Прво ќе кажам УА за А1 продукција!идам јас вчера на Идол во 19:30 таму бев - кога верувале или не неможе да се влезе затоа што наводно немало место внатре а јас со КАРТА си бев.И не бев само јас туку уште 20-30 души имаше.Ма молење на директорот, ма викање, ма ништо не помага.Си дремевме надвор.Добро барем врата беше отворена па гледавме нешто колку-толку.Ќути шуќур Виктор кога пееше зашто си бевме сме фанови собрани не пуштија до врата да гледаме. Ајде помина што помина тоа испеаа сите и ама баш ништо не ни слушнав не ни разбрав уште Иван кога пееше се собравме јас + 3 девојчиња пред заден излез да се сликаме и тоа не пред тоа оградата него до комбето ами како.И почнува пауза (вести кога даваат) и почнуваат да искачаат сите ред по ред и Виктор кога искочи погодете кој прв се џитна - кој друг ако не јас И добро се изнасликавме, го изнагушкавме, се сликаше со други и отиде кај тоа оградата на другите автограм да дава и такви ствари и незнам што се случувало таму чим ваму беш хаос таму не знам што било.И после како што е редот јас се сликав и со Калиопи, Иван и Мики и го гледам Христијан и викам ај колку слика да имам а тоа говедо безобразно абе ГРБ ми сврти абе безобразен (а Иван срцка збореше на телефон и затвори за да се слика). И ајт се изнасликавме и влегуваме внатре (конечно пуштија за испаѓањето без карти) и си седнавме јас и другарка ми и чувавме место и едни офци скапани 3-4 одд. па ајде и 5то доаѓаат и викаат станете ова за фановите на Христијан абе ќе почнев да се карам туку ај остај деца.И седнавме горе на трибината и почнува испаѓање.Викам јас дај боже Христијан гом*оно да испадне и една ми се врти и ме загледа ко пола фамилија да сум и убила.И гледаме што гледаме и доваѓа Виктор на ред и кога кажаа поминува другарка ми ќе се превртеше отпозади во Тркало на среќата ќе паднеше .И сега нели Христијан, Јана и Билјана на столови и кажуваат Јана поминува и останаа Христијан и Билјана и ја викам Христијан испаѓа она вика Билјана.И испаѓа Христијан сите се дерат, се качија на сцена, почнаа солзите, излегуваме надвор. Надвор - општ хаос.Пола женски род плаче, се тресе од земја и паѓа во транс, четвртина ги теши, друга четвртина си се кези ко мене. Страв ми беше да зборам нешто да не ме затепаат не за друго. И излага овој, тие го гушкаат, се лигават, растечена шминка а плачат ко на погреб да се. И така ви викам. Отсега на Виктор му се придружува и Иван како мој фаворит. Ај сега да ве исчитам на раат во преносот и да изгледам ко што треба изведбиве.
Не знам дали на претходните страни некоја девојка го спомнала ова, но вчера вечерта гледав Ексклузив и кажаа дека Христијан го избркале бидејќи е казнет затоа што внесол девојка во хотелот во кој престојуваат, а тоа било забрането. Така што не се работело за гласовите на публиката, бидејќи сигурно тој немал помалку гласови од Дејан или Билјана и Јана. Искрено жал ми падна, бидејќи не заслужи вчера да излезе, на претходните гали повеќе заслужуваше па сепак го задржуваа, а веќе почна и да се подобрува и да се труди да го покаже тоа што го може.
Абе луѓе знае ли некој за во понеделник дали важат истите карти од вчера пошо не не примаа ни со карти ни без карти ? И дали знаете со колку печати треба да бидат во понеделник картите?
ви кажав јас виктор се гушкаше(љубовно ) со едно девојче на паузата јас лично видов и синока гледав реприза на телевизија ...виктор пеење катастрофа со тоаа јоооо аууу завивање до бескрај..... во живо не звучеше толку лошо или ја така сум слушнала ...убедливо најлош негов настап МИКИ легендо моја никој нема да те сруши
Христијан беше казнет со 10 карти помалку, а не беше избркан заради тоа со девојката, штом излезе сигурно имал најмалку гласови.
Жал ми е што испадна Христијан бидејќи стварно многу убави испеа!Мики беше најбоље ко и секат, а многу се разочарав од Виктор,тоа не беше пеење тоа беше завивање и рикање.Ич не ми се допадна неговиот настап катастрофа!
Добра финта на продукцијава им е тоа, без посети без ништо под клуч во хотел само што ги шетаат навака-натака ама тоа е 1-2 неделно, другите денови коси корнат од досада, и идоливе малце по малце сафра ги фаќа па кој би го издржал тоа без да изгуби некој нерв? И така сите посакуваат да си одат веќе дома и се откажуваат малце по малце, не се ни трудат премногу немаат ни волја некоја за пеење ниту за натпревар, не им е веќе до толку дали ќе одат понатаму или не зошто знаат што ги чека цела недела, се гледа дека се изморени од хотелот-затвор.
