Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Бугарскиот беше поинтересен затоа што жирито даваше критики, а овие абер немаат нашиве и нормално е кога нема кој да те искритикува ќе си мислиш дека си супер, во ред си, и.т.н добиваш само пофалби... Затоа не се трудат и се се полоши и полоши. Кога би имало кој да ги посоветува верувам дека ќе беа по квалитетни. Јас не го сфаќам толку трагично, навивам за Мики, ако наредната гала вечер излезе, тогаш во ред така решила публиката и тоа е тоа. А сега препаѓање во несвест и депресии било за Кико или за Нико сеедно... Не е битно кој ќе победи, битно е кој понатаму ќе постигне најмногу, а јас лично, мислам дека Нико нема да биде тој што ќе постигне најмногу од причина што нема појава, а кај нас тоа е една од клучните работи. Мислам дека Мики и Иван ќе имаат солидна кариера, можеби и Виктор. Кристијан ми има повеќе талент за глумење или за водител отколку за пејач, но во ред, го бива и за пеење, но не е толку добар како другите :)

    Него сега кога споменав кариера се сетив... На радио слушам се врти песна од Анита Мицова. Таа нели отпадна на Мини концертите уште? Или не е истата Анита Мицова? :wasntme:
     
    На Mandarinna88 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    хаха сега ме потсети...песнава ја фаќам веке неколку пати на А2 уште од пред месец време, и цело време ми личеше на Анита типкава но не бев сигурна зошто не го фаќав почетокот за да видам кој ја пее песната.
    Инаку ДА, таа е, еве ја песната
    http://www.youtube.com/watch?v=BOi3KHjol44

    интересен стил нешто поразлично , не е лошо ;)
    Само ме интересира дали оваа е од песните што ке им ги поклонуваа..ма да не верувам толку брзо или... :^)
    ЕДИТ.Па песната е од 2009 :!: и има неколку песни оваа Анита :clap: сега може подобро да се испромовира :)
     
  3. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Леле в4ера Кико во еден на еден, ептен пријатно ме изненади за прв пат не скокаше како детенце од прво одделение, и не кажа ни некоја глупост...зна4и ина4е јас не го обожавав, ама за в4ера секоја пофалба... :) :)
     
    На LoVeR му/ѝ се допаѓа ова.
  4. A-R

    A-R Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    ДЕЈАН Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ИДОЛ....
     
    На SpaceGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Како ги ставиле во дуетот Билјана и Дејан, баш оние кои сакам да испаднат.
    Инаку за оваа песна која што е ќе ја пее Виктор и Мики, мислам дека подобро би било да ја пеат Виктор и Иван... :?: Ќе видиме во понеделник како се спремиле и што ќе направат :)
     
  6. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Леле бе Викторија ќе те тепам, се сакам нешто да постирам а ти пред мене постираш секогаш.Јас и ти потпароли на Виктор испаднавме :lol: .
    А иначе знаете за другиве шо ќе пејат, другите дуети? :?:
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Anna-Marija

    Anna-Marija Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2010
    Пораки:
    51
    Допаѓања:
    3
    абе луѓе знае ли некој за у понеделник картите со колку печати треба да бидат и дали може истите карти од минатиов понеделник пошто не не пуштаа (касно сме дошле) дали ке може со истите да влеземе? Ај кажете ми плс? :)
     
  8. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Хахаха некои стварно сеее..... еве што обајвуват по страниве за идол и на Христијан фејзбукот
    Понеделник 9.5.2011 додека идолите пеат прати СМС со текст ИДОЛ (празно место) ГО САКАМЕ ХРИСТИЈАН ТОДОРОСКИ НАЗАД ВО ИДОЛ и прати на 144695 цена на смс 20 ден. + ддв но ако вистински го сакаме нема да штедиме.
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Дрн, дрн не ве дочитав сте се распишувале.
    Вчера гледав еден на еден и Кристијан пријатно ме изненади во поглед на однесување и речник, искрено не очекував дека ќе биде онака смирен .
    И ако приметивте че ни еднаш не кажа, и зборуваше најлитературно од сите што беа гости од идоливе :D
    ако лажам да не се мажам, жими се така е, нити па ми е идол нити сум му обожаватлека, нити сметам дека е не знам какво и ти детишите, прво има 19 години еднаш, после бил детиште, епа не може да биде детиште и да сака, за жал на некои нема 14 и тоа е тоа, ама пак затоа е најмал од машките.
    Од кај знаеш дека Е ? , кога уште никој не е , ај да пишеше ќе биде, ама вака ко да го прогласиле.
    Зборуваш ко идолов да е веќе завршен.
     
