лелеле сега на дејан му се накострешивте а???? е што му фали на детето? може малце е досаден,ама многу убаво си пее едит- ја би таа билјана да си оди одвратна ми е, нема глас, и пак одврана ми е х10 пати е за таа да. ќе славам
Се согласувам во целост...исто како јас да го пишував ова! Мислам дека Виктор, има добар вокал, само што треба да поработи на тоа. И Дејан, треба малку повеќе да се опушти на сцена, а инаку вокалот му е во ред!
Рејнбоу, само ти успеа на целава оваа депресија да ме изнасмееш со коментариве п.с да се разбереме не сум депресивна за Кико Да не бидам офф-топик мој коментар за идоливе ќе добиете утре, откако ќе можам да ги изгледам сите на јутуб. Иначе ме изненади премногу што испадна Кико пред Дејан
е малце тешко за дејан море и за хихо се молевме и колевме, па до кај догура нема да излезе дејан, подобро пее од половина од идоливе што се таму..... само што не е многу впечатлив што знам, ќе ти текне дека е на идол дури кога ќе почне да пее, и после пак ќе заборавиш на него
Потполно се сложувам со тебе. Но како и да е, сигурно Дејан имал повеќе гласови, иако Кико има толку „фанови“ кои ги бидува само за пишување на фејсбук на неговиот профил или пак во инбокс, земање на автограми, сликање со него, фрлање мечиња и вриштење, а кога треба да се гласа нигде ги нема. Христијан беше мој фаворит и нон-стоп гласав за него, освен на втората гала вечер и воопшто не сум среќна што испадна, но тоа е мора некој да излезе.
Инаку јас ќе прокоментирам во однос на бендот. Мора ли да потенцираат бендот на Тоше цело време коа запнале Си има тој бенд сигурно име, а тешко дека тоа име гласи Бендот на Тоше До кога ќе се гради слава со помош на други луѓе, а особено па починати Секоја чест за бендот одлично свират, ама па немора да кажуваат секоја минута дека биле бенд на Тоше. Се препознава квалитет не мораат да потенцираат отекоа со тоа веќе
И јас се приклучувам кон частењето. Нема смисла само да пијам, а да не частам. Денес не штедам А за неговите обожавателки
Се приклучувам кон славењето за заминувањето на Кико , еве јас со нешто поскромно ајде кој е за пиво, части Прилепска Пивара
луѓе јас само да ви кажам дека Идол најубаво од дома се гледа. Бев таму вечерва, студиото е премало, премногу луѓе. Ниту водителите, ниту судиите се слуша што зборат. И од таму ко што слушав сите просечно испеаа.
Eh da mozam da go vartam vremeto da te vratam vo idol i da bides 1 mk idol KIKOOOOOOOOO :'( '( :'( :'( :'( :'( :'( коа пееа од битлси песни зашо и билјана имаше цвикери ко на кико? не знае нишо нејзино да измисли, па сеа од кико ке краде..кобила.. ова се само дел од коментарите на профилот на Кико лелеее мислам дека на училиште утре сите ке одат како варени зајаци во очите..вени ке сечеле, ке се убиле лелеее солзи солзи соолзи на неговиот профил. До толку да се трескаш од земја за некој "издиган" no way а вториот коментар најмногу ме насмеа..Билјана го имитирала Кико хахаха
Од страт на идолов Христијан не беше мој фаворит! Дефинитвно требаше да отпадне пред Бети, пред Кате, пред Нико, пред Ивица, ама не и пред Дејан! Според мене многу поинтересен лик и многу повеќе личи на ѕвезда Хико отколку Дејан! Од тие причини сметам дека Кико можеше да издржи во идолов барем уште една гала вечер! Не дека имам нешто против Дејан,ама му предвидувам ,,блескава кариера,, исто како на Александар Белов! Многу ми се слични тие двајца! Инаку Кико и не глуми дека ти е сеедно оти е понормално да се признае во тие ситуации дека ти е тешко што испаѓаш отколку да се глуми кулирање! И забележав само колку тешко му падна на Мики кога виде дека Кико отпаѓа, човекот се стаписа
Баш ми е симпатична Ивана, а замисли Идол да ти водеше на пример плавана Маријана од Лото и од Бек стејџ