Овој понеделник не го гледав Идол, не бев ни заинтересирана... Ама еве сега гледам Еден на Еден затоа што ме интересира баш што ќе каже Христијан за Нико.
Знае Христијан да каже нешто друго освен "во секој случај" ? Нико излезе многу поголем од сите што јавно го понижија со своите груби коментари, се воздржи и не упати ни еден навредлив збор до Христијан, кој како да сакаше што подолу да го "спушти" иако несвесно тоа си го направи самиот на себе. Само напред, Нико!
Ливинг ЛАЈК а прејер? Браво,задоволително за 19 годишен човек што сака да стане некој и нешто на естрадава.
Не бе Маца се збуни он мислеше на Лајк а прејер од Мадона не му ни текна на Бон Џови веројатно дека ја изведуваше од Мадона
Епа убијте ме,обесете ме,и јас самата ке се САМООБЕСАМ ама и на мене не ми изгледа лош Не верував дека ке го кажам ова,ама... никогаш не вели никогаш Може стварно не е толку лош,може до годините е,сепак е во лудите години Ама факт е дека уште многу треба да учи како треба да се однесува и дека треба да се воздржи пред да каже или направи нешто,сепак сега е "јавна личност",донекаде
Не бе,уште не можам да го сварам.19 години има,барем малку од малку може да биде прибран,што знам.Ај забавен,не го знам да кажам,ама уште не ми се свиѓа.
Кој контраст беше анкетата во Скопје со таа во Прилеп. Изгледа само во Прилеп го гласале, па затоа и испаднал. Мене впечатокот не ми е сменет, нема ни да се смени. Не сакаше ништо за Нико да коментира да не се укопа подлабоко, бидејќи виде какви се коментарите.
А1 добивале закани. јас кико си го сакав, тоа е баш поради тој карактер и темпераментност, јас не сакам уштирканост сепак не гласав и не паднав во бесознание за него. И нешто нај тазе од фб
Мора да се признае дека детево е родено за на телевизија. Има и речник и харизма за разлика од повеќето од идолите. Браво Кико
Се што кажа ми се свиѓаше, освен што ги поддржа и оправда обожавателките во нивните испади. ТОА НЕ ! Можеше барем да каже дека излегоа од границите на нормала, може ќе им дојдеше памет.
Го осетивте моментот од анкетата во Прилеп?? Последното девојче кога рече: " Овде некој (КИКО) сака нешто да направи ама другите му љубоморат и затоа не го гласат"...затоа испаднал хаахха..па само Прилеп да не постои во Македонија алооо??? инаки да, се снајде добро во интервјуто..но, се чуди зошто оставал впечаток на арогантен?? Јас ке му кажам ЗАТОА ШТО ТАКА И СЕ ПОНАШАШЕ; само што сега полека си "легнува на брашното" затоа што го критикувааа многу, и да за Нико од таа причина не кажа ништо а недела пред тоа јазикот ке си го голтнеше од зборување За Нико можам да кажам што не падна на негово ниво и да го навредува иако имаше можност за тоа. Го испуштив делот со Лаура, што кажа , што било со нив ???
Абе ич не ми е важно дали бил арогантен, препотентен, забавен, убав, лош, добар. Како вокал беше најслаб таму и точка. И колку што разбрав јас, а ако сум грешка исправете ме, идол е музичко шоу. А не почнавме психијатри да изиграваме, какви биле по карактер. Можи на музичките ѕвезди јас му читам прво натална карта и чекам профил да ми направат на карактер за да ги сакам. Не, тие што се музички талентирани испливуваат на површина и сите им ги слушаат песните, па макар и како Џеврие биле. Едит: Па и прилепчани не го сакаат, тоа сакаше да каже таа малата што се развика. Му љубомориме да, точно е. Сакам јас да ми ја дај кошулата од минатиот пат, можно е во Македонска куќа да се вработувам.