И сега ајде, птички пејат, цветчиња цветаат. Вака никогаш нема да успеат, не им ги поправаат грешките.
Има моќен глас ама некако не ми е многу пријатен за слушање, баш поради тоа што ми пее како носот да му е затнат, како труба А за коректноста не зборам, не се разбирам баш.
Стварно бе, кажете му на човекот, да не биде во заблуда, да знае да си ги бира песните, нека го насочат малку.
Едвај ги чекам дуетите, многу ме интересира како ги усогласиле гласовите на пробите, како ќе го изведат тоа после е тоа е нешто ново, доста ми е од соло веќе секакви ги ислушавме, уште бугарско што не пееја и стрикно српско турбо
Ех ех ех, Тони ја претера. Владо Јаневски си е Владо, па дури ни Мики не може да го надмине. Јесте дека го сакам Мики, ама... Еве сега и Калиопи го потенцираше тоа, не е во ред толку да ги фалат. едит : ама сепак ќе бидам среќна ако имам маж како Мики.
Тони Михајловски освен за стајлинг за ништо друго нема право да збори, па ни за стајлинг зошто не е стилист тој е само ``фанимен``. Не знам ни што бара во жириво ама нема врска ај.
Мене ми се свиѓаше многу како отпеа. Не ја отпеа како Владо нормално, пошто имаат различен глас туку на свој начин и ми звучеше супер. Ми звучеше како Мики, оргинално на негов начин
А па оваа Калиопи како некоја лигла, колку ме нервира Цело време се труди нешто забавна да биде ама многу глупаво изгледа
Е ова со палмиве баш и не им требаше. Има една граница помеѓу музика и политика која не треба да се преминува.
Во врска со палмите, А1 во секоја можна прилика мора да спомнат нешто против владава па за нецел месец има избори извинете за офф-топик.
Леле ќути Трендафилке цела вечер го буљам, сакав да и пишам од кај и е Иначе јас се заљубувам во Мики полека но сигурно Не беше најсјаен, ама човече кој може да е подобар Владо во неговите автобиогравски песни? Песни кои се совршено испеани. Владо е класа. Само Владо повеќе го сакам од Мики Би сакала Владо и Мики да ги слушнам во дует, во нивна песна. Не се надевај млада дамо. Еден фалш на Мики, а Иван не отпеја до сега нешто без фалш
ивана веќе на нерви ми иде со нејзините фаци и со превртување на очите стварно ми е одвратна мики не се покажа баш најдобро очекував многу повеке