико и така се трудеше по малку да ублажи ситуација ама очигледно немаше што добро да се каже.
     
    На maca-23 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Во интервјуто вчера во некои ситуации ме изнервира Нико, а во некои ми падна жал за него. :worried: На пример кога Мики кажа дека многу го изнервирал, а овој упорно вика не се сеќавал на ништо.А ми падна жал кога викаше не можел да спие затоа што другиве играле фудбал на пц.
    Ама пак и овие претераа стварно.Посебно Христијан :@ .
    Толку го изнавреди, еден збор добар за него не кажа, ај другиве па и нешто го пофалија, нешто го критикуваа...А Виктор ко жалче ми беше, Христијан го навредува дебело, а Виктор се пази што ќе зборне.Баш жал ми падна. :(
    И да, латино ќе пеат во понеделник :rock: .
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Незнам дали сте го ставиле интервјуто од вчера, несакам да ви ги читам коментарите назад пред да го гледам.....ако може линк да ми даде некој ако го има ставено на нет
     
  8. 90210

    90210 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    55
    Го нема уште, бар не на место.ком.мк каде што прво го ставаат
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Уууу, баш сакам да го погледнам интервјуто. :^)

    Не ги прочитав сите коментари, ама зошто па сите се по цели денови заедно ?? :?: Нели поентава е сам да се избориш, сам да ги научиш да ги пееш песните, сам да си одбираш гардероба... Овие тука опкружени со професионалци, и се вивнаа СИТЕ до еден во облаци. Како глувци беа на почетокот, ќутливи, со кошулчиња и фустанчиња од најобични продавници, гласот не им се слушаше. А сега - :x - не му годи на секој популарноста.

    Како што сфатив од прилозите, тие живеат некаде заедно, во некојси хотел таму. Епа нормално е дека со толкава тензија и стрес да пукне тиквата. Дома ќе се испокараш со сите за ништо, а не пак тука. Баш во тие ситуации се гледа кој каков човек е и колку стрес му издржува карактерот. Пак ќе речам, не го гледав интервјуто, не го сакам Нико, но ете, можеби човекот мир си наоѓа со тоа што си легнува рано да се одмори. И поради тоа не е друштвен ?? Хм... мислев дека друштвеноста се гледа по други работи.

    Сепак, мое мислење е дека треба еднаш да ги препуштат сами на себе. Сами да одберат гардероба, сами да се нашминкаат, сами да ги вежбаат песните. Сето тоа со причина да не им биде досадно и да не се караат. :D Е тек тогаш ќе видиме кој е каков навистина, а вака се само нашминкани маскоти кои се придвижени од жирито, стилистите, тино и андријана.
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Siksi

    Siksi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    305
    леле чера нико како ме изнервира се праи луд ! дека не правел така !!!
     
  11. glamour-lady

    glamour-lady Популарен член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2010
    Пораки:
    572
    Допаѓања:
    776
    ајде нека ги стават видеата... со нетрпение чекам да гледам, да видам што точно кажале идолите за Нико.. и секако да го видам Ивица срцка :inlove:
     
  12. UniqueCreature

    UniqueCreature Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    44
    Не можам да поверувам дека и овие си дозволија да се претстават какви што се и да се оговараат едни со други пред камера, кој и да излезе ваков е таков е, а дури се таму циле миле сите, зошто се занесуваат не ми е јасно, па утре нив им е редот за испаѓање, битно е дури се таму каков впечаток ќе остават. Барем нека ги посоветуваат малце тие што стојат зад нив како да се однесуваат и изразуваат во јавност..срамота. И да било така не мораше да кажат јавно и не знам како не се свесни дека со тоа сами се брукаат :fubar: А Нико го шутнаа од шоуво, ама баш го шутнаа :x
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Според она синоќе, јас би рекла само НИЈЕ СВЕ ТАКО КАО ШТО ИЗГЛЕДА :rofl:

    Испадна дека за Нико ние имавме сосем споривно мислење (според она што го велеа идолите). Можеби и идолите се што рекле не е вистината (како што велеше Нико, за повеќе работи) ама пак сите тоа да го кажат :?:

