Ако Виктор се спушил на толку ниско ниво јавно да коментира дека не се согласува со жирито (јас лично не гледам ништо контраверзно во статусот ко што го направија, али ја) жирито се спушти уште пониско со тоа што одбија да си ја завршат работата професионално, и да го искоментираат неговиот настап Него го оправдувам заради неискуството и годините, може е прост, може самобендисан...али нив неможам да ги оправдам зашто се претставуваат како професионалци и се дупло постари од него за да играат "војни" и "глушец и мачка" Него....на Јана фустанчињата? Спонзори? Каде се облекуваат?
Одлични беа сите 3 дуети, но најмногу ми се допадна последниот!!! Виктор и Мики - моите фаворити!! Се надевам дека некој од овие 2ца ќе ја однесе победата на Идолов. Без разлика кој што пишува на фб, сепак мислам дека тие го имаат она вистинското за да бидат Идоли. Покрај нив, и Иван. Ама, навивам за Виктор и Мики.
а каде е тоа каде што Виктор коментирал за Мики и Иван.. ај копирајте и го и тој статус, коментар или што и да било..
Интересна гала вечер, чинам една од поинтересните ! И се ќе ми беше перфектно само ако не се случеше тоа со Викторчо ! И после некој ќе се праша која е улогата на Тони во жирито,епа тоа му е улогата(покрај другото),да им ги залепи тогаш кога е потребно! Нити Виктор, нити било кој друг од идолите не смеее да им пререче ништо на жирито,затоа што жирито многу повеќе ги фали отколку што ги напаѓа! И тогаш кога имало на што да им се замери,жирито пак ги пофалуваше! Ете и овде на овој форум скоро сите имаме забележано дека многу малце критикува жирито и затоа сметам дека Виктор не смеел да си даде за право да напише таков статус! Виктор е мојот фаворит, најинтересен ми е како пејач, многу се труди, но сепак убаво му ја ,,шлапна,, Тони! Доби тоа што заслужи!
Пред некоја гала кога покажуваа за нивниот стајлинг , шетаа сегде . Мислам од сегде земаа , од Теранова , од Мотиви .. За сега не знам ..
па тие се тандем подеднакво лигави, така фино занесени и арогантни. ептен си се погодени. Абе тандем снова.
Ако Виктор се спушил на толку ниско ниво јавно да коментира дека не се согласува со жирито (јас лично не гледам ништо контраверзно во статусот ко што го направија, али ја) жирито се спушти уште пониско со тоа што одбија да си ја завршат работата професионално, и да го искоментираат неговиот настап Него го оправдувам заради неискуството и годините, може е прост, може самобендисан...али нив неможам да ги оправдам зашто се претставуваат како професионалци и се дупло постари од него за да играат "војни" и "глушец и мачка" сосема се согласувам со тебе се обрукаа калиопи игор и тони бог да чува како што збореа за нико не требало јавно не требаше и за виктор така да зборат ама се гордеам со виктор што си се испонаша многу добро и им рече "ви благодарам " Тооооо Виктор така продолжи
Околу Виктор - браво за коментарот од жирито. Симнувам капа. Тоа е таа негова страна која ме нервирала отсекогаш, тоа негово преценување и самобендисување, факт е дека не може да знае за музика колку Калиопи и Игор и треба да слуша кога нешто ќе му се каже. Затоа и ми е антипатичен од почетокот на галите. Сега ми стана двојно повеќе. А за коментарите околу неговите колеги, без разлика дали биле помеѓу нив или пред цела јавност, има некои работи кои треба да се премолчат, верувам дека ниту еден од нив не се шегувал за неговиот голем нос и крива насмевка, сите имаме маани - да бидеме реални. Околу пеењето, ми се допадна, посебно дуетот со Мики. Иако требаше да има повеќе нежности, така бара песната, нели. Спојлер Шала. И мерак ми падна што го поздравија Хихо со истата, ма и соло да ја пееше, ќе ја постигнеше истата магија како Елтон Џон и Џорџ Мајкл, а и доста емоции ќе имаше. Дуетот на Иван и Јана беше перфекција - феноменален тандем и гласовите одлично им се склопија. Прекрасна сценска изведба, се` беше супер. Биле и Дејан ме изненадија доста вечерва. Супер беа сите три дуета, немам замерка.
Оваа категорија моментално ја разгледуваат: 1wisdom, 90210, aleksa94, ana-banana, AnoreXic, Avril.09, baguf4e, bella.gk, blue.rose, Caramelle, De-lovely, eemmiilliijjaa, ElenaRbd, ElleS, faye, Forgotten, Gargamel, GarpovaV, Gossip...Girl, JuLleE, K.e.ll.y, KalaV, Kitten, Kompot, kristina.k, LadyStyle, leyla12tekin, Lina24, Little-one, livert, m2m2m2, MacaLove, mal.ecka, mamence, marina22mk, mila85, MileyCyrus1Fan, Plavusa.17, sadangel, secretPrincess, sefanijastefi, Siksi, Smilly, Smizzy, Sneska07, SpaceGirl, sparklie, specificone, ss80, sweet-cherry, teddybear, TennisBabe, The.blowers.daughter, veri, ViKtOrIjA21, Whatsername, Zaljubena111 и 152 гости Арно малку Јас сум Биле да си ги спакува куферите вечерва
И рекол дека тој и да не се појави на идол ке подеди.Аман што е тој повеќе од другите Дејан колку поубаво пее од него,а колку е повлечен а не виктор се замислува најубав
ахаха ме претрка таман сакав ова да го искоментирам, абе ептен е гужва сите сме засукале ракави, не можам едно мислење да испратам, како листа на чекање чекам да се испрати.
Кога пееја сами ќе кажам само една голема КАТАСТРОФА освен Јана. Билјана Мики премногу почна да напнува на песна која треба да биде отпеана премногу лефтерно и без многу напори и стенкања. Иван исклучи скроз тој беше крив многу јасно кај не ја призна грешката го направи Харе крив уште па на крајот вика „Мене ми се случува да згрешам, а не па нив.“ Ко да е тој поголема ѕвезда од нив па кога може него да му се случи ај и нив може па ќе му простиме. Срамота !! Воопшто не внимаваат што зборуваат. Дејан ме изненади позитивно кога пееше сам не очекував добра изведба, но добар беше. Виктор... Викторе Викторе СРАМ ДА ТИ Е ете тоа имам да кажам...Не за статусот не за неснименото скокање туку за „оној кој црвенее и онај кој поти“ тоа ни на „интерна шега“ не си смеел да го кажеш !! СРАМОТА !!! Е сега да кажам дека жирито претера со коментарите кон Иван жал ми падна...колку тажна фацка направи. Исто така претераа со коментарите за Виктор. Се согласувам со едно мислење од погоре дека како што нив им сметаа муабетите за Нико што ги кажаа идолите така и тие не смееа да си дозволат вакво нешто. Потполно се согласувам речиси секој коментар нивни, но мислам дека Тони и Игор посебно не си ги знаат границите. На Виктор му треба спуштање на земја исто колку што му треба на сите таму. СИТЕ до еден без исклучоци. Спуштете се доле муабетов. Дуетите: Дејан и билјана под итно дома да си одат. Што беше она дерење бре како да ги колат. Дејан па ми се чинеше ќе ја истепа Биле. Катастрофа. Иван и Јана секоја чест одлични беа и двата и ако некој најде мана на овој настап тогаш срам да му е навистина. Секоја чест !! Виктор и Мики ОДЛИЧНИ. Се совпаднаа. СОВРШЕНИ !!