Иван најдобар настап секоја чест,Билјана одбра убава песна која патем ја обожавам а мојот идол Мики некако со песнава како да ме разочара незнам можеше и поубава да најде ама сепак како и секогаш супер си испеа...Што мислите кој ќе испадне?
Абе се убаво за Иван, ама... секогаш има ама. Сигурна сум дека Фреди Мекјури се превртува во гробот моментално, го пеат на поп вечер. Жити се. За да докажам дека тие професионалци кои им помагаат во изборот на песните и не се баш професионалци, фино лепо линк од Wikipedia -> http://en.wikipedia.org/wiki/Queen_(band) иии... Queen are a British rock band ... Ако не знаат, гугл знае. Некој ќе пее од Бритни, некој ќе си го лади со убави песни. Факт е дека I want to break free e преубава песна. Епа не бива така, жалам батка, се надевам дека ќе седнеш барем на столчињата, за да ти дојде паметот.
Хахахахах На таа пародија солзи ми течеле од смеење, пореално неможале да го прикажат Хит ми беше цела недела
дури сега имав прилика да го гледам Еден на еден со Нико и Ивица, абе оној глупиот Кико како го извреѓа, а Нико како реагираше ептен жал ми падна па уште и се правдаше, мислам немаше потреба, се виде дека беше разочаран, мрзам вака да кажам но Биберче навистина треба да посети психијатар, дефинитивно не е со сите.
Дејан - Онака, немам некој коментар, супер испеа али некако ми е антипатичен, зевам додека пее..!! Мики - Настапов не му беше многу добар, бил и многу подобар. Биљана - Лошо почна но при крај на песната беше подобра. Се мислам дека она вечер ќе испадне. Христијан - Еден од неговите подобри настапи, баш ми се свиѓа како ја испеа песната, мислев скорз ќе утне али сепак добар беше. Виктор - Песната беше супер, малце си го сменил текстот, изгледа Виктор нешто не му беше добро некако чудни фаци правеше. Ама сепак супер испеа, имал и подобри настапи, исто како и за Мики. Јана - Убаво испеа, најдобар настап до сега Иван - Убаво испеа, е сега мене песната што не ми се свиѓа тоа е друго, али супер беше Мислев дека оваа вечер сите ќе испеат перфектно, имаа толку убави песни да изберат али они најглупите ги избрале.
Јана ми беше одлична вечерва Иван преубаво испеа АМА братче рок песничката не почитува правила не ми се допаѓа тоа не е ништо повеќе од останатите па за да пее што сака
Meне Дејан -всушност како и секогаш, ми беше просечен. Убава песна, убаво ја испеа но ништо посебно. Како што кажав претходно, нема да ми биде поразлично и да си оди вечерва. Многу повеќе очекувам од идниот "Идол". Мики на пример, ми ги задоволува критериумите за тоа. Одлично испеа и вечерва, иако имал и подобри настапи. Тој ми е еден од фаворитите. Билјана вечерва многу ми се допадна, точно, можела да избере друга песна но и оваа ја испеа совршено. Мислам дека редно време е да се покаже во свое светло, имам чувство дека може повеќе. Христијан - Па добро ја испеа песната, со оглед на тоа што очекував да зезне... Но мислам дека нема што повеќе да се очекува од него, тој си го направи своето и според мене неговото присуство во Идол треба да заврши тука (ако евентуално остане Дејан) За Виктор имам замерки за текстот, не беше точен. И малку чудно ми звучеше, но спомена дека имал проблеми со грлото. Во целост убаво, иако би сакала да видам нешто повеќе од него наредниот пат, дефинитивно сакам да остане. Јана ми беше супер, позитивна и весела, одлично испеа, без сомнение и лежат вакви песни. Би сакала наредниот пат да ја слушнам како пее балада. И конечно би сакала повеќе да вложи во сценскиот настап, освен цупкањето во место... Во Иван не се сомневав дека ќе испее како што треба, но... И тоа ми е веќе видено. Ми треба нешто ново од него, да не освежи малку со нешто различно. Во секој случај сакам да остане (и покрај тоа што не пееше поп песна и многумина мислат дека не заслужува). А жирито, беа малку досадни - да, но конечно почнаа малку да ги критикуваат, колку - толку, колку да се мрдне од мртва точка, иако требаше да бидат поостри и овој пат.
