просветлувам оти гледам дека сте во темнина и заблудени. Некој мора и тоа да го прави. За Идолците си имам мислење - сите до еден се подобри од сите вас тука што дрдорите само. Талентирани се - некој повеќе некој помалку, но и луѓе се со доблести и мани. Кој победи победи, се друго е како што велиш и сама - шоу, ама тоа ни тебе како гледач не ти дава право да судиш (евентуално да гласаш за тоа што мислиш дека е најдобра понуда во моментов).
Ти си во темнина бе девјче, која си па ТИ да не’ вреѓаш? И ние само си ги искажуваме нашите мислења, нема потреба ти нас да не убедуваш во нешто спротивно и да ни проповедаш. Бтв Ти гласаш за ‘идоливе‘?
според мене овие се двата најдобри настапи на Иван.. секогаш е супер, но овие два настапа се одлични, феноменални.. http://www.youtube.com/watch?v=hj842OBV ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=HHYUzU71 ... re=related го обожавам
justicia, ти да не си трет профил на silvija.b и sefanijastefi? Одеднаш се појавија неколку нови членки (со слични мислења) и почнаа да го бранат Дејан и да ги навредуваат другите форумџики, како тие не се разбирале во музика, не биле компентентни за да коментираат и сл. Секој има право на свое мислење, сеедно дали е тоа добро или лошо...И ќе те замолам, воздржи се од навреди...може? Според мене, Дејан има убав глас, но не знае да се понаша на сцена...Ај сеа извреѓај ме, како јас сум била глупа, како јас немам појма во музика, бла, бла, бла.. Спојлер Малце забегав од темава, ама ајде...
Прво за тебе не сум девојче, туку дама. Второ сум јавна личност, значи за жал или за среќа знам како се одвиваат некои работи повеќе од многумина тука и само сакам да ви дадам малку поинаква светлина, нов агол да ги видите работите. Трето, никого не навредив, ниту ќе го правам тоа (тоа што сте во темнина не сте вие виновни, толку ви се можностите, и мене за многу работи можностите ми се ограничени, па не се фрустрирам како што тоа ти го правиш овде со последниов коментар). Четврто, добро е што си ги кажувате мислењата, никаде не напишав, ниту пак мислам дека дека не треба да си кажувате што мислите (затоаа постојат форумите впрочем). Петто, идолците се најбитни на форумов, не јас, ти, или кој и да друг (премногу се ставате во ценарот на светот), а тоа што е очигледно за Идолците е дека се самовилски убави, млади луѓе со кои треба да се гоордееме. за останата што се јавија во меѓувреме, никој од Идолците не бранам. Не се на отстрел па некого да бранам и да заштитувам. Не сум јас никаков лажен профил. Една и единствена, како правдата! А за вреѓањето....види погоре, не ми дозволува домашното воспитување и човечноста да навредувам друг човек, можам да му помогнам...ако сака, ако не - нема! Поздрав, мили!
Јас за тебе не сум "останатата", јас за тебе сум Госпоѓицата (ако ти сакаш да си дама, и јас можам да сум госпожа). Мене домашното воспитување не ми дозволува да се спуштам на твое ниво. Ќе ве молам, некој нека и каже на дотичнава да не се расправа повеќе?! Е фала. Ако ти треба превод: Talk to the hand, my face is busy! Мене Виктор некако ми утна со Grenade. Се надевам подобар ќе биде овој пат.
Денес Јана превише ме изнервира! Ги сретнавме идолите и се сликавме (нормално) и ја прашавме Јана и ни вика : Леле по кај пат! Не го очекував ова од неа..Нивната кариера зависи од нас а она леле по кој пат! Господее
хахаха и јас на Калиопи прво помислив ама не ми се верува, некако не ми се поклопува со нејзиниот стил на изразување. А и не значи дека стварно е јавна личност. Ќе видиме на кого ќе му се испушти да каже Идолците наместо Идолите хахаха
Песните кои ќе ги пеат идоливе во понеделник : 1.Виктор Апостоловски - „Сонце не ме грее„ - Влатко Лозаноски & George Michael ft. Elton John-„Don't Let The Sun Go Down On Me„ во дует со Мики, 2.Иван Раденов - „Лебедот Бел„ - Пере & „One that i want„-Grease во дует со Јана, 3.Билјана Ѓошева - „Слатка горчина„ - Каролина Гочева & It's Only Love-Tina Turner and Braian Adams во дует со Дејан, 4.Дејан Јованов - „По навика„ - Нон Стоп & It's Only Love-Tina Turner and Braian Adams во дует со Биле, 5.Мики Секуловски - „Ако не те сакам„- Владо Јаневски & George Michael ft. Elton John-„Don't Let The Sun Go Down On Me„ во дует со Виктор, 6.Јана Бурческа - „Немирна„ - Тамара Тодевска & „One that i want„-Grease во дует со Иван.
Приближно вака да испеат http://www.youtube.com/watch?v=ai6XY-t9 ... re=related и на коњ се. Овие двајца погоре ми беа толку слатки, е ваков настап треба и пеење и кореографија и комуникација со публика. А инаку јас уште ги немам изгледано настапите од последната гала. Не знам некако ми се изгуби ќефот, очекував жирито да ги искритикува повеќе, да ги насочи за да можат тој потенцијал што го имаат да дојде до експресија најмногу што може, а добив само супер си и слично, а Идоливе не се ни с од супер. Па после малите концерти (на машките конкретно) не видов убава гала. Да, имаше настапи кои одземаа здив, ама во глобала очекував мнооогу повеќе. И за ова го кривам жирито а и воедно и дел од публиката. Манијачење по фејсбук, опсесија со идоливе и тие си ја кренаа цената, обрнувајќи помалку внимание на тоа како ќе пеат... Не можам да разберам потреба да се прават дупли профили, да се следи секој нивен потег... Тука се згреши затоа што повеќе се посвети внимание на вон сцената, отколку на конкретните настапи. Не знам дали ќе продолжам да гледам, навистина ми се изгуби ќефот. Толку од мене за овој идол, одсега ќе коментирам евентуално некој настап а не целосна рецензија на галите. Искрено има многу подобри музички шоу-а кои го заслужуваат моето внимание. Ова не е веќе во таа листа.
Значи добро го преценив девојчево .... Беше нормална ама БЕШЕ Со она првото ставив точка на фејс и многу лајкови добив лилееее па сега и ова Јас да сум ни во лудило не би пуштила глас за неа . Уште се обични смртници а се кренааа до небо ...
а зошто сите мислите дека мора да има некој народски кажано грб за да успее да се појави на телевизија или да успее во нешто?значи сите идоли како што гледаме ги собраа од улица да не ме сфатите погрешно ама така се вика зборот....убаво сте кажале во некои претходни мислења дека го видовме случајот со кико , еуфорија , врескања и на крајот ...оп ништо испадна ....така да како што ги подржуваат сите идоли така и дејан може си го подржуваат ама не се експонираат ....не знам тоа е мое мислење p.s.а за јавната личност повеке ми личи да е иванннннннна него ОПИ а и сузана турунџиева и таа е во идолот како што знам јас кој ли е натрапникот
Зошто ме просветлуваш? Зошто ми го наметнуваш твоето мислење а и на сите останати овде? Ова ќе да е како од оние профили што никнаа за Еми. Не трескам јас глупости, види ја анкетата горе и ќе ти стане јасно.
немам коментар на ова .....што ти значи слава ејјјј ццццц не неможам како се наближува крајот на ова идолов така ми стануваат се по антипатични и нафурани!!! остајте ги бе , нека се фураат ама ете едни по едни го менуваат мислењето така да нека знаат дека некои испади во животот скапо ке ги платат а тек се на почеток да градат кариера own: own:
Пробувам некако да олабавам од темава ама тешко иде. Не сакам да отидам офф со моево мислење, но сепак во ред е и јас да реплицирам на justicia Можеби некој од нас познава некој Идол и нормално е да го брани, тоа е право на секој. Јас лично не познавам никој, но си имам свои фаворити за кои ГЛАСАМ и учесници кои ми се тешко одбивни. Нив не ги спомнувам тука, не е за тоа постов Форум е за тоа, за анонимни луѓе да го искажуваат своето мислење и кога доаѓа некој да не просветли дека не треба да правиме така исто како да ни го зел правото на глас. Вие можеби сте "славна личност" можеби не, не ме интересира, ама ставот што го заземате не ви е во ред. Идолите можеби се големи луѓе и искрено се надевам дека ќе дојдат до тој степен тоа да го покажат и да не убедат сите во тоа. Но една работа и верувам дека сите ќе се сложат: -Не може секоја славна личност да биде сакана. Коментари секогаш ќе има од секаков тип И вие како што се декларирате како славна личност сигурно и за вас се зборува нешто лошо, истото се случува и со идолите. Фактот што се нервираат, се лутат на таквите коментари покажува дека не се за во јавност и не заслужуваат да се дел од ваквото шоу. Еве пример: Еми или Јуле не ми текнува, Кристијан, Билјана верувам дека бурно не следат што коментираме и тоа јавно си го кажуваат. Ако сакаат еден ден да бидат славни и познати треба малку покрај пеењето да поработат и на трпение, култура и воздрженост. За крај и ние не сме некои си ептен упатени во музика за да даваме професионални критики, за тоа постои жирито. Ама проблемот е што жирито не критикува Тоа е се
Истото го направила и Билјана на една моја другарка.Она сакала да се слика и Биле и рекла дај сто пати се сликаш со мене! Господе !! “Славата“ толку ли ги има удрено по глава ?!!
По ова се гледа дека сме блиску до запад дека јавните личност мора секогаш да се достапни и расположни за фотографирање, насмевка, автограм...ја ги жалам заради тоа, што се мораш да правиш, за да бидеш " ин " и луѓе да те сакаат.. Не ли сте помислиле дека можда идоливе така се понашаат бидејќи се им дојде прку ноќ и дека уште не знааат како, и плус се под голем притисок... Па што ако таа Јана рекла така..можда и ја да сум на нејзино место, ако ми е се преку к*р , и ако сум уморна и под стрес така де изреагирам..и да не значи дека така се понашам пошто се замишљам дека сум ѕвезда.. Како и да е не навлагам у конструкцијата на личност на јана, биљана и итн., и што си мислеле они во моментот...само ви се чудам како така одма судите..демек должни се да се сликаат со вас, пошто се јавни личности ( а концепотот за јавна личнот по западниот принцип е дека мора секогаш да е одлично расположена за соработка со своите фанови)..па не можат они сами да се напраат ѕвезди, вие ( ние) ги правиме со тоа што го бараме и очекуваме од нив.. Поздрав млади девојчина
Да должни сме да судиме,ние сме оние вистинските судии во идол што одлучуваат кој заслужува да биде идол а кој не! А ако овие неќат со фановите да се сликаат,тогаш со кого ? Незнам што и пречеше да се слика Јана кога онака беше сама,немаше ниту еден фан и не беше под некаков притисок или слично . Али ја баталив , сега не сакам ништо од неа