Не знам дали има некоја пишано претходно, но ете сега дознав дека Билјана ќе ја пее Слатка горчина од Каролина.
Виктор и Мики ќе пееле некој дует од Елтон Џон и Џорџ Мајкл Простете но многу ми е смешно, што да правам
Зошто ти е смешно? Песната е мноооооогу добра...барем на мене ми е многу убава... Само мислам дека Мики и Иван би биле подобар дует,барем за оваа песна http://www.youtube.com/watch?v=RsKqMNDoR4o А и Билјана избрала добра песна,само да видеме како ке ја испее...
Читав погоре дека зад Дејан стоела Скопска пивара и дека татко му бил спонзор на Идол и се чудам до каде може да стаса човековата фантазија . Дејан е таму каде што е бидејќи за него се гласа и тоа многу се гласа. Зад Дејан стои неговиот град, и има некои спонозри кои купуваат и полнат картички, но тоа секако не е Скопска пивара . И татко му на Дејан има пари, ама не до толку да го спонзорира идолот. Ако беше така тој немаше да се пријави во Идол туку фино ќе си купеше песни, албумче итн. А тоа што велите Кико имал повеќе фанови од Дејан па ви е чудно како испадна, нека не ви е. По Кико се трескаат девојчиња од 15 години по фејсбук, а за Дејан си гласаат. Инаку да потенцирам Дејан не ми е фаворит, пее убаво но здрвен е, и мислам дека доста му беше во Идолот, успех му е и тоа што стигна до таму, но верувајте се работи за една прекрасна личност. И дајте доста со овие коментари овој е тука заради пари, заради спонзори итн. Таму се сите затоа за нив некој гласал! И ако на 2-3 овде не им се допаѓа некој од идолите тоа не значи дека и на другите не им се допаѓа. Не сте вие цела Македонија. А ќе заборавев, доколку некој стави коментар во стил дека овој некој не го бива и веднаш читаш низа коментари кои исто мислат. Нели Нико ви беше фаворит, Биле пееше фантастично, и оп некој напиша дека не му се допаѓаат и право на сите не им се допаѓаат. Мислам, ја уништувате темата! И без љутење, ама едно 80% овде не разбираат што е фалширање, што е добро пеење ама сите се страшни критичари и сезнајковци. Ми се одмили темата!
Мене ми се допаѓа комбинацијата Мики и Виктор баш заради тоа што имаат различни гласови и мислам дека ке биде интерсен спој а така со Иван и двајцата предобри вокали и ке се надвикуваат и ке биде премногу Ми се допаѓа изборот на Билјана само...се надевам дека конечно ке се врати во форма и ке ја отпее како што треба.Се сеќавам дека на аудициите Љубовта е моја религија од Каролина мн.добро ја отпеа (рефренот де ) Дејан со "По навика" а направил добар избор ама не ми одговара за него повеќе го замислувам Мики со ваква песна а Дејан со Ако не те сакам, иако уште сега го замислувам гласот на Мики како ке екне на кулминацијата од песнава Иван можел да избере и подобра песна за да го истакне гласот иако и Лебедот е убава...е Јана ме интересира што ке пее За Виктор да ви се исповедам .. Спојлер јас му ја дадов идејата за песна од Лозано (кога стави статус) и за чудо веднаш ми одговори со Сонце не ме грее ако испадне во понеделник (не дај Боже ) ке чувствувам вина до крајот на животот... Спојлер
епа ако си во организацијата сигурно знаеш дека Скопска пивара не стои позади дејан !!![/quote] епа сега јас ти кажувам па како ке го прифатиш ти тоа е твое немам друга работа па ке лажам за нешто или некого што не е ни фактор во мојот живот нити пак влијае така да сакаш верувај сакаш не верувај тоа си е твое а нити го мразам дејан сметам дека е најкултурен и најспуштен на земја и највише си го сакам од сите како личност а ти можеш да мислиш што сакаш фактот е тој па сега.. епа не е финтата да се купи песничка и да се направи албумче сепак е престиж да се победи или да се досигне оваков успех. а иначе во никој случај не викам дека дејан ке победи. искрено иако не е мој фаворит највише шанси има виктор. најмногу ке заработуваат од него и тоа е факт
Незнам дали некој од вас гледал Мак ѕвезди (мислам дека така се викаше шоуто) со Драган Вучик пред неколку години, ама јас гледав по што многу сакам музички шоуа ..и таму победи Јане Дунимагловски иако Влатко Лозановски беше фаворит а заврши како втор или трет..и сега Јане го нема жив (направи 1-2 песни без успех), како и останатите учесници, додека Влатко си направи и сеуште си гради успешно кариера ..тоа е тоа..ретко победува фаворитот поради сето она што се случува на гласањето во финале (масовно купување картички, спонзори, и сл.) Иако мене лично ,како што имам веќе многу пати напоменето, фаворити ми се Мики а особено Виктор ќе ми биде ќеиф ако некој од нив победи, но и да не е така знам дека ќе успеат и без првото место
Јас мислам дека Мики требаше да ја пее Збогум најмила од Ѓоко Танески. Мислам дека многу повеќе би му одговарала од било која песна од Владо Јаневски.