    На rebekar, Offspring и crazylady им се допаѓа ова.
  10. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.214
    Допаѓања:
    8.436
    Најприземен од сите беше и јас се зачудив :?: :rofl:
     
    На SpaceGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. al-vik

    al-vik Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2010
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    110
    Жирито на бугарскиот идол даваше критики додека беа аудициите, кога започнаа концертите и тие повеќе гледаа да пофалат нешто слично како кај нас и да кажат по некоја шега.
    Абе се што е туѓо е подобро,како да не. До толку да не знаеме да се цениме катастрофа
     
  12. MissAnn

    MissAnn Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    383
    Допаѓања:
    278
    Пол:
    Женски
    Коментар на Венко Андоновски за испаѓањето на Нико. Кој сака нека го читне :)

    Писма до душевадникот

    Не гледам телевизија, но го гледам одвреме-навреме „Македонски идол“. И, како и секој човек кога гледа натпревар, и јас имав свој идол. Тоа беше Нико од Битола. Веднаш да кажам – ниту го знам ниту го познавам. Не ми е ниту роднина ниту пријател. Нико отпадна од конкуренцијата минатиот круг. И, бидејќи сум субјективен, ќе кажам – отпадна НЕПРАВЕДНО.

    Веднаш да им се извинам на преостанатите учесници – сите се добри и нека ги служи среќата за понатаму. Но, Нико, според мене беше – не идол, туку Бог. Затоа и го отфрлија. Има огромна разлика (барем во Светото писмо) меѓу идоли и Бог. Кажано е: не правете идоли и слики на Бога, туку почитувајте го Бога. А Нико, нека ми простат другите, за сите нив го ИЗМИСЛИЛ ПЕЕЊЕТО. Тоа е мој субјективен став. Но она за што сакам да пишувам не е моето отворено навивање за Нико. Сакам да пишувам за негативната селекција.

    Што е негативна селекција? Негативна селекција е кога намерно на чело се избира послабиот, за да не оди напред подобриот, затоа што тогаш сите ќе мора да одат напред. За да не мора да се оди напред. За да не мора да се работи. Тоа е цената на мрзеливоста, комоцијата и диктатурата на просекот. Тоа е кога народот сака да го убие најдобриот, затоа што најдобриот го засрамува просекот. Тоа е моја дефиниција, по искуствата со персонализмот и колективитетите.

    За мене, Нико е најсупериорниот глас што некогаш сум го слушнал во Македонија, по Тоше Проески. Дури и жирито (Игор Џамбазов, Калиопи, Тони Михајловски) не штедеше зборови на пофалба. Со некои пријатели се обложив уште тогаш дека на момчето црно му се пишува со таков талент, и го добив облогот. Иако многумина мислеа дека Нико ќе биде новиот македонски идол, јас сепак бев во право. Прогнозирав дека ќе го исфрлат, и тоа не веднаш, ама некаде ДОВОЛНО РАНО пред крај (за да го понижат) – сигурно. Зошто? Затоа што просечноста не поднесува генијалност. Затоа што незнаењето е сурово кон знаењето, а знаењето е благо кон незнаењето. Затоа што знаењето има разбирање за незнаењето и во тоа е неговата слабост, а незнаењето нема разбирање за знаењето и во тоа е неговата слепа сила. Отсекогаш било така.

    Знам дека и оние што седат во жирито самите искусиле доста од таа горчина. Го искусиле истото она што му се случи на Нико – клоца токму кога си најдобар. Или афера кога си најдобар. Да паднеш во калта, да те оцрнат. Човек не трпи подобар од себе, дури и да е високо морално и религиозно воспитан. А посебно не трпи десеткратно подобри од себе. Народот, пак, е посебна приказна. Збирна, анонимна множина без морал и одговорност кон убавото и доброто. Народот избираше (преку телефонски гласови), не жирито. Истиот народ што во јуни ќе гласа за политичките партии и за власта на која ќе и ја довери својата судбина. И што ќе одбере? Сигурно нема да го одбере најдоброто – тоа го покажа и со отфрлањето на Нико. Народот сака идоли, шупливи кипови, не сака богови. Она што е најдобро никогаш не победува. Сенека на едно место во „Блажениот живот“ вели: „Кога станува збор за човечките работи, тие не се така добро поставени за да подобрите нешта им се допаѓаат на поголемиот дел луѓе; напротив, мноштвото е показател на најлошото“.

    Значи, Нико е само една од илјадниците анонимни жртви на тој невкус, на таа гилотина на толпата. Нико е секој оној што со својот талент (пред три седмици напишав колумна со наслов „Данок на талентот“) го привлекува вниманието на просечните. Логиката на толпата е - Нико треба да се убие. Тој е различен, премногу добар. Медиокритетите тоа тешко го поднесуваат. Тие шизнуваат при помислата дека некој подобро го работи она што и тие го работат. И тогаш, медиокритетите се ЗДРУЖУВААТ, без разлика што еден на друг би си ги ископале очите. Заедно се додека не го елиминираат заедничкиот непријател, НАЈДОБРИОТ. Кога него ќе го нема, ќе се свртат повторно еден против друг!

