Сега според Игор победија медиокритетите и слоновите Е нека пукне бре Маца јас и така си пијам, сега па имам и причина Е следната гала лабаво може да се гледа, како да ми извадиле трн од око, така ми е
Ќе може ли некој да ми објасни зошто Игор му рече на Виктор дека не го одбранил својот сограѓанин Нико? Не сум го гледала тоа, се спречкале ли нешто?
Па ги искараа во однос на негативните коментари што ги дадоа за Нико. И многу нормално дека овојпат за Кико колку и да мислат лошо , нема да кажат.
од Идолите не очекувам за КИКО лоши коментари искрено, како што гледам со нив е супер..ама тој колку ке збори..лелеее чувствувам уште сега ако си ја отвори устата како за Нико хахах...чекам среда да дојде. А за Дејан и мене не ми е јасно од каде толку гласови, уствари од каде па од дамна слушам гласини ма да има и сведоци дека низ Радовиш се делат картички да се гласа за него така да не ме чуди што воопшто не седнува на столчето што не е можно, се гледа кој колку е популарен и искрено мислев дека и Виктор ке го седнат..
Дали тоа мене ме лажат очиве, или вистина е тоа што читам по фејсбукот дека Кирца наш отпаднал !? е алал да ви е, тоа го чекав уште од првата гала вечер! Спојлер он ќе пеел песна од Мајки, шупак еден
Маче ќе кажеш славевме синоќа до касно,испадна тоа копиленцето од Идол И колегите твои,и шефот ќе го частам бре !!!
епа затоа што во емисијата еден на еден Кико ептен го извреѓа Нико, а Викотр не го ни одбрани, делуваше како да се сложува со коментарите на Кико.
Искрено не сакав Кико да излезе оваа гала, подобро ќе беше да излезе Билјана бидејќи навистина е се полоша и полоша. Не верувам дека Кико немал доволно гласови, можеби е некоја манипулација за да не остане само една девојка. Како и да е, сакам да дојде среда да видам коментари за него.
Понеделни нешто пред полноќ, сите на фемина во темата Македонски музички идол. Моите коментари за вечерва: 1. Дејан- морам да забележам дека човеков од гала до гала се повеќе напредува. Браво! 2. Мики- како и секогаш, одлична изведба, иако сметам дека направи мали фалшови. Сепак, можеше многу подобро тој. 3. Јана- прекрасна во секоја смисла. 4. Христијан- супер беше вечерва, иако отпадна. Можеби отпадна заслужено, бидејќи не беше којзнае каков вокал, но мислам дека требаше Биљана да отпадни, а не Кико. 5. Виктор- пее како да го тегне некој за тестиси! 6. Биљана- катастрофа! Песната си ја сакам многу, фалшираше во неколку наврати и мислам дека треба да си оди дома во најбрз можен рок. Како и да е, мали совети до неа: *истрижи шишки или пак среди ги некако веѓите, бидејќи си ужасна, особено вечерва кога косата ти беше собрана и целото лице ти беше отворено!; *не носи високи потпетици ако не си способна да одиш на нив. Тоа не е воопшто секси.; *имаш прекрасни нозе, но тоа не значи дека треба по гаќички да излегуваш да пееш. Имај малку чувство на срам, те глеедат и постари. 7. Иван-
Тенкаи не мислам дека го избркаа Кико да не отпадне некоја девојка. Да имал Кико гласови немаше да го избркаат, туку баш ќе го оставеа за да гласаат и понатаму.
се секавате на Кристијан, вториот македонец во операција тријумф? се презива Јованов( исто како и Дејан) и од Радовиш е.. коинциденција? или цела фамилија Јованови мислат дека имаат талент за пеење.. колку што се секавам и сестрата на Кристијан беше на аудицијата на Идол..
Дејан ми е ок ама не сум за него си навивам за Мики, ама тоа смешно ми делува па ако делат така картички да одам да си земам и јас, абе чисти глупости. Демек ако мене ми дадат картичка и јас ќе гласам токму за него може ќе си ги искористам во моја корист, така да тоа ми е неосновано некако инаку верувам дека може на роднини и пријатели ако е богат да донираат по некоја картичка неговите ама тоа така а не дека би делеле по градов ако е така кажете одма ќе одам
Јас стварно незнам кој гласа за Дејан????толку далеку дотурка,а е сосем незабележителен,барем според мене,не дека Кико ми е фаворит,ама барем привлекува внимание,за разлика од Дејан кој е скроз НЕЗАБЕЛЕЖИТЕЛЕН,и затоа според мене Дејан е тој кој требаше да одпадни пред Кико
Оној Дејан изгледа ќе се провлекува до крај, не ми е јасно кој гласа за него, не е можно Кико да има помалку гласови од Дејан...ајде наредната гала се надевам ќе си оди дома, ова што дотурка до овде е премногу за него, не заспива сите со неговите настапи
Сега следен е дефинитивно Дејан. Не ме нервира, ама ме заспива Нема никаква харизма човекот и време е да го фати патот под нозе.