ХРИСТИЈАААН.. не требаше да испадне,жал ми е што испадна..многу убаво испеја, имаше многу полошо што испејаа.. а што беше изненадувањето што го најавуваа ?
*Во стилот на обожавателките на Нико* Од каде знаете вие каков е Христијан????????? Кога не го ни познавате лично. Контрадикторност до бол Истите тие кои го бранат Нико со фамозната реченица "од каде знаете каков е кога не го познавате", сега плукаат по Христијан. Епа девојки, од каде знаете каков е кога не го познавате? Чудно м?
*во стилот на обожавателките на добрата музика и вистински добри пејачки вокали* Мене не ми се допаѓа ниту ми се допаѓаше начинот на кој тој пееше т.е. неговиот глас. Едноставно мислам дека нема некој талент за пеење може да биде водител,актер ама пејач сигурно не. За тоа со девојката не ми се верува бидејќи сигурно има некое обезбедување и им имаат кажано дека не може да влегуваат и други луѓе, сигурно е поради гласовите тој неколку пати беше на трите стола така да овој пат и немал толку среќа
Само што почна да ми станува интересен Кико испадна а и многу ми се допаѓаше како испеа синоќа ама тоа е...Сепак пстанувам на моите фаворити Мики и Виктор!!!
Се известуваат сите дека во Македонија падна атомска бомба кај г-динот Христијан Тодоровски на профил. Ако сакате да избегнете ужасно кочење на вашиот компјутер и facebook држете се подалеку од профилот.
Не знам по кој пат ке кажам дека Дејан ми е мил, скромен..ама ништо посебно нема во неговата појава и пеење и стварно ако не друго барем бројките на настапите на You tube многу кажуваат за тоа кој колку фанови има а тој ги има најмалку и не е можно дури ни на трите столчиња да не седне ни еднаш (освен првата гала) - ке банкротират дома од толку потрошени картички..Еве Кико не го сакав ама неможам да кажам дека нема фанови..и така му требаше-не излезе кога пееше катастрофално туку вчера кога ми се допадна пеењето (иако не сакав да признаам). А неговот однесување маалку од малку мислам дека се смени како резултат на сите негативни коментари и се надевам нема да "лета во облаци " уште повеќе сега, сигурно свати дека 12годишнички нема да му ги полнат настапите зошто како прво нема да ги пуштат на врата Сепак мислам дека Кико треба да се занимава со глума или водителство (во секој случај ТВ професија) и целосно да го тргне тој арогантен став и однесување, но пеењето дефинитивно не треба да му биде идна професија зошто не би сакала да замислам како ке изгледа еден негов концерт или настап Заборавив да кажам за Дејан дека заедно со еден негов другар пред некоја година често имаа свирки во еден кафич во Струмица и стварно беше супер добро пееше, имаше луѓе..ама НЕ МИ Е ЗА ИДЕН МАКЕДОНСКИ ИДОЛ!!!
Леле девојки читав, читав, читав и дочитав два саати. Не коментирав вчера воопшто , не бев во можност, но го гледав идол нормално така фамилијарно и си развивав дискусија. И на крај јас навистина наздравив кога испадна драгиот ми Христијан, за кого патем тетка ми коментираше дека кошулата му беше како оние од келнерите во „Македонска куќа“ ( кафана во Прилеп, кој бил знае ). Се на се драго ми е што се вразумија луѓето и се надевам дека Декио ќе следи за испаѓање. Инаку никој посебно не ме воодушеви, од она што можев да го слушнам. Да се надеваме следната гала ќе биде подобра. И се согласувам за Калиопи како што тргнала некој ден облеката ќе им ја даде.
На столчињата беа Биле Јана и Кико. На крај меѓу Биле и Кико беше "битката" и некако неочекувано брзо му соопштија на Кико дека излегува..и да вчерашната гала беше најслаба по мене барем во пеењето освен Јана и Иван кои ми се допаднаа како испееја
На столчињата седеа Јана, Билјана и Кико. Ах, женски не може крајот да ви се фати. Ај што сте се распишале и што ве читав со часови , туку до сега, 97% од членките на Фемина навиваа Кико да си оди, и оп, сега на сите им е мака. И после се чудиме зошто машките не можат да не разберат. Спојлер Шала де Туку, јас мислам дека редно беше да си оди, иако на последните гали беше арен. Мора да си плати за старите грешки . Како и да е, и оваа гала како и другите, ништо посебно, ама ми се чини дека малце потфрлија останативе. И ете, жирито си докажа дека не стои на зборот! Пак му ууууукаа на Кико, а тие си продолжија да си седат, наместо еден по еден, сите тројца да си ги мрднат газињата од столчињата и да си заминат.. АБЕЕЕ!!! САКАМ НОВО ЖИРИ!