Уф , и јас сакам да ја намалам активноста на темава (најпосетена ми е) ама душата не ми дава зошто како што се наближува финалето се поинтересни коментари читам.. Прво да кажам за Дејан..немам ништо против него (по 100ти пат ) ама не е он човек од 40 години па неговите фанови да се по 30-50 год. и да не можеме да ги видиме никако..Што ако го тагирале девојчиња на слика?? Па тие мали девојчиња збудалуват по сите Идоли и на сите им ги "шарат" ѕидовите а уствари пак си гласат за еден фаворит најмногу 2...и сигурна сум дека гласањето за Дејан е повеќе преку спонзорства и организирано одколку од фановите..не дека го сакам КИКО-далеку од тоа, ама да има помалце гласови од Дејан нцк никој не ме убедува... За Јана, шо знам шо да кажам може и неа и дошло преку глава едни исти девојчиња да се сликат со неа 100 пати (ако е била таква ситуацијата) па на нив животот им се смени за една секунда и треба постепено да научат да се "носат" со славата..нашиве "ѕвезди" да не се секогаш расположени за сликање?? Елвир и Слаткар кога беа во Ср. девојчиња како луди трчаа за слика а овие не ги ни погледнаа..у цел кафич, а ние очекуваме Јана да биде 24/7 среќна и расположена за сликање..шо знам , не ја правадам ама не ја ни обвинувам.. А славната личност најверојатно е некој од организација..по тоа "самовилски убави" помислив дека е Калиопи, ама по др.текст незнам некако не ми личи на неа П.С А тоа песните шо се пеат на Идолов сите испеани и во Операција Триумф, од таму ги бираат ???? Во понеделник сум си пак за Виктор и Мики, а како најдобар дует ги очекувам Иван и Јана...на Виктор и Мики им ја утнале песната (дури и на нив не им се допаѓа, ама тоа е ) има многу поубави песни за дуети од таа со Џорџ М и Елтон Џ
Многу ми е интересно кога гледам некој како соли памет на форумов,го штити некој идол како да му е некој близок...и кога ќе видам особата нема ниту на една тема дадено мислење,освен 5-6 на темата за македонски музички идол(и ајде дека не е некој близок) Иначе Мики ми е фаворит
сега ме насмеа иначе и мене ми се сумливи новите членови кои наеднаш се појавуваат и го штитат Дејан мислиш ние на бесилка ке го носиме.. глупости
Иван ми е фаворит уште од самиот почеток, уште од аудициите по градовите! Дечкото има прекрасен глас, стас, харизма ... Мило ми е што Христијан (не можам да го викам Кико) отпадна, според мене, премногу е арогантен, влезен е во некој тежок филм. А следен очекувам да излези Мики - не ми се допаѓа неговиот глас, не ми се допаѓа како се изразува пред камера, не ми се допаѓа физички и тоа е. Од женските ми се допаѓаше Билјана, но последните пати затаи со пеењето.
Мила, “останатата“ не е навреда. Да знаев што си, така ќе ти се обратав. Всушност, чувствувам дека си мала госпоѓица, само малку дрска, ама и манирите се учат, не се грижи. За другите, чии никови простете што не Ви ги паметам, ама отприлика знам кој што е и како е, не се грижете немам намера да ви го попречам вашето мислење. Секој има право да каже што мисли за Идолците, нема никакви дилеми во тоа, дури и негативно да е. И јас имам некои забелешки, според мои критериуми, за однесувањето на Идолците, за нивното пеење, за нивниот избор на песните, за односот кон фановите....Но од она што можев да го прочитам на форумот тоа ви е не го правите за тие да го прочитаат ова и да се подобрат односно да им помогнете, туку зајадливо коментирате...како да љубоморите, за што нема потреба. Сигурна сум дека ако тие знаат да пејат, вие знаете нешто друго исто така добро да го правите. Секој си го има својот простор и време на планетава. Во тоа целосно ја имате мојата поддршка, дури некој ако смета дека му е потребно нешто, некаков контакт, морална поддршка, финансиска поддршка, познанства слободно нека ми се обрати во ПП, се што можам ќе направам идејата да ви успее. Нема да ги коментирам оние кои погодуваа што сум и која сум, реков дека сум јавна личност, значи моето занимање е јавна професија, тоа (колку повторно за просветлување) не значи дека сум во естрада ))))) Признавам, дека на оваа вебстраница и на форумов сум исклучиво за Македонски идол (претходно не ни знаев дека постои вкаво нешто, а верувајте во интерент бизнисот сум веќе пет години, што значи страницава не е премногу релевантна на македонскиов интернет простор), ми беше посочено од пријател дека тука се пишувале секакви глупости и паметности за Идолците (бтв: