Мојот прв коментар на темава беше ругање на Виктор Имав шанса да го видам во живо, да видам како се однесува и тотално го сменив мислењето. Дечкото е најфин и најкулутрен од сите идоли. Ниту сака да биде во центар на внимание цело време за разлика од Хихи кој само скока наваму-натаму и измислува глупости за да биде центар пажња Несакам да ве убедувам сеа да го сакате Виктор ама стварно не е таков препотентен ко што имате впечаток...ко што имав и јас Инаку Мики каков е во живо најубав. Јас сум повеќе за вакви машки одколу за бејбифејс. Лошо е што камерата не го сака Пријатно сум изненадена. Сега уште повеќе ми е комплет, печен е за идол
Јас уште од почетокот бев фан на Виктор али и јас откога го видов во живо уште толку ми се засфиѓа. Значи со сите се слика што ќе го прашат, многу е фин. Убаво пее, убаво изгледа, не е некој многу дигнат. Ова што го напишал за телефонот, фановите му вртеле , али он не се праи нешто туку не замолува да не му вриме бидејки го казниле.. Со тоа многу поени добива кај фановите. Секоја гала гласам по неколку пати за него и ќе продолжам. Го забележав уште од првата аудиција и секој нареден круг се надевав дека ќе помине. Според мене Виктор највеќе заслужува да победи. Но сепак секој си има различно мислење
Еј луѓе знае некој во колку саат треба да се иде на саем. Нешто слушнав дека требало накај 6, стварно е тоа?
Абе вистина е тоа дека во болницата Систина давале карти за на идол ? Некои другарки викат дека слушнале дека таму давале карти?
Може некој пред мене веќе искоментирал, се извинувам ако се повторувам, НО! Како можеа членовите на жирито да не и искоментираат ништо на Јана за тоа што утна пола текст?! А и како што видов и останатите имаа доста утки ама Јана особено ми остави лош впечаток. Се работи за шоу без разлика колку е сериозно или не, мислам дека еден текст може секој да научи а особено тие млади луѓе таму кои се пријавиле за да станат „идоли“.
Мојот пост убаво ги стави во една категорија сите оние кои што гласаат судејќи САМО по убавина. Разбирам дека има и такви кои што гледаат и други работи ОСВЕН таа, никој не ги спомна тие. И морам да признаам дека уште од првата аудиција кога го видов Виктор, ми се пресекоа нозе, типот е стварно многу убав, убаво пее, ама како што им зачестија интервјуата, излагањата во јавност и слично, ми се одмили тотално. Прво, јез да е убав, ама има некој став кој што лично мене воопшто не ми се допаѓа, знае дека е посакуван и дека децата (негде до 14 години претежно девојките) кубат коси по него, му оставаат секојдневно срциња на ѕид и му го пренатрупуваат инбоксот до таа мера да не може со никој повеќе нормално да искомуницира, па најверојатно на некој начин се чувствува сигурно и од таму и му произлегува таа ненормална самодоверба. Има држење некое во стил: Најјак сум, шо се замарам ја со шоуво, дај да идам да снимам албум, готово со ова, испод ниво ми е. И да бидеме реални, за (К-Х)ристијан и Виктор, поголемиот дел од гласачите се такви какви што ги опиша самата ти. Попалени и безмозочни, а за тоа говори самиот факт што гласаат судејќи по убавината. Секоја чест за вистинските фанови, во кои спаѓаш најверојатно и ти.
Е ај сега да не гласаме за Виктор оти бил убав..туку за некој што е помалку симпатичен. Еден пејач зар мора да биде помалку симпатичен за повеќе да се цени?? Го пишувам ова зошто упорно читам коментари дека Виктор го гласаат заради убавина. И да не го гледам пак ке ми се допаѓа како пее!!! шо да правиме кога го створиле така симпатичен и убав со толку шарм и харизма и плус музички талентиран
Хахахаха гледјте како се забавуваат идолите во слободното време http://www.youtube.com/watch?v=MJ1Y2B-N030&feature=player_embedded
Сега ја гледам репризата на Идол и конечно го слушнав коментарот на Калиопи за Билјана , добро и ја "лепна" и на неа и на сите таму..ама најсмешно ми беше тоа што и го кажа откако Игор ја испофали како е Билјана многу секси и сл зошто Калиопи претходно не го рече тоа..изгледа не и е сеедно Игор вака кога коментира хахаха моја констатација
ти држи вода муабетов хаха. и мене ми е чудно што се случува со игор и калиопи, демек се зазаат ау ама... а идоливе си пушат у соба
http://www.youtube.com/watch?v=xOVXoVdsjHI Вчера пак го гледав настапов на А1 и за мене е еден од најлошите настапи во идолов. Како завива, тоа е чудо бре. Порано излезе на сцена, па делот на песната-моја куча је-како го завиваше не знам ни сам дали е свесен. Коментарот на Андријана на место беше. И не знам зашто ја земале, ако воопшто не се согласуваат со неа, ја критикуваат и испаѓа дека нема врска она со музика.
Прочитав се што сте напишале во врска со интервјуто за Нико, и немам што да додадам освен: Секоја приказна има три страни - во овој случај: на Идолите, на Нико, и вистината... Во врска со испаѓањето на Нико и Ивица минатиот понеделник мислам дека беше заслужено, Ивица претера со завивањето обидувајќи се да го имитира Ален, а на Нико самата песна (која по некоја случајност не е екс ју) не му одговараше. Вечерва сакам да си замине Дејан, и онака не ми прави некоја разлика кога е во шоуто, но за тоа - потоа. Ќе видиме што ќе направат вечер... За жирито и јас ќе се согласам дека ми одат на живци со тоа што не упатуваат негативни критики, па истите тие треба да бидат конструктивни за во иднина да се подобрат и изведбите и настапите на натпреварувачите. И дефинитивно треба многу да учат за односи со јавноста, изразувањето им е на толку ниско ниво што одат во минус. На ова ќе кажам само едно браво.
Едвај чекам вечер да видам Виктор како ќе ја испее песната. Многу ја сакам песната, али и Виктор хахха .. Ако ја испее убаво сигурно ќе пратам најмалце 5 гласа за него. А сигурна сум дека убаво ќе ја испее...!! а и срцка е враќа на секоја порака што ќе му ја пратам на фејзбук за разлика од некои други...
ее ај да видиме што изненадување ќе има ве4ер нели така најавуват, замислите Нико да го вратат...хаха мислам ќе биде јако, како ли ќе го погледнат у фаца....
Зашо би исфрлиле 2јца, а после еден да вратат Мене не ми е логично да има враќање. Имаше еднаш шанса, оние што испаднале, жирито да ги врати (не гледав тогаш, ама така имам разбрано). Сега не верувам пак да има такво нешто, сега се е на публиката. А и нема сигурно да трае идолов цело лето.....