Малку ја измешале работава, македонски, па дуети, па странски па вакви, па накви... Поинтересно ќе беше две песни да пееја во различен дует, неголи вака
Монааааа бе Оваа е едно од најглупото нешто што сум го прочитала од тебе овде на форумот Онака се изненадив од твоето мислење,во целина се согласував со твоите критики,коментари....Незнам од каде го извади тоа дека никој не се радува на тоа дека Дејан поминува,па зар на улица е најден?Нема другари,другарки,фамилија?Незнам зашто толку давате акцент на вриштењето,па прво и прво тоа е доблест на девојчиња од 10-16 години Замисли ме мене јас да пиштам Не е така овој пат не се согласувам со тебе,јас го имам Дејан за пријател на профил и мноооогуу девојчиња го имаат тагирано...очигледно си го подржуваат дечкото на културен и фин начин....Мене искрено не ми беше фаворит на почетокот,ми пееше онака просечно,мегутоа како изминуваат гала вечерите мене се повеќе и повеќе ми се допаѓа како неговото пеење така и неговиот изглед,се однесува најприродно,воопшто не се фолира како останатите идоли,не скока како мајмун,не пишува глупости по фб во стило јас сум најдобар жирито нема врска (несакам никој да навредам)пред камерите,не лиже газови за да го снимаат....нај соберан ми е вака,се познава дека е чувствутелен човек,а јас ги сакам таквите луге.......Дејан ептен професионално си ја врши целата работа во Идол и тоа е за пофалби,и самото жири го има тоа искоментирано ....Всушност не ми се верува дека толку многу се задржав на темате Дејан што дури и се внесов во неа Да не заборавам и Билето да ја искоментирам,не ми се допага како пее,жими све стварно не ми се допаѓа Сигурна сум дека може подобро ајде Биле исфрли се од себе на сцена,викни д ате слушне цела Македонија! Инакуу поздрав девојкииии имајте убав ден !!!
Miki definitivno mnogu ubavo pee i ja znae mojata omilena pesna bravo za nego [mod-kirilica:21o4cj0w][/mod-kirilica:21o4cj0w]
^Абе муабетот ми беше дека не се крева толку прашина за него, не се зборува толку, некако како дух ми е. Ама па може си гласаат луѓе за него, стварно гласаат, а другиве стално се мета на зборување, фб профилите - ренде, фаворити ова она, ама ете доказ е Христијан (сите се трескаат од земја по него ама испадна од што многу гласаат )
Немаат време за спремање такво нешто. Сепак дует е многу потешка работа од соло. На соло си само ти и си пееш и се организираш како сакаш. Во дует треба коорднација, треба заедничка работа... па и плус два различни дуети со различни личности ќе биде хаос, кој со кого побрво би работел и би вежбал. Треба огроооомен напор дури и за професионалци, а камоли пак за нашиве мрзливи идоли
прекрасен е дејан како човек стварно срце е не викам се согласувам дека ич не се фолира и понаша како останатите ама тоа што не му е местото таму не му е. ама тоа е тоа