Добро твое мислење...мислев си ги испуштила зошто не е возможно да не си го чула Виктор како убаво испеа...Сонце не ме грее можеби не толку добро..ама оваа феноменално..прекрасен спој од различни гласови.мене ми се допадна и сам да беше пак ке испееше исто така убаво
За настапите со македонските песни ме разочараа сите,некој повеке некој помалку, само Дејан ми беше супер Дуетите им беа одлични на сите! Едно големо БРАВО мислам дека вечерва треба да испадне Билјана затоа што според мене беше најслаба во соло пеењето! скрос погрешна песна одбрала.....
Е браво бе Виктор не знаел да пее..Браво стварно. Дека е музички колку што знам најобразован од сите таму и дека кога пее најмалку напнува за да извади глас од сите таму. Затоа Виктор не знае да пее.
Е браво бе Виктор не знаел да пеел..Браво стварно. Дека е музички колку што знам најобразован од сите таму и дека кога пее најмалку напнува за да извади глас од сите таму. Затоа Виктор не знае да пее.
Вечерва сите ми беа добри :up: ! Ова беше квалитетна гала вечер (според мене) Јана- убав избор на песна и добри ми отпеја! Дејан- за чудо некое вечерва ми беше занимлив,имаше солиден настап,ми изгледаше многу поошуштено на сцена; Мики- Одбрал мнооогу тешка песна но добро ја изнесе пред публиката! Пее со многу емоции и секогаш предвреме знам дека ќе има одличен настап! Билјана- лош избор на песна,убаво облечена,лошо нашминкана ! Овој ми се чини е еден од полошите нејзини настапи! Имав чувство дека не се труди доволно за да отпее убаво,како да вложуваше многу малку во изведбата! Вечерва мислам дека она ќе пакува куфери Иван- веднаш го сетив фалшот, веднаш знаев дека се случува нешто! Песната која ја одбрал му е тотална утка но тој е вистински квалитет! Ако не му ја згрешеше бендот работата 100% Иван ќе имаше најдобар настап вечерва! Виктор- убав избор на песна, убав сценски настап, добар контакт со публиката! Секогаш ми остава впечаток како многу да се подготвувал за настапот,така да и вечерва се осеќаше дека ја спремил песната! Коментарите што ги доби од жирито ми се чини дека сепак си ги заслужи бидејќи многу е ,,назад,, за да се контри против тие што му помагаат да стане ѕвезда! Дуетите комплетно ме фасцинираа! И трите дуети имаа одлична сценска изведба, добар стајлинг и сите убаво ми пееја!
А реално ако гледаме ДА Билјана оваа вечер беше најслаба соло ... па тоа никакво пеење на Слатка горчина не го мени никаков дует.... Билјана или Дејан ... ма да Дејан се труди и подобро пее од неа..Биле со соло изведбата ептен ме разочара.... ГЛАСАВ ЗА ВИКТОР ЕДНО 100 ПАТИ добро не 100 ама доволно само да не ми излезе денес
Мене ме нервираше арогантноста на Виктор, се‘ до пред некоја вечер кога уствари ја видов срамежливоста во неговите очи и сфатив дека всушност он се крие зад таа своја арогантност. Како и да е, ако се сеќавате жирито ги караше после излегувањето на Нико, дека го оцрниле јавно, а не му кажале лично. Жирито вечерва излезе толку лицемерно и контрадикторно само на себе, кога направи нешто за што пред тоа ги прекоруваше идолите, падна толку ниско на неколку наврати, што јас искрено за прв пат се разочарав од нив!!! Виктор си е сам свој човек и има право да си го каже своето мислење, каде сака и какво и да е! Е сега тоа што објавил таква работа на ФБ, покажува каков човек е тој, меѓутоа не е работа на жирито да го критикува! Друго, Игор вечерва ми газеше на нервите со неговите глупави, неиздржани коментари!!! Како можеше да му го каже тоа на Иван после тоа како испеа и покрај тоа што му свиреа погрешен акорд!??? Дали при здрав разум рече „Не треба да има аплауз за Иван, туку за бендот“!? По ѓаволите, нека има аплауз за бендот, ама тоа пред Иван така го кажа, што воопшто не звучеше вкусно. Виктор јавно на национална телевизија го нарече лажго, а и Билјана не ја остави покуса... Сите се прекрасни деца, беспрекорни гласови, јаки карактери!!! Не сакам да излезе веќе ниту еден!!! А дуетиве, ме оставија со отворена уста вечерва БРАВО!!! П.С. де бре луѓе, 4 нови страници за 10 минути Чоек за време на Идол реклами да не ви пушти
Потребни беа и тоа многу! Мене ми изгледа дека Виктое глуми „даскал“ во случајов. Не може он со 4 години