Идолци е правилно, не Идоли - ама просветлувањето за јазикот ќе биде подоцна), па ме заинтересира директно да го проследам синдромот на помала вредност на многу луѓе во државава, менаталниот склоп дека мора да се нападне се што убаво ќе почне, оти голем е пустиот страв дека на видело ќе излезе нашата просечност. Напишав неколку коректни коментари на форумот, без никого да навредам или да кажам негативен збор, само посочив некакви поинакви аспекти и сите рипнавте ко да ви го зема некој најмилото - тоа само зборува колку имате потреба да бидете негативни. Рака на срце, тука има и многу коректни коментари за Идолците, каде што искрено си кажуваат кој им е фаворите, зошто некој друг не им се допаѓа и слично. Има време и јас со имиња ќе излезам кој на што му недостасува или каде е најсилен. Моето мислење за Идолците лично на секој од нив им го имам пренесено и тоа најдобронамерно, и тие го почитуваат тоа. Најдобриот и со вашите зборови и без нив, пак ќе биде најдобар. И дајте зборувајте за Идолците, доста се занимавате со мене. Ако сакте, ќе отворам тема на формумов под име Јустиција, па таму пишувајте што мислите и како сакате. Тука е битно да кажеме дека Јана и Виктор им треба поддршка бидејќи во светот во кој се втурнаа треба да бидат со сила возрасни и сериозни, а тие се чиста белина се уште. На Дејан му треба поддршка за да може да се прикаже во вистинско светло и да стне попрепознатлив, да знае дека има доволно обожаватели зад себе. На Биле и треба силна поддршка дека сите знаеме оти муабетите што се пуштаат за нејзе ни форумов и низ град - не се вистина, и дека на сцена може да направи магија, само треба да се опушти и да си биде таа што е, односно што беше додека со својата гитара пееше во својата соба. На Иван му треба поддршка да разбере дека најпосле е вистински пејач, дека неговото искуство најпосле доби на цена. На Секуловски му треба поддршка да сфати дека никој не може да му ја земе победата (при тоа под победа не мислам на победа на Идол, тоа може ќе биде може не - ама на кој му е гајле, ако убаво го погледне видеото на јутуб што сами си го поставиле ќе види дека меѓу овие деца има поврзаност, дека се смејство веќе и дека вистинските ривали не се во групата на Идолците, ами надвор од таму). Ете тоа се сонца! Останатите што испаднаа досега се исто толку убави, добри, паметни....ги гушкам и ги подржувам сите до еден. П.С. До модераторката, или оној ник со привилегии: нема потреба да ми се закануваш со бришење, нит ми го даде животот на форумов, нит можеш да ми го земеш. Суетна си, те боли секој кој веднаш ќе стане популарен, макар и на миг, на форумов. И јас едно време бев таква, не се грижи, ќе добиеш други приоритети во животот и ќе видиш колку светот е убав кога ќе го погледнеш малку попозитивно. А верувај ми на зборовиве, за некое време ќе сакаш да си ми најдобра другарка и ќе ми бидеш. Ти ги гледам очите - во суштина си навистина добра душа. Опушти се и уживај!
Знаеш ова како му доаѓа? Тоа им е работа сега. Решиле да се занимаваат со тоа, па има малку да потрпат. Ова му доаѓа исто ко кога сите се жалат од келнерите како биле дрски, ама никој не вика, може биле уморни, или под притисок, туку сите одма ги напаѓаат дека ако се исфрустрирани, уморни или штотијазнам, нека си бараат друга работа, а не на гостите да истураат фрустрации. Епа и овие исто. Уморни биле, ма ајде
Е значи не ми се верува......во никој случај не знаете да покажете почит......justicia многу паметно напишано и јас целосно се согласувам со Вас.На нашиве Идолци им треба нашата морална подршка,а нас ни е тешко и тоа да им го дадеме...Иван на минатата гала изјави дека Биле ги чита коментарите на femina и дека тоа ја плаши и ја гуши....со ниту еден пост не и покажавме на Биле дека веруваме во нејзе,дека е прекрасна и дека треба да дозволи да излезе она перфектното од неа....На Дејан треба да му ја подхраниме самодовербата...Прекрасен е и тој,прекрасно пее и му фали уште да откачи на сцена а тој тоа може ептен оригиналноо да го изведе....Иван,Мики, Јана и Виктор сите се премногу добри,веќе кој и да испадне од нив,мене лично ќе ми биде многу жал.Сите заедно се веќе победници,најдобрата 6ка во Македонија,зарем не заслужуваат да ги нарекуваме победници? Брилијантни сте Идолци!!!!Се надевам дека ќе ја освежите Македонската естрада со вашето постоење,работа,упорност и дека само успеси ќе ве следат!
