Епа ете, се докажува уште еднаш дека треба да знаеш да се снајдеш во животот, а Идол на Коста само му беше отскочна даска.И не само на Коста.Еве лани на бугарскиот Идол Дарко Илиевски нели беше и ете испадна пред Тарабунов и овој Бојан, ама ете: си прави песни, активен си е на сцената а Бојан 2 место освои и никаде го нема, нема ни една песна.И Тарабунов колку го сакаа, па си стои и тој на место. Наталија на колку Идола беше (еве и на нашиов беше ама испадна пустата) и таа нема ништо направено, само се влечка по музички шоуа.
lugje daj be ne zamarajte site isto pisuvate za kiko ,ist proizvod samo vo razlicno opakuvanje ....dosta vise toa e moe mislenje i gotovo !!
^ Ова е форум и секој си пишува што мисли, и може да пишува што мисли, се додека не отиде оф топик. Е така. Иначе ако стварно се пеат дуети, ќе биде јако. Ама јас пак не разбрав. Ќе пеат две песни дует или една песна дует, една песна соло? Едит.
Ова ме имаш цитирано мене. Ок Моето мислење не се однесуваше на тебе или на било кој друг Ама више смачено ми е, неможе човек да мрдне негде а да не слуша плачки од типот; леле Кико колку беше убав, леле, леле леле... Аман и мене ми се смачи више и до другата гала на коментирам. Мислам дека сите си го кажавме мислењето за дотичниот Се разви дебата како да е Елвис Присли, а не некое си детиште од 18 години или колку да ги има, кое ако не се пријавеше на Идол никој немаше да знае дека постои И сега цитирајте ме ако сакате, на останати коментари не враќам Се до другата гала *поздрав
Да, ќе пеат по две песни. Едната странски дует, другата соло македонски поп Значи покрај тоа што сите 6 идоли ќе пеат по една песна, ќе имаме и плус 3 дуети
Aко сакам до утре ќе се напнам,ова е форум и секој може да пишува колку сака океј?И кај виде ти дека ти демантираат мислења жити се?Да те известам,не е демантирање,туку бранење на своето мислење И ,само изгледот е доволен за на сцена? Е баш да ти кажам,мене он ми е одвратен,во буквална смисла.Има тело на штурец,нозе на газела,ко шпагета некоја е. И сеа?Сигурно не сум единствена на која не и е убав.Ние што треба да бараме?Ни глас,ни убавина. Еден идол треба да има се,а не половина.
Еве што Венко Андоновски ( мојот идол, човек кој намногу го почитувам) имаше да каже за испаѓањето на Нико. Не велам ништо само http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22271
Стварно убаво напишано, во стил на професор, но...премногу субјективно. Со некои делови не се согласувам. Да точно и природно е меѓу идолите да се јави љубомора, сигурна сум дека во Нико гледале голема конкуренција што исто така е нормално бидејќи морам да признаам (иако не ми беше фаворит ни од далеку) дека пее совршено. Точно е дека просечните луѓе прават се да ги "растргнат" надпросечните, живееме во држава каде 90% од луѓето се мрзеливи, но кои ги користат сите останати средства да стигнат до својот успех. Меѓутоа тоа не важи за публиката на Идол. Самиот збор фаворит за кој што луѓето даваат гласови значи омилен. Па никој не е будала да гласа за некој кој според него не е најдобар, нормално секој со своите критериуми и со својот вкус. Јас како гласач не се чувствувам загрозена од Нико како најдобар па да не гласам за него. Глупости. И факт е дека изгледот, а уште повеќе харизмата е таа која ги предизвикува луѓето да гласаат. А да бидеме реални дека Нико го нема ни едното ни другото. Секоја чест на професорот...но не се согласувам потполно.
Во понеделник ОФИЦИЈАЛНО Виктор ке ја пее од Лозано "Сонце не ме грее", а дуетот ке биде со МИКИ- "Don't let the sun down on me "-George Michael ft. Elton John. Очекувањата ми се високи И ми се допаѓа комбинацијата за дуетот (Виктор-Мики) затоа што имат различна боја на гласовите и ЗАТОА ШТО МИ СЕ ФАВОРИТИ!!! Го чекам овој понеделник со нетрпение..
Секоја гала мислиме дека ќе биде интересна, ама мене секоја наредна се повеќе ме разочарува. Тапа ми станува некако и место сега да растураат, да вадат некој упм глас, они зафркнуваат...
Леле и јас одвај чекам, башка што идам во понеделник пак 90 % а башка и што по 2 песни ќе пее, абе мераци!
Потполно се согласувам. Бидејќи имав можност да ги слушам во живо на последнава гала морам да кажам дека е многу различно на ТВ и во живо. Во живо многу повеќе се забележуваат грешките,па така Виктор на почетокот исфалшира малку повеќе, али некако се врати назад. Исто и Билјана некако не ми се допадна како испеа. Сепак како и да е,они се почетници така што за некое време ќе се подобрат
Почетници... Колку време се веќе во идолов? ДО сега требаше не да се подобрат, туку да растураат на сцена. Ај бидејќи е ова кај нас ќе се задоволевме и со тоа веќе да не го забораваат текстот. Озбилно. Мислам, да, озбилно.
Ххахахаххахахах. Кои драми беа во понеделников на крајот. Какви плачки беа и вреѓања....Страшно беше.Како да им умрел некј од фамилија.Ја рзбирам жал им е али....ова беше претерано.Девојчињава од земја се трескаа.Можам да замислам како ќе биде ако отпадне Виктор.Ќе треба пет коли брза помош да се викнат.А може и по едно жуто комбе
Некој праша кои ќе бидат дуетите...Значи гледам дека веќе сте дознале за дуетот на Виктор и Мики...останатите дуети се Иван и Јана,Дејан и Билјана...а за песните кога ќе дознаам нешто ќе ви кажам.
Супер ги ставиле... Мики и Виктор најдобри после Иван и Јана и на крај Дејан и Биљана... подобро неможеле