Оваа вечер пријатно изненадуваат. Јана ми беше супер, јас не осетив фалшови (јас уствари ги забележувам ако е ептен апла ) и Дејан за прв пат сакав да го дослушам до крај, без да идам до кујна или да си барам занимации
На почетокот некако ко да ми беа подобри сите кандидати, сега воопшто не ми се свиѓа никој... Никој не е комплетен идол, некои имаат малку поарен глас ама немаат изглед и харизма, некои имаат изглед а појма немаат од пеење- се на се, сите ми се невпечатливи, не се на ниво на Идол
Досадни се со ова со мајкиве. Треба да скратат малку на глупости, да си викнат некој гостин, да биде поинтересно.
Јас би сакала да изразам благодарност до Мики . Ми се стужна како ја пее песнава. Незнам дали ќе се осудам уште еднаш да ја слушнам , и онака секогаш кога ја слушам романтична сум
Интонативно е океј (освен почетоктот, ако чув убаво, првиот стих), но некако со бојата на гласот како да не му легна песнава, повеќе е за побрзи песни и рок балади, според мене. Инаку колку ја сакам Лебедот Бел од Пере, ако Иван ја упропасти ќе го окубам лебедот.
Мики, ти си тој со најмоќниот глас. Дејан добар беше ме изненади ама пак мислам дека треба да отпадне досаден е. Јана што сака нека праи не ме засега многу зошто има најобичен глас, не и е карактеристичен ни малку да ја слушнам нема да препознаам дека пее она сеедно најобичен глас.
Уф најлоша изведба на Мики евр. Дури не можев да го слушам. Песнава не е за него, ја убрза некако, ич не му легна, ама ич.