Што и да е девојчето има невидена харизма и позитивност. Мислам дека не е фер да судиме или да гледаме по националност сепак ова е само еден вид на дружба забава и пред се сепак нека победи најдобриот.
Мене од девојките фаворит ми е Билјана, а од момците веќе кажав Христијан.... Кога ке ги гледаме нареден пат сабота или понеделник?
И уште ќе има влечење, зар секој понеделник ќе пејат по еднаш, еден понеделник машки друг женски или грешно ве разбрав? И ако беше таа репрзиата што ја гледав кога се одлучуваше кој оди во финале, Билјана не ја видов како пее и уште една девојка мислам беше, зошто така не знам, не е фер, не видовме како испеа, пеела саботата?
Ваљда ќе бираат пет од машките, па пет од девојчињата и потоа ќе има гала вечери. Ама кај нас многу го развлекуваат.
Ама ептен го развлекуваат, претеризам, што ќе си помислиш друго ако не дека се обидуваат да прикријат нешто Цела недела репризи од епизода да ја речам што се гледа за 2 саати, епа претеризам и точка И поинтересно би било да ги кажуваа сите што пееле (кога одеа круговите) преку недела, а не само одредени, колку имаше што отпаднале на трети круг што не ги кажаа ни како испаѓаат, ни на која песна им дале НЕ ни ништо. Викаат дека биле преку 100, а ние во еден месец 60 кандидати видовме, веќе од нив пола и по име и презиме ќе ги научиме до крај .
Утре одам на гала вечер, па да ги слушнам и видам во живо Инаку стварно развлекуваат ептен.. тие од А1 ми кажаа некаде до мај-јуни ќе траел.. ма дај бре што е многу многу е
Па и бугарскиот идол беше многу развлечен, зар заборави некој? А Ана од Кавадарци се чудам како влегла во 20 - те финалисти, ја имам слушнато и во живо како пее и не е баш нај нај
А каде ќе бидат гала вечерите? И не требаше да ги намалат финалистите? Па многу се дваесет, мислам дека десет требаше да бидат.
Епа утре пола од машките нареден понеделник 5 девојчиња После тоа две недели репризи Па може има празник (па една недела пауза) Па гала вечери па дури тек финале Ништо чудно ако трае до јуни како што тргнале
Сега прашав, на саем кај шо беше Мк талент ќе биле. Инаку во официјалното финале ќе влезат 12 и тие ќе бидат дефинитивни финалисти, па после ќе се одржува гала вечери секој понеделник и ќе се намалуваат. Така ми рекоа тие од А1 дека нема шанси пред јуни да заврши.
Овој Виктор се изгуби. Толку се трудеше да го имитира Џастин, што не остави никаков печат на песнава, ништо свое... Па не е работава да се имитира некој, треба да си бидеш свој. Башка што не ни станал пејач, а веќе има кило пудра
да да точно се согласувам со тебе.. барем стилот на облекување да не му го копираше... и на сцена како негоо.. 10+ од мене за имитирање...
И жирито е криво. Зошто не ги насочи? Туку добар си, супер си... Од Калиопи очекував поквалитетни и поконструктивни коментари. Затоа имаме просечни пејачи...