Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    МИКИ Е ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ МУЗИЧКИ ИДОЛ... и ај сега што ми можете 8)
     
    На s.u.n.s.h.i.n.e, sparklie и De-lovely им се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Мона мариии никој не и се нафрли :D
    шала на страна, моја забелешка беше кај знае таа дека тој ќе победи ?
    Постот беше напишан како веќе да е шоуво завршено и не известува, ако и е идол и си навива за него можеше поинаку да го состави тоа, но нема врска, не ќе се фаќаме сега за еден пост ко слеп за стап.
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Не се согласувам дека Нико е земен само како лик колку да долови ситуација. Можеби сакал така да изгледа ама не му успеало. Си излегува на површина пристрасноста. Тоа што го напишал е објективно исто колку мислењата на МСкорпионка во политика, а сите што сме прочитале знаеме колку се објективни. Неможе да е објективно кога е пристрасен, кога веќе бирал лик што не ја одберел Бети? Не ми се допаѓа, во секој случај, многу се изглупирал и навистина незнам што му требало тој потег.
     
    На ElleS му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Абе Лукс не зборам за тебе еве конкретно за ова зборам:
     
  5. Macufkata

    Macufkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    268
    Допаѓања:
    83
    Дечки ако не победи Виктор не гледам Идол повеќе :)
     
    На mamence му/ѝ се допаѓа ова.
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Не беше оваа само од Пере или јас нешто имам помешано. Балада една...
    Таа е што мислам? ако е друга некоја линк плис :)
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    ^ Tаа е само Пере ја пее.
     
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    А нели дуети ќе пејат? или јас не сум разбрала убаво :^)
     
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    И дуети и соло. Дуетите со англиски песни ќе бидат.
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.920
    Допаѓања:
    163.871
    Се фативте за објективност и субјективност,а де факто сите се субјективни,што тогаш го дрвите од вчера навака?!
    Субејктивноста вели,јас слушам и тоа што го слушам,едноставно ми се допаѓа.Приемчиво за уво ми е,пријатно и предизвикува воодушевување и ежење кај мене.Ми е гајле шо чоек е и дали компири сади у слободно време. (патем престанав да го гледам идолов,мизерија е,ама ова морав да го пишам)
    Објективноста вели,Нико е музички образован и секогаш е прецизен и точен во пеењето,што не може да се каже за добар дел од останатите учесници во шоуто.Мислам,да речам дека нечини некој што студирал музика во Русија,треба малце да ми фали нешто.Дека молитва не му чинеше,не му,а дека не го бива,далеку е од тоа.Овие се тезгаџиски образовани,тој има диплома за тоа.

    Убаво си пишал Венко,на просекот секогаш му пречи генијалноста.Не само тука и во секој момент од животот,а верувам катадневно го гледате тоа.
    Ако анализирам онака,пошироко,луѓето не сакаат цврста конкуренција и луѓе кои си ја знаат работата и се ѓаволски добри во неа и се трудат да бидат уште подобри.Треба да си блесав да знаеш дека те бива и не го користиш тоа само за на Петко и Станко им одговара тоа.Кога се работи за слава е особено изразено ваквото ругање и мразење.Мислам во обичниов (не е обичен,ама ааајде,нека им биде) се наоѓа некој ваков.Супер сте,ама имате паралелни интереси,ти успеваш,тап,те мрази,ти наоѓа причини за хејтање,тоа е,џунгла.Снајди се.Ако има повеќе хејтери,пропаѓаш,ако знаеш да им се подметнеш,има ти нив да ги пропаднеш.

    Дечково сериозно си ја сфатил работата,што е за пофалба и верувам дека тоа се должи на тоа од каде што излегло неговото образование.На руска академија да влезеш е успех,а уште поголем да завршиш.Перфекционизам,плус не можам да судам на некого кој навистина животот си го посветил на тоа и му е се пеењето и да го споредувам со некоја балавка Јана или Билјана на кои им упалил кец сосем случајно или на некој си Дејан кој нема алиби зошо е таму сеуште.Тој коа настапувал јас сум се осеќала ко да идат реклами или форшпанд или пак Кико на кој му прија само пажњата и има малце талент и тој малце не го доразвива.

    Ако нив им била целта да се пијанчат и забављаат,на овој не му било и тука настануваат конфликти,просто ко петочен грав.Не знам кој беше,не памтам,пошо не го ни гледам,бираше песна,на тие најавите и еден му вика четврток е веке,избери некоја која што ја знаеш...епа...тоа е,македонштина,заклучокот сам ти се наметнува.
     