Мене никој онака посебно не ми се допадна... сите ми беа просечни... Си гласав за Виктор како и секоја гала ама не ме импресионира.. Дејан Please Go Home
Скоро сите ме разочараа за разлика од минатите гали, освен Дејан. Спојлер Само тој си е ист како и секогаш, досаден.
Така грдо и ја пее и Бруно, веројатно затоа и Виктор така ја пееше http://www.youtube.com/watch?v=SR6iYWJxHqs
Мене жирито ми делува како да дава коментари и глупи за*банции само колку они да си се докажат и испрезентираат. Особено Игор со тоа негово:јас оваа песна не ја сакам; јас овде сум бил; го знаеш ли тој и тој од твојот град; јас со тој пејач се знам... Што ми е мене тоа гајле? Таму си поставен не за да се себепрезентираш и да го дрвиш 10 минути за се тоа што ти си доживеал, туку да го коментираш настапот на кандидатот што испеал. Ако на него му поминал мандатот за да биде шоуменот што некогаш бил нека не го користи идолов за да си поврати дел од минатата слава зашто не му успева!
Се согласувам со Анорексик и мислам деке не се однесуваат примерно посебно Игор и Тони..кога Тони рече дека Џастин Тимберлејк пеел како да го фалиле заа .........
Многу сте коментирале па неможам да прочитам се Инаку мое мислење е дека оваа гала беше многу досадна.. Изборот на песни не ме воодушеви..се ми беше просечно..ама најдобри денес ми беа Јана и Иван Христијан се подобрува по малку ама луѓе НЕМОЖАМ да го поднесам!!!! Па она лицемерно гушкање со Бети Мики ми беше супер како и секогаш а Виктор иако ми е еден од фаворитите мислам дека песнава не му требаше, добро и грлото го болеше ама не мораше да рипа на сцена. Билјана добро отпеа за разлика од минатиот пат ама пак несигурно и површно, изгледот до половината и беше супер ама панталонките кратки..лелее Дејан ми е мил но ништо посебно не гледам во него... Заборавив да кажам за Виктор дека ми беше многу обично облечен..и песната немаше никаква музика се едно исто ете во право бев што не сакав да ја пее оваа песна
Неее Виктор има диплома за високо познавање на англискиот од Оксфорд или Кембриџ така неако , имам кажано и порано а тоа JOO мислам дека му беше затоа што ако пееше YOUU немаше да успее толку високо да допее.
Вечерва никој не ми беше нешто посебно. Мики и Иван како и секогаш, постојани и добри. Билјана солидно, но на почетокот не ми се допадна бидејќи мислам дека имаше доста трема. Јана беше задоволителна за разлика од други нејзини настапи. Дејан е исто добар, барем од моја страна има само позитивни коментари иако не е идеален и треба уште да учи. Дали јас сум грешка или Христијан тотално ја утна интонативно песната? Ми беше толку непријатно да го слушам - треба вежбање, треба учење... Но, ајде се' во свое време. Виктор? Ах бе Вики... Добар беше, добар, иако не ме воодушеви како и останатите. А да! - Си можел да избереш многу подобра песна од Grenade, на пример нешто од James Morrison или не? P.S. Како заборавив... сега слушајќи ја Genie in a bottle од Кристина Агилера мислам дека би бил многу подобар избор за Билјана, од овој кој го направила. Што е, тоа е...
И Бруно веројатно затоа така си ја пее Како и да е не го сакам ни Бруно ни песната Инаку што му се запнавте сите на Дејан. Тој барем има глас, за разлика од хрчакот...тоа што е малку страмежлив мислам дека ќе се смени со времето, со зголемувањето на настапите, со поддршката, во глобала и не пее којзнае колку лошо