Боље Маријана отколку оваа лиглава,ич не ја можам,а врв и беше на минатата гала прашањето:имаше ЛАПАЊЕ? Каде девојко,на телевизија си... Туку ќе може некој кој беше на столчињата денес,крајот не го гледав?
Оти бе луѓе мене оково не ми го фаќа Иван некако? ова со песната со Тоше што била планирана, мислам дека му припаѓа на Мики. Како и да е, Кико денеска убо ми испеа, ај ваков таков онаков му дојде време, мене ме занима кој е Дејан и кој гласа за него? Не е можно Јас 100 гали не можам да го запомнам, не пеј убо, нема ѕвзда никаква, шо е работава со то дете не знам. А оваа Ивана, не знам кој ја излажал дека ја бива за на ТВ, баба ми бог да си ја прости, со второ одделение поголем речник од неа имаше
Се разлигави малце Иванна,очигледно е ептен! Ама па на крај краева не е тоа документарна емисија каде било какви шеги би биле фатална грешка! Мене лично ми е добра и таа и Ненад, не ми текнива кој друг би можел подобро да се снајде на нивното место! И плус нели мислите дека премногу е бре,се нешто не чини! Ај идолите лом што ги направвме тоа е едно,па и жирито не ни чини (не биле професионалци,не критикувале,форсирале само некои идоли),сега и водителите не чинат! Многу големи очекувања имаме!
Тоа е, од големи очекувања излегуваат големи разочарувања. Ова е шоу со лиценца, не е некое сра*е што го измислиле нашиве, па ваљда затоа јас очекував дека ќе биде професионално. Ама ете, испадна нешто ко упола караоке, упола стенд ап комедија или трагедија Ќе видиме сепак по завршувањето кој како ќе се снајде и каква кариера ќе направи. Еден да процвета доволно е.
Не требаше да испадне Кико бе не ми е он фаворит,ама сепак сега Биљана требаше да си оди дома...ако ништо друго барем да се облече попримерно
^^^Да се надеваме дека барем еден ќе успее да стане идол, дека ќе изгради кариера и дека ќе се исплати и трудот, и гласењето и воопшто шоуто! И јас сум скептична кога жирито на сите им предвидува блескава кариера,некако невозмона мисија ми е тоа! А тоа што очекуваме едно а добиваме друго е лесен проблем! Секогаш постои опција-смени канал и прај се на Тошо!
http://mesto.com.mk/video/YHNNY9K22X82/ ... rbia-Open- фатете го моментот 01:06 Има нешто со Виктор и Јана иако многу малку (речиси ич) се зборува за тоа
Епа малиов си замина и конечно верувам дека ќе се спушти на земја ... Слаба вечер се на се некако сите ми потфрлија особено Мики само на мое големо изненадување настап Виктор иако не ми е фаворит . Дали се збунија со критиките за Нико или ..... Сепак непријатно изненадување , јас бев за Билјана ама како што поминува времево само Мики , Иван и донекаде Виктор си држат ниво остали
и јас мислам дека јана требаше да испадне ама крај и краева редно беше кико да испадне многу се фураше малиот факт е тоа ајде другиот понеделник јана ја очекувам за излез п.с се надевам ке ми се исполни желбата
Ајде и јас да дадам отчет на темава како што е редно Дејан - Незабележителен е крајно, незнам кој го бутка и гласа, Радовиш од каде што и е, е мало место Досаден е, многу. Мики - Не ме имресионира како предходно но ајде, прогледувам низ прсти. Лош избор на песна, иако не фалшираше никаде, песната толку дозволува... Јана - Јана ми е многу симпатична и мила. Втор фаворит ми е после Мики, и мислам дека овој пат најубаво испеа. Биљана - Убаво испеа рака на срце, ама аман веќе со балади. Девојкава само балади знае да пее, во друг тип на песни се губи скроз и фалшира. Иван - Квин на поп вечер... Штознам, не беше лош, ама Квин бре? ... Виктор - Кажав и предходно, самиот си кажа дека имал проблеми со грлото, па ако е тоа оправдувањето, нека биде така Ми се допаѓа што се труди... Кико. Убијте ме, но мене жал ми падна, сериозно... Таман детево почна да се оправа, дури и забавен ми стана - излезе Требаше Дејан пред него да излезе, потоа Кико па можда Биљана... Тоа е тоа, ќе видиме наредниот понеделник што ќе понудат. И ќе видите дека нема да има лоши коментари за Кико на Еден на Еден, не затоа што не смеат зашто Каљопа ќе јаде гомна и Игор војна ќе прогласува, туку зашто останатите кандидати имаа мислам некоја почит спрема Кико. Забавен ли им бил незнам, но од вака што сум гледала далеку по почитуван е отколку Нико И да, баш ми е ќеф, тоа што оваа вечер никој не ме просветли за светата Оооо љубов.
