Па да, ама треба да имаат на пр. 100 карти и на вработените по неколку, на оние со срцињата и на идолите, да се распоредат и готово а вака нема да е фер, а најмалку за оние кои си ја платиле, ја купиле со срце
Колку што знам и двајцата се обидуваат да направат музичка кариера, така да и двајцата го користат гласот, т.е пеат.
Kaко подобро би ја доловил целата ситуација,а воедно и македонскиот менталитет,oсвен преку типичен пример? Рандом лик,ете штотуку рандом е Нико. Иако воопшто не е некој голем фактор дали ќе биде или не македонски идол исто како на операција триумф ако ви текнува,победи Аднан Бабајич. Победи и што? Се сеќава некој сега на него? Направил нешто? Сте слушнале нешто ново од него? Иако му ветуваа светска блескава кариера. Тикви со расол би рекла. Од друга страна ја имаме Сузан Бојол од "Британија има талент" која успеа само со гласот, ништо повеќе. Но,сега да споредиме број на население во Македонија со Британија е уште премногу смешно. Заклучок: без разлика дали Нико ќе победи или не, тој верувам дека останал забележан од многу музички професионалци и дека не е оставен на "цедило". Мене ми се свиѓа статијата,баш поради тоа што без влакна на јазикот кажа што мисли за ова шоу. Иако мислам дека идолите немаат апсолутно никаков удел во конечниот резултат(тоа му беше сосема погрешно), сепак сликата за македонската раја е најкомплетно претставена. А,па ова со срцето тоа. Добро бе, извинете ми на израз-малоумни сте? за САМО 1390 денари добивате траен спомен-ИДОЛ СРЦЕ!!! И ТОА НЕ Е СЕ', добивате ГРАТИС 2 влезници и слика со еден од идолите. -.- Како ви се купуваат толку скапи карти? А, инаку скапо ви е 100 денари карта за некоја хуманитарна забава. *повеќето од вас Навистина Венко си е во право. Малоумна раја сме.
Се согласувам дека се пре скапи картите. Идол срце кое и немора да го имаш и плус две влезници. Значи картите ќе излезат повеќе од 500 денари. Што е многу - многу е. За Архангел беше 500 денари картата во претпродажба на врата 600. Претерале малку, ај да беа по 200 300 денари картите да сварам некако, ами плус и кога ќе додадеш патни трошкови ако доаѓаш од друг град, ами каде е јадењето што во Скопје и не му е баш мала цената... Претерано е...
Ни јас не би го купила срцето! Што е скапо, скапо е за такво нешто. Ќе помине идол и што...така ќе остане. И слика со идолот и карти. Картите некои и преку врски ги земаат, а кога ќе отидеш таму ќе си се сликаш А и пред некое време овде кажаа дека е подобро од дома да си се гледа бидејќи таму не се ни слушало ни ништо. Ама не се оргаизирани во врска со картите. Тие продаваат (со срцето) и даваат ( на вработените и на идолите) карти а немаат место... Си задоцнил. Па ако сум задоцнил си имам карта ќе си влезам а не...
Во врска со Дејан слушнав Spoiler дека татко му бил еден од финансиерите на идол и дека договорот им бил Дејан да влези во финале. Колку е ова точно искрено не можам да знам пошто ми кажаа Искрено и да е така мене би ми било мило, мислам дека Јана и Билјана заслужуваат да отпаднат пред него, еднаш ќе се покажат и наредните 3 гали се ушите да ти ги заглушат и се вадат со лигавења, а Дејан онака ми е секогаш просечно добар, никогаш немал некои којзнае колкави грешки во пеењето
Инаку, за во понеделник слушнав дека ќе пееле дуети, и тоа овие песни : Иван - со Јана ќе ја пее во дует "You're the one I want" , и "Лебедот бел" (соло) од Нокаут. Виктор - George Michael feat. Elton John - Don't let the sun down on me, незнам со кого дуетов, а соло ќе ја пее : "Сонце не ме грее". За другите незнам...
Иван можел да одбере подобра песна. Со Лебедот бел нема што да покаже, не може да си ги истакне гласовните способности, многу е сигурна песнава, а и досадна.
За муабетов со влезниците се зимаат или со врски или на црно (ко јас што земав) или со срцето. Ако случајно сте се докопале до карта доаѓајте пред 7 затоа што после има гужва и нема место за седење и нема да ве пуштат внатре ни со карта! Пуштаат дури за испаѓањето без карта!
Која е логиката да платиш 1400 денари за да го видиш и да се сликаш со Виктор4е и да не те пуштат на врата? -.-
da be ke davam 1400 den za nekoe si obicno srce so na pazar bi bilo 500-600 den a i so ke im davam pari za nekoi pilci ne ispileni da se slikam ,oni treba mene da mi daat pari za slikanje a ne ja na niv e taka !! [mod-kirilica:2rmwy4aj][/mod-kirilica:2rmwy4aj]
искрено мојот совет ви е на тие што не сте биле а имате огромна желба, идете.За срцето апослутно се согласувам дека е прескапо што го напраија бе 1400 денари а најобично е , кој знаи во која дупка е шиено бев, видов и ај со здравје пак ке си кажам дома најубаво си е и можеш и убаво да слушнеш и жирито што кажува и како пеат и све .а не ова па се буткаат на врата , па ми се ку*чат она вака онака.... а што се тиче изборот на песни може да помине само овој пат мислам дека викторче наш ке се изгуби со мики али ај ке видиме во понеделник п.с.а и заборавив да прашам има некој информација дека од наредната гала идолов наш ке биде во метрополис арена? така ми кажаа а гледам никој нишо не спомнува????
Не,метрополис арена е многу голема а карти не се продаваат ниту пак можат да се најдат некаде.Така да верувам дека остануваат на скопски саем хала 3 . Па и таму најубаво им е . Ај утре ќе ви кажам сигурно каде ќе бидат
Епа сега само 6 души се и мн кратка ќе биде галата , па сега по две песни ќе пеат за да биде таман така ли? А ина4е се знае ли кој со кој ќе пее дует???
хахах епа шо да правам..си седам јас така до доцна навечер..си правам семинарска и ОП ете ти Виктор со нов статус и тоа автоматски се постира тука