    На starbucks, angelce1, JuLleE и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    по две песни ќе пејат така ..или погрешка сум разбрала :)
     
  12. Happy.Girl

    Happy.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    72
    да по две песни - странски дуети и македонска поп музика. Иван во дует со Јана ќе ја пеат- Grease - You Are The One That I Want :)
     
    На Arhangel-maniac и Tanny им се допаѓа ова.
  13. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    932
    Иако никогаш не можеме точно да знаеме што всушност еден автор сакал да каже со тоа што го напишал, можеме само по наше да си интерпретираме. Мое мислење е дека тоа што Венко сакаше да каже е, не дека јавноста му љубомори на Нико, туку јавноста е навикната на просечноста, посебно затоа што ние така функционираме, а кога колективитетот е навикнат на просечност ја бира просечност, нали публиката бира кој ќе оди понатаму, а кој не.

    И тоа дека повеќе се гледа надворешноста и тоа дали бил добар или не, се гледа повеќе од неговиот квалитет. Кажав порано јас, ми е гајле мене дали бил Мајка Тереза или бил Џеврие, ако има глас има глас и готово.

    А факт е дека Нико е јак вокал и музички образован. Факт е дека со него не можат да се токмат ни Јана, Билјана, Дејан, Христијан и Виктор заедно. А тоа дека тој си ја сфатил работата сериозно е само голем плус.

    И факт е дека откако тој излезе неговите колеги, кои веќе треба да почнат малку професионално да се однесуваат, го исплукаа на телевизија. Искрени биле. Ветар во магла искрени, можи ова Биг брадер е ќе си ги кубиме косите во јавност. Ако не му се допаѓа како личност, не му се допаѓа и готово. А не ваков бил таков бил.

    И доста веќе мајку му стара психијатри станавме. Синки мене ме интересира дали Мајкл Џексон, Елвис Присли, Битлси и многу други, биле фини, поштени и на мравка не газеле. Синки нив пред да почнев да ги слушам натална карта му правев.

    И што кога пеел опера? Треба и такви, што знаат да пеат да видиме, Џеј џеј-овци имаме за извоз.

    На крај македонски Идол е музичко шоу и треба како приоритет гласот да го земиме, а потоа се останато. Само не знаеме приоритетиве да си распоредиме, тоа е....
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Абе нема врска дека мене ми се обраќаш ти реплицирав дека имав и јас пишано, ај да не исправуваме криви дрини, ама толку фали еден пост и ете ти цела страна со препукувања ;) а тоа не ни треба ионака се многу страни напишани.
    И ќе кажам кој и да победи од останативе ТРЕБА ДА ЗНАЕ ДА ЈА НОСИ И ДА СЕ НОСИ СО ЕТИКЕТАТА МАКЕДОНСКИ ИДОЛ !
     
  15. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    4.671
    Допаѓања:
    11.435
    Пол:
    Женски
    Епа од твојот коментар јас сум уште повеќе сигурна дека тоа што зборува Венко Андоновски е вистина,уште повеќе се убедувам дека тој што не може да ги сфати уметничките души ќе пишува вака.Тој и за тие зборува,што не го подржуваат бидејќи бил досаден ваков таков...
    Нико не е просечен човек,а некои од нас се затоа ни пречи неговата генијална природа.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Багуфче, како може мене да ми пречи ако Нико успее во животот? Зошто мене лично би ми сметала неговата т.н генијалност? Јас немам никаков ќар од него, ниту пак загуба, едноставно - сеедно ми е. Пишувам овде, затоа што имам мое мислење. И не е само тој уметник, и не е само тој образован. Мене лично ми е Мики генијален, тебе ти е Нико генијален, работа на вкусови си е тоа. Зошто да ми пречи мене? Зошто да го бојкотирам, што добивам, што губам? -Апсолутно ништо. Мое мислење е тоа за Нико и моето мислење во врска со колумната од Венко е негативно.
     
  17. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    857
    Нико има глас али незнае како да го искористи.
    Мики има глас и знае како да го искористи .
    КРАЈ!
     
    На babygirl, ElleS и Offspring им се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Па зошто сега така прават?! Продаваат карти и ако заксниш неможеш да влезиш. Па нека си знаат колку треба да имаат и толку нека даваат и продаваат (со срцето) ;)
     
  19. stefiiM

    stefiiM Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    54
    Па они си знаат ама пола и повше преку врски без карти влегуват. На една моја другарка татко и работи на саем и секој гала со неа зема уште 5-6 девојчоња и без карта влегуват, што значи за некои што имат карти нема да има место.
     
  20. ElleS

    ElleS Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    210
    http://www.youtube.com/watch?v=1d0Vbi0IY1Q

    во право си од Пере е песнава ама секаде е потпишана како од Нокаут. Како и да е супер си е песничкава :)