Каде се сега обожавателките, гласаше некоја од вас или планира да гласа? Првите 3ца јас сум 90 % сигурна дека ќе влезат
Малце сум офф-топик, но не следам многу Идол, оваа кумановката Евгенија Чанчалова, вчера ја гледав на М2? Од кај сега таму?
^ Евгенија си е на М2 отсекогаш, а на Идол не е влезена помеѓу 20 финалисти. Инаку дечково што пее сега, прв пат го гледам. Стварно не знам од кај никна. Јас си гласав за Иван, еднаш сосема е доволно бидејќи сум повеќе од сигурна дека ќе влезе во финале. Ќе ги чувам гласовите за понатака.
^ Да, ја викнал сестра му и ќерките нејзини, па му џитнаа меченца. Инаку идниот понеделник планирам да одам, во Метрополис Арена се оддржува, така?
Нема да одам офф бидејќи е поврзано со идол. Тој човекот што одеше во прилогот кај Иван, татко му е така? Дека рече сите 3ца (веројатно мислел на син му, брат му на Иван ) биле како браќа. Абе младич, шубо така да не мојш да распознајш кој е татко кој е син. Едит: Рејнобу ме претрка , изгледа ради мешањето ќе да е и пљус песната се вика секс он д фајр па ти сега види
Мики ме изненади и тоа пријатно Изборот на песната ,изведбата одлична Јас покрај за Иван ќе гласам и за него
Денис може има убав глас, ама не ми е пријатен за уво. Премногу ми пречи тоа „завивањето“ на почеток на секој збор, плус ко појава ми е крајно антипатичен, ставот му зрачи со сељачизам, нешто слично ко Тарабунов.
Лукс тоа беше Валентино Скендеровски ако не грешам. А кога рече како браќа, мислеше на членовите од бендот Аквариус.
мики пријателе: Само едно нешто wowwwwwwwwwwww пријатно ме изнанадил И Лукс да кажам ЈАС ГЛАСАВ!! Од кај мама за Виктор, од кај тато за Иван Ама сега ќе пуштам срце и ќе гласам и за Мики од кај мене (многу ми се допадна изведбата)
Овој ми е како Џастин Биберко и лигав е и не го сакам, прв шо не го сакам од муживе, уф некако не го поднасам.
Aхахахаха како му избега крајот, ааа,уууу,ооооо Ајде дете, оди преспи, па врати се по некоја година Леле жириво
Овој се мисли дека е главен фраер у маало, па кога им намигнуваше на жирито ? За пеење океј пее, ама ептен се фура.
И мене сите ми се супер, дури не знам ни кои ќе излезат бидејќи е тешка одлука. Кој и да си отиде ќе ми е криво. Супер се!!! Едит: Овој сега ми е многу интересен!!! (Нико )
Неможам да го преболам Боби/Бобан Трајковски Спојлер тој на почеток што беше со битбокс,не сум сигурна дека вака се презиваше . Овај Христијан Тодоровски убав е,убаво пее..ама би го тепала,многу