Колку фалшираше, катастрофа. Нека бидат среќни што Нико им пеел 24/7, а не Христијан. Ја слушнав и Биле на рефренот, ми се допадна. Само некој да ми каже кој по ред е Иван? За него вртам цело време, го чекам.
Од Мики, Билјана, па и Дејан очекував малку повеќе, имале и подобри настапи. Во врска со хрчакот: Игор после идол патот под нозе и на ушно!
a IQ да им измереа? Или да им ги објаснат поимите пред да ги прашаат нешто.. Ни Биљана ни Христијан не знаат што е суета..
Овој Џастин стил на Виктор му е влезен под кожа. Не ми се свиѓа како ја пее песнава, потезите со раката, им фали на сите по некоја емоција некако, како да се без душа ептен.
Да работат меѓусебно. Па тука дошле да работат со професионалци, а не меѓусебе, па може да си дадат погрешни насоки, не се компетентни за тоа, па после вината ќе си ја префрлаат. И се нашло жириво компетентно сите светски ѕвезди да ги коментира, оф мори мајко бре, се повеќе ме нервира шоуво, не сум ни сигурна дека ќе го изгледам до крај.
мене пак никогаш и не ми се допаѓал тој и Кико, мислам на македонската сцена не и се потребни Џастиновци и Биберовци.