    Така изгледаа и коментарите од неговите колеги, откако тој го напушти шоуто, односно откако веќе не ги загрозуваше. Изнарекоа илјада гадости за него – те ваков бил, те онаков. Главните забелешки се сумираа во една поента – бил премногу ОСОБЕНА, речиси напорна личност. Поубав комплимент за личност – нема. Ама во некои минати времиња. Денес, за да бидеш идол, треба да бидеш колективно прифатен, не смееш да имаш особени белези. Просечен идол. Сува вода. Ладен оган. Време на целосни компромиси, кои произведуваат бесмислени оксиморони и, се разбира, морони. И затоа, човекот Нико ги прифати сите тие забелешки со огромна доза на НЕВЕРУВАЊЕ. Не можеше да верува дека неговите довчерашни колеги, другари, цимери – му правеле лице. Одеднаш, тој излезе лош човек, а за тоа никој не му рекол ниту збор, сé додека „бил жив“! По симболичката смрт – му кажаа што мислат за него. Замислете колку жално би било да чекаме некој да умре, за да можеме слободно да кажеме што сме мислеле за него! Каков лигав свет е ова?

    Нико, сепак, од ова шоу ќе излезе со позитивни искуства. Прво, ќе научи дека светот не ги сака најдобрите. Напротив, сака да ги убие. Да се убие Спасителот – тоа не е ништо ново по Библијата! Второ, идолот не значи и најдобар. Идолот е конструкција, пожелна и посакувана слика – па колкупати мојата пријателка Калиопи му забележа на Нико за СТАЈЛИНГОТ. Ваков збор, инаку, во македонскиот јазик, не постои. Тоа се вели – изгледот. Очигледно, во сликата за пејачот-идол, изгледот е сé поважен. Тоа е свртување од суштината (гласот, душата) кон формата (облеката). Ама тоа се новите времиња. Важен е изгледот на ГЛАСОТ. И гласањата, кои лесно се местат со спонзори.

    Значи, Нико, главата горе! Ти си брате, најдобар, и затоа си најлош. Тоа е логиката на нашиот менталитет! Ние, обичните, не го сакаме најдобриот, затоа што најдобриот ни покажува колку сме ретардирани, недугави, неработливи. Во оваа држава постојат луѓе што откако ќе го испијат утринското кафе, прават планови како сопствениот бофал ќе го продадат како А-класа. И прават планови (цели стратегии нацртани на хамер) како ќе им постават бариери на способните, од Бога бакнатите, на надарените. Значи, целта е да се постави барикада. Не е тоа само на „Македонски идол“. Тоа се случува секаде – на факултетите, во политиката, кај чиновниците, во МАНУ. Секаде. И затоа, млад мој фавориту – не се откажувај! Ова е држава во која (ако замислиме дека секоја професија е бокс-меч) мораш да победиш со нокаут, оти ако одиш на победа со поени, судиите ќе го наместат мечот, и иако си супериорен, ќе загубиш со 3:2!
    Тоа бара енергија. Тоа цица енергија. Ама тоа е тоа. Македонија. Вечна. Толку вечна што не подлежи на развој.

    Авторот е универзитетски професор и писател


    Автор: Венко Андоновски
    Извор: http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDe ... anie=22271
     
    На Lux, Kitten, Chupe и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    На почеток бев за Емилија но сега одкако испадна навивам за Јана ...
     
  14. 90210

    90210 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    55
    Абе Анита имала 5-6 песни ако не и повеќе. Како може уопште да не сум знаела дека постои...хммм а не се така лоши
     
  15. mamence

    mamence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    45
    Драги мои феминки, многу, многу ми е жал што не ја разбравте суштината на текстот на Венко Андоновски
    каде што го одбира ликот на Нико за да каже повеќе вистини за денешницата..ах..
    Нема врска тоа со дотичниот, можеше да биде тоа и било кој друг антихерој...
     
    На baguf4e и angelce1 им се допаѓа ова.
  16. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    па не дека само ги фалеше... ако некој пее фалш... им кажуваа фалшиво пееш :D или оваа песна не ти одговара поради тоа и тоа... не дека е туѓо па подобро, и не дека нашиов идол е лош ама жириот освен прекрасен си и убав и поаботи на емоција можат уште нешто да ги посоветуваат...
     
  17. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Ја разбравме сите поентата на Венко Андоновски, но не беше во ред да зборува конкретно за Нико ако сакаше да зборува за денешницава општо далеку попаметно ќе му беше ако избереше некој рандом лик !! Вака целата приказна добива една многу погрешна димензија, а Венко губи во секој случај...
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    Иван ќе (ми) ја пее лебетот бел од Нокаут :) :) :)

    а дуетот со Јана ќе ја пеат Grease - You Are The One That I Want...
     
  19. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Аха да сонувај си ти.... :) :)
     
    На Tanny му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Леле бе, ама и се нафрливте зашто пишала за Дејан дека е првиот идол ко божем пола фамилија да ви убила |(
    А што знаете може и стварно ќе биде :!: :D
     
    На SpaceGirl му/ѝ се допаѓа ова.