Искрено мислам дека Идоливе и претходно му го кажале сето ова на Нико но некако од околу за да не го повредат,но изгледа на него не му одговарало сето тоа па сметал дека сето тоа што му го кажале го кажале на шала,па затоа вчера кога го слушна сето то на тв му беше чудно и беше изненадување за него.На некои коментари од Идолите и Ивица искоментира како и нив самите.Значи не може 8 души да кажуваат само лошо за него а еден(самиот Нико) да вика дека не е ништо така.Значи сепак има нешто тука што ние како гледачи од страна не го гледаме и не можеме да го знаеме. За гласот на Нико нема потреба да се коментира затоа што нема што да се каже.Прекрасен глас има,но искрено во понеделникот сакав да излезе затоа што ептен ја утна песната...се гледаше дека нешто не му е ок.Тоа и смаиот го кажа.
Се додека бираме по лепота овој ќе биде резултатот. Дечково е стварно убав, али потенцијал за пеење ... и тоа песна од Чолич, ма дај ти се молам
Еј да. Овие еден куп фалшови, а Калиопи расправа како ќе заплачела. Ма немој, дај укажи им таму на грешките, усмери ги во кој правец да се движат. Затоа е како стручно лице ставена таму. Нејзините се толку глупи коментари што некој и со основно може да ги кажува. Никаков музички аспект Нормално дека еден Х идол ако слуше само пофалби, ќе си рече: еј абе супер сум. Ама ако слушне и некоја негативна конструктивна критика ќе вежба понапорно, ќе се труди да го надмине тоа на што му укажале. А вака им зборат ко да го достигнале врвот и немаат мотивација и поттик за подобро Оваа Андријана ако не друго барем вибратото им го стави во ред Да има уште неколку како неа и полека коцките ќе се склопат од сите страни И го оправдувам Нико за она што збореше за спиењето. Несакам да звучам ко учителка некоја или парти брејкер ама треба повеќе да вежбаат. Стварно претерале со тоа седење до сабајле, дружење, играње игри....Нека се дружат они, ама нека знаат и зашто се тука. Да пеат. Имаат многу, многу за вежбање. Грешат текстови, песните не им се научени, а они до 4-5 сабајле се дружеле. Ми се свиѓаше мене како на операција триумф имаа организирано секојдневни активности поврзани со нивниот изглед, однесување, средби со врвни уметници, постојано вежбање и пеење....
Читнав сега нешто на лајк страната на Еден на еден на ФБ и не ми се верува колку се внесени луѓево во идолов- па објаснувања, осуди, коментари, значи еб*те нацијата што сме, се што е за забава или некое обично шоу го доведуваме до степен на национална важност, место да се фокусираме на реалните проблеми, ние се замараме со идолот и дали А1 ова го режирале или не и сл. Изгледа така бегаме од реалноста, друго објаснување немам
Ма ајде да се сакаме,љубиме и подадеме рачиња. Елајте в Скопје под палми да се љубиме,дружиме и сакаме!А после ќе одиме да заведуваме идоли и да скандираме пред хотелот у кој што се сместени!Ќе им бараме секс за гласови!
Ако сакате пак мене ме убијте јас Дејан го премногу засакав Некако многу ми скромен,мил,преубаво ми пее....абе стварно го засакав!!! Редовна сум му на профил,ми го нема овие два дена
Мене ме загрижува прашањето до кога ќе трае идолот- немој да трае до Јули, па да се растопи пластиката од палмите, и да останеме со изгорени рачиња И едно прашање- само јас ли немам никој од идолите за френд , се чувствувам дискриминирано
И јас неам!Се плашам дека ќе ги ругам! Ич не глеам више,само ќе јадам гомца,така поарно и поубо ми е! Дечки многу сум расположена!Ептенски!
Жирито е „компетентно“!!! Да почнам од Калиопи. Сметам дека Калиопи како пејачка треба да укажува на тонови, на скала, боја и јачина на глас, а таа срце, душо, миличко јас се запрепастив па ќе се расплачам па правење филмови. Игор исто а спрема девојчинњава дури и педофилски настроен. Тони нема потреба веќе да го коментирам. Мислам дека веќе еднаш ќе се пронајде во нешто. Се смееше дека актериве правеле синхронизација на турскиве филмови па еве го тој веќе во истата улога но како златна резерва. Што ти прави малку паричка. А по однос на идоливе веќе и земја не ги држи. Ви текнува ли само какви глувчиња беа кога се појавија. Сега со одмереност, строгост, дрскост, вообразеност. Чекајте имате уште многу фурни леб да јадете.За добриот квалитет ќе се испотепаат сите, бил македонски идол или не. И така сите квалитети ни се земени и се отидени од нашава Македониичка. А идолот ако е наместен, ќе му направат една песна и нема да добие ништо, ќе го снема, единствено ќе се носи со титулата „Македонски идол“ подарена од мама и тато или некој друг. Конкретно сакам да посочам на Јана. како бре од една страна на 17 години се чувствува спремна за да го превземе предизвикот а од друга страна „извинете“ има само 17 години. Критериумот треба да биде ист за сите. Иначе фаворити ми се Виктор и Мики.