Леле јас сум сигурна дека има нешто меѓу нив... не е феееер, јас си го сакам Виктор за мене Инаку однесувањето на Јана ич не ми се допадна вечерва. Прво кога требаше да кажат дали она или Виктор ќе седне на столчињата и кога кажаа дека она треба да седне беше целата запрепастена не и се веруваше. А кога и кажаа дека поминува одма истрча назад среќна без да ги гушне Билјана и Кико.
мене водителите ми се прекрасни во секој смисол на зборот,ивана знае да лета во облаци понекогаш ама ненад ми е баш на место,позитивен,интересен,си ја знае работата човекот и еднаш на оваа тема одамна некој рече ко мајмун бил такво нешто,извините ама баш е убав ненад,симпатичен и мил,екстра ми е исто и ивана само да се спушти малку на земја не е мис универзум
вака цурици мои и јас бев денес на идол и искрено ништо не изгледа како на телевизија , толку голем хаос не сум видела значи деца пиштат вриштат , некако ми е толку не организирано толку мала сала ....и се согласувам дека ништо не се слуша дома си е дома брате игор и тони пушат на паузи внатре кога камера не ги фака толку па не можат да се воздржат а за опи не можам да коментирам имам нагон.... идолите ме разочараа сите , немам некој посебен фаворит освен мики ми се двои од сите и со држење и пеење а и искрено не можеш убаво ништо да слушнеш од толку вриштења околу тебе .... не очекував дека ке испадне хихо наш...али искрено па и доста му беше виктор чисто промашување со стајлинг и со песна .....може малце и он да осети како е да се биде на столчето а и да ви кажам на паузата кога има вести на тв го видов виктор како се гушка и се бакна во уста со едно девојче
Не го следам шоуво, ниту пак темата, но вечер за прв пат изгледав од почеток до крај една емисија, па да се изјаснам и јас. Мојот фаворит е Иван Раденов. Дефинитивно најмногу ми прави мерак. Дечкото има и глас и стас, а воопшто не изгледа арогантно и препотентно. Многу личи на скромен човек и некој што им посакува најдобро на другите, без разлика дали се конкуренција или не. Не го познавам, ниту пак сум гледала повеќе негови настапи, но таков прв впечаток ми остави. За пеењето немам збор, најрастур направи оваа вечер. Има моќен глас кој со песнава доста добро го покажа. Збор - два за (К)Христијан Тодоровски. Не знам, дечково добро изгледа и е ѓаволски свесен за тоа, но пеењето не му е баш нај нај. Не ми се допадна како испеа вечерва, посебно затоа што одбрал песна која е надвор од неговата лига. Ми се допадна претходната негова изведба, чинам „Зашто правиш слона од мене“ од Дино Дворник. Прв негов настап што го имам погледнато, па и не беше толку лошо во споредба со денешниот. Останатите сите ми се океј, со исклучок на тој што пееше прв, ми се чини Дејан се викаше. Се губи во песната некако, најмногу не ми се допадна од сите. И Јана убаво испеа, а и убаво беше облечена.
Рака на срце , сите убаво пеат. Но , јас немам идол. Тапа ми се , толку со тек на време се покажаа како нехаризматични. Виктор е добар дечко , но таа негова исфилувана скромност , лажна скромност. Лигав е. Дејан - немам појма кој е тој (сериозно). Мики ми е неатрактивен. Биљана е добра риба. Иван , само тој е некој степен погоре. Е , и Јана ми е симпатична..одсекогаш. И мене ми беше жал. Не го можам со неговите потези , сакам да го тепам..ама барем не се фолираше. Без маска беше. И плус ова омразава према дечково ко во мода да е.. Не го мразат толку заради што незнае да пее , туку ради треската што се создаде.. Љубомора..свашта Ама ај не е за жалење..ќе се снајде тој