    Ама мислам дека тие меѓу нив најдобро си знаат што како е бидејќи ние овде не ги гледаме што прават. А сигурно има уште некој за кој што мислиме нешто а оно сосем трето :)

    И многу ми падна жал за Ивица, сироткиот неможеше ништо да каже :D
     
  14. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    ццццццццц за срамота Кико се најлошо кажа за Нико иако и мене ми беше Нико антипатичен сепак никој не заслужува онакво нешто па не мора се што правеле таму одма да откријат нека си остани меѓу нив замислете сега излегувате од идол и одма оговарање се едно друго не чинеше овај ваков таков мислам не е убо :x
     
  15. SwanMay

    SwanMay Популарен член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.674
    Пол:
    Женски
    Здраво девојки,

    Веќе подолго време ги следам вашите мислења на овој форум, но досега не сум почувствувала потреба да направам свој профил и да коментирам со вас... Сепак, денес го сторив тоа, испровоцирана пред се од вчерашното интервју, за кое гледам дека и вие активно дискутирате...

    Впечатокот кој го добив за ,,идолите,, во целина - катастрофа..! Не дека не беше за очекување, но она што го видовме вчера е премногу... Како и да е, едно нешто ми се врти во глава... ОК е тоа да се каже своето мислење, ги прочитав вашите ставови и ги почитувам.., видов дека го напаѓате Нико (секој со своја причина, секако), меѓутоа не сметате ли дека е погрешно и подло тоа да се вети дека извесна изјава нема да биде објавена, затоа што наводно ,,расчистиле,, - а истата таа изјава да се прикаже заедно со сите оние мизерни излагања на ,,идолите,,..? И од друга страна, кога сум веќе кај нив, кој гарантира дека тие изјави не се монтирани и не се одбрани само негативните сегменти..? Неможам да поверувам како секогаш настојуваме да ги бараме само негативните работи кај луѓето кои се подобри од нас, само за да ги омаловажиме во очите на другите...

    Во секој случај, ве молам немојте да ме сватите дека завземам нечија страна... Само настојувам да бидам реална... Доколку на ,,интелигентен човек,, - како што една личност која ја ценев (нема да го спомнам името), го нарече Нико, му посочиш дека нешто ти пречи, мислам дека ќе сфати. Но изјавата од типот ,,Нико е интелигентен човек, но интелегенцијата некогаш се граничи со лудило,, мислам дека повеќе говори за оној од кого истата произлегла... По ова, негативното мислење за тоа какви личности се некои од нашите драги идоли само ми се потврди... За пејачките способности и квалитети мислам дека нема потреба да се дискутира... Залуден е успехот на професионален план, ако си потфрлил како личност... :)
     
    На Dr.Awesome му/ѝ се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Тазе вест од мене :)
    Ќе се пее поп музика. Така прочитав на профилот на Виктор, еве го постот :D
     
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.207
    Допаѓања:
    8.431
    леле јас баш се радував за латино сега поп шо му текна вака :(
     
  18. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Не беше само Христијан и другите збореа лошо за него. Не сум негов фан, ама не кажа ништо полошо од другите.
     
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    И јас ама :( Ајде можеби некоја друга гала :) има уште многу

    И уште нешто... Виктор ќе биде под број 5!
     
  20. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Искрено, мене воопшто не ми е гајле каков човек во приватниот живот си е Нико (или Хихо или Бети) ...
    Навистина не ме интересира дали појадува мусли, спие ли со исто гаќи два дена по ред и кои му се навиките на менување чорапи.
    Во контекст на муабетов - не е важно дали некој е злобен, расипан, тужи-баба или светец.
    Мене ми е битно кога ќе излезе на сцената да ме забавува.
    Тоа е поентата на секој изведувач и интерпретатор.
    Исто како што не ми е гајле дали Џастин донира пари за сирачиња, ги сака или не, исто како што не ме интересира дали Ашер е насилен кон девојка му и ред такви перипетии, не правам разлика и со македонски изведувачи.
    Може да биде најлош и расипан во душа, гајле ми е.
    Ако убаво пее, убаво изгледа и има грам шарм за на сцена , доволно ми е.
    За мене Нико не го поседуваше тоа, го имам кажано и претходно во неколку наврати.
     
    На rebekar му/ѝ се допаѓа ова.