Мене Иван некако се поантипатичен ми станува. Не знам зошто, ама не го можам некако. Педерски ја испеа песнава, ауф И ајде, нека пеат што сакаат, не знам зашто имаат тематска вечер
Иван и Мики повторно најдобри! Мики прекрасен избор на песна, мојот омилен пејач Роби Вилијамс Иван вечерва ми беше убедливо најдобар, едноставно е комплетен пејач, не прави никакви грешки, не може да му се најде ниту една замерка, прекрасно пее. Они двајца уште од почеток ми се допаѓаат, а вечерва многу пријатно ме изненади и Виктор, ептен ми се допадна како испеја, многу му легна песната, уживав додека пееше.
Убаво рековте за жириво . Окапеа идоливе стоејќи , многу долго зборат . И онака не се важи тоа што го зборат а и ништо значајно ни паметно не кажуваат . Нека скратат , ќе заспиеме
Мене така ми се слушаше или на Виктор слабо ми иде англискиот јазик.... Цело време ми звучеше како да пее jooo наместо YOU .... А онака оваа вечер убедливо Иван и Јана ....
Мислам дека Јана е до уши заљубена во Виктор, ама мислам дека и Ивана малце му се пушта на Викторче, така ми се чини, дека по значајно флертува со него отколку со другите.. А Викторче дипломатски со сите по малце , го обожавам. Можда малце глупи песни избира, ама е многу талентиран, многу убава боја на глас има, и не фалшира..
Абе,нели гледате дека Викица тоа YOU го пее јоу со британски акцент. Они така викаат.Псс знае малиот што е у шема.Или не.
И мене така ми се гледа дека меѓу Јана и Виктор има нешто ....во прилозите некако цело време заедно едно-друго ...коментарите ...абе чисто сценарио од страна на Идолот. А за Мики мислам дека е одвишно да се зборува бе луѓе дека си го има гласот,си знае човекот што прави и како прави...
Солидна вечер, мене повеќето ми се допаднаа! Пооделно еве што имам да кажам! Дејан- Вечерва направил добар избор на песна, но сепак Дејан мене не ми личи на иден идол! Некако не ми е баш интересен,статичен е, без емоции ми пее...всушнпст на сила ја ,,тера,, песната! Таков впечаток ми остава! Ова е ,,идолот,, кој сакам вечерва да си оди! Мики- Просечен! Иако навиканав да го гледам најдобрио настап кога Мики е на сцена,сепак вечерва не беше тоа! Билјана- Ми се допадна вечерва,и настапот, и стајлингот и песната што ја исполнуваше (ја сакам таа песна од Бритни) Не доби баш позитивни коментари од жирито иако мене баш ми беше супер вечерва! :up: Христијан- Ми паѓа жал за дечкото,ептен критики претрпе Вечерва настапот му беше проследен со многу падови и несигурни делови! Но имал тој и полоши настапи,вечерва не беше дотолку лош како што очекував! Виктор- Мојата омилена песна ја отпеја мојот омилен идол! И мене ми звучеше убаво! Му најдов грешкички но сепак имаже издржан настап, сценска изведба добра, стајлингот комси-комса, и што е најважно одбрал песна што нему баш му лежи! Јана- Убав настап! Еден од подобрите нејзини настапи! Иван- Ѕвездата на вечерта! Преееекрасно! Ептен ми се допадна,вечерва ги засени сите со својот безпрекорно добар настап! Оствари добар контакт со публиката и ми направи ќејф што и жирито го крена на нозе! (и ми е жал што дечкото толку се поти,ми доаѓа преку тв да му фрлам пешкир да се забрише малце)
Може не е Џастин Тимберлејк, но не врат-шија, Џастин Бибер, како пее баш така пародија на South Park http://www.youtube.com/watch?v=7-XOsurYbwE&feature=related. Инаку оваа Иванна, секоја емисија се' поглупи прашања поставува, го прашува Иван: Зошто си толку испотен? ..... сите станаа водители кај нас... Инаку да се концентрирам на кандидатите, на мене Мики ми е фаворит, јас мислам дека можеби ова не му беше најдобриот настап, бидејќи искрено го погоди она што го рекоа жирито, му падна криво и чувствуваше вина, затоа не беше ко што знае да биде... Многу во право беше Иван, што кажа за Билјана, од женските ми беше фаворит од настапот кога пееше на малите концерти, во црвено ко беше облечена... а сега некако многу има страв, овој настап и беше ок, интрото не баш, но натака се поправи.... Нема некој распон на глас, којзнае колкав и некои вау способности за пеење, но има многу пријатна боја на глас, што е многу важно. Дијафрагмата, такви работи се учат, но бојата е дарба... Иван како пример, пее многу точно но не ми е многу пријатна бојата на гласот. Кристијан ми е антипатичен во однесувањето, не можам да го гледам на сцена.... пее просечно, ништо посебно! Еден совет, треба да поработи на динамиката во пеењето, нагло прекинува во пеењето на зборовите, треба да има динамика, да намалува при завршување на рефрен, зборови и сл., бидејќи покрај однесувањето што не можам да му го поднесам, барем пеењето да можам колку толку да му го поднесам, вака треба и очи и уши да затворам. Виктор овој настап, слабо многу. И стајлинг и пеење... требаше да му ја спуштат песната, барем за степен. Иван беше добар, не знам, од почеток не ми влегол така во очи, може нема некоја харизма, го нема тој x-фактор, но во однос на пеење, избор на песни е добар. Јана таман ми се допадна настапот нејзин и на крај целиот позитивен впечаток што го добив за неа, ми го намали со она однесувањето и реченицата за статусот, но ајде да речеме 17 години, уште е тинејџер, малечка е, простено и' е. Дејан исто ми е незабележлив, како и на некои претходно, мислам дека ќе излезе оваа вечер. Сума сумарум, Мики издвојува, не може секогаш да има најдобри настапи, но мислам дека затоа што сме навикнати на ЕПТЕН добри настапи од него и затоа и жирито го критикуваше малку, инаку во споредба со другите настапи, оние што ги фалеа, во споредба со изборот на песна, изведба, пак се многу далеку од Мики, и покрај тоа што можеби беа во НИВНО најдобро издание, но во споредба со изведбите на МИки, пак се надвор од конкуренција. Така што мислам дека Македонија овојпат конечно треба да ги прескокне оние врски, местенки работи и да победи Мики, бидејќи штета ќе е таков квалитет, а и добар човек, се познава дека е многу добар, приземјен од далеку. П.С. Едно мислење така, што ми дојде на памет, ми изгледа како Христијан да се здружува намерно со Мики и глуми така негов најдобар пријател пред камера, затоа што осети дека луѓето го сакаат Мики, па така да ја намали негативата настроена кон него, од „поголемите’’.