Не дека имам нешто против Иван супер ми е ....ама зар не е во понеделник поп вечер.. QUEEN е далеку од поп бенд значи каква и да е вечерта кој што сака си пее Viktor Apostolovski grenade - bruno mars.....I think I made a great choice ова е изборот на Виктор песната не ми се допаѓа ама тинејџерите очигледно го обожаваат Бруно Марс па ке го гласат како и да е ,знам дека Виктор ке ја испее како што треба и пак ке биде совршен Редактирано од модератор: Не пишувајте два поста еден по друг, користете го копчето редактирај. Опцијата можете да ја користите 60 минути по пишувањетo на постот.
Не знам зошто ама се' си мислам дека на Иван совршено би му одговарала песна од Maroon 5. Мислам дека неговиот глас е ептен сличен со гласот на пејачот од групава,па затоа и песната би ја испеал одлично
девојки најпрво да се извинам ако претходно сте постирале но сакам да прашам што ќе пее кико.ако не и е тешко на некоја нека ми каже.фала однапред
Уште еднаш гледав дел од интервјуто со нико и ивица и не можам а да не напишам дека идолите кои останаа стварно одиграа многу прљаво. Не знам искрено што си мислат дека направија изнесувајќи прљав веш на телевизија. Претпоставувам дека се опреавдуваат себе си со тоа дека не лажеле туку си кажале вистина. Ама АЛО!!! Тие се тука себе си да се претстаават, од куртоазија да најдат по некој убав збор или некоја убаво филувана критика за тој што испаднал и да се стремат кон својата цел. Се надевам дека се свесни дека изгубија многу кај публиката. Не разбирам како ни еден од нив не се најде паметен да изигра како што треба и да се огради од коментари. Или можеби 90% од нив се наивни и еден од нив ги нафурал на такви размислувања. Стварно не можам да си објаснам. Како не си се замислија себе си на местото на Нико, за недела два ќе се најдат на истото столче. Верувам дека никој не е совршен....Според мое мислење се дечиња наивни, несозреани и изиграни да ја направат емисијата поинтересна. Треба да се засрамат!!!
Без разлика кој ќе победи и ќе испадне, јас мислам дека кога ќе заврши идолов и кога ќе продолжат да си градат кариера момциве и девојките дури тогаш ќе видиме кој колку е успешен. Зависи кој каков жанр ќе избере, какви песнички ќе им направат, каква публика ќе имаат и сл. Ајт, само ќе се надеваме дека ќе не поштедат од сељачизам и ренесанса како Ноне и многумина слични поради кои се плашам да пуштам ТВ, не ни требаат повеќе такви.
Во глобала и не гледам многу/многу вакви шоуа- машинерии за правење ненормални пари Учесниците ќе се препотуваат, ќе даваат се од себе, ќе се надеваат, немир пред секоја гала вечер. Гледачите ќе се препукуваат, ќе гласаат и гласаат и на крај..... но, не објавуваат кој колку гласови ќе добие. Жирито ќе дели и дели комплименти, ќе фрли по некоја критика и така се до крајот. И на крај ќе победи оној кој е со помоќно лоби и така сите ќе бидеме разочараниииии. Така одат работите со овие музички шоуа (и не само со нив, туку и со реалните). Самите сме сведоци, веќе неколку години. Од таа проста причина не го следам Идолот често и ќе ви кажам дека ќе гласам само во финалето, доколку останат Мики или Билјана. До сега не сум гласала нема ни да гласам Овие шоуа се моќна психолошка работа, па не се од вчера. Погодени за нашиов ни балкански менталитет- златен рудник Порано имаше аудиции за хор и навистина се бираа квалитетите, оној кој одговара. Резултатите се знаеа за една недела и готово- знаеш на што си. Сега од се’ се прави церемонија Идолите молат за гласови на своите фб профили. Работава, денес молиш- утре суперстар
Мене најмногу од се ме нервира жирито. Се согласувам со Баба Дара многу се запрепастив кога Игор и рече на Билјана дека била најсекси нешто што тој видел во последните негови 10 години. Верувајте ми очекував да и скокне од зад масичката за жирито и да поче да ја каса. Калиопи вели не се согласувала со Адријана што велела па емисијава им е циркус! Како можат така сега оваа што ги подучува им вели да поработат на динамиката,а жирито што ги оценува на нешто сосем друго! (јас мислам Калиопи беше во право Адријана веќе е дупло помала пејачка од Калиопкава) Инаку ако може некој да ми каже кога ќе има реприза на Еден е за интервјуто бидејќи исечоците се само со Нико,а јас сакам за Иво да слушнам.