Вака..Кико мислам дека тешко ќе дојде утре затоа шо е болен до даска (така прочитав) и зарем него ќе го чекаат до другата недела..Не верувам ! Иначе мене па ми кажаа дека кико ќе пеел на паузата кога се гласало.Е сеа дали е болен или само се зафркава за да не изненади незнам.Ама баш ќе ми биде мило ако го слушнам и видам пак во живо
Како што читав на минатите страници за тој Аднан од операција триумф (победникот) за него никаде веќе немаме слушнато.Нашиот Александар и тие пред него што испаднаа почнаа да градат кариера песни бендови итн.. Истото со идол...Кај Кико на профил гледам нешо со Валентино се допишувале и прочитав дека Кико ќе снима песна а наскоро може и албум да му излезе..Не ме сваќајте погрешно ама според ова Мики не сакам да победи затоа шо ќе го пратат во Лонодон и тоа е а другите и песни и албуми и се се...Дејан нека победи според мене
Мислам дека враќањето на Кико е трач пуштен од неговите малолетни обожавателки. Или пак не разбрала некоја ко што треба и ајде муабети Зашто би го вратиле, ако некого враќаат сите испаднати треба да имаат подеднаква шанса да бидат вратени. А не на некој од жирито во сон му дошло да го врати Кико и ајде утре одлука дека бил вратен. И каде тоа го рекло жирито....во себе? Тогаш која беше поентата на последната "гала". Настапија сите, го исфрлија тој со најмалку гласови и ајде сега пу пу не се важи. Ќе биде многу фрустрирачки за останатите кандидати ако вака некој го направат супериорен со сила Али како и да е, муабетов ми e "на комшиката братучедка од тетка се знаела со на жирито кум кој учел во основно со на Кико на мајка му колешка и кажал нејзе некој дека тој бил вратен...."
Се согласувам..Навистина сакам повторно да го видам Кико како пее но не како вратен во Идол..На пример како гостин!
за кико и за иван првпат слушам али за дејан е чиста вистина секоја недела бираат облека со стилистите за настап во последно време стварно нервира девојчево се замислува којзнае што нема теоретски шанси ке снимаат песна не само кико туку сите 13 финалисти што останаа на големите концерти. а иначе кико е влезен во продукција кај јован јованов
Дека ќе вратат некого во идолов не верувам , посебно не Кико, зошто баш он,во што е подобар од другите што испаднаа -ништо, значи се е обичен трач. А ова со Јана што не сакала да се слика и кажала така... ок несака, неможе, само уште е почетник и она како и сите други и има многу да учи како да се однесува во такви ситуации и како да се каже, не е само тоа дека славата и удрела во глава. Па и ај застани го Слаткар или кој и да е по улица верувам дека нема да се слика
И јас го прочитав ова на страница создадена од неговите фанови, ама не верувам дека е точно. Иако не сакав да испадне мислам дека доколку ова е вистина не би било фер спрема другите што излегоа пред него. А ако планираат да вратат некого (се сомневам дека би го направиле тоа) ќе направат посебна гала, кадешто народот со гласање ќе одлучи кој да се врати.
Се согласувам, ама да биде поорганизирано, т.е. поубаво да го пречекаат гостинот, а не како Кнез минатиот пат. Многу штуро некако, си испеа и си отиде ...
Не верувам во тоа за Кико....нема да го врнат ..ако беше така и ако жирито сакаше да ја искористи својата зелена или незнам каква карта ке го направеше тоа и воопшто немаше да излезе... Ккао и да е...а штом влегол во Јованов рекордс му предвидувам "блескава" кариера како на Слаткар и Елвир...направија БУМ за една година и сега никаде ги нема...а тоа што уште толку ке ЛЕТНЕ во облаците е плус... бираат музичари само за тинејџерките да врескат по нив, а квалитет нема никаков... ама ете да не бидам толку негативна ..ке му посакам успешна кариера и се надевам ке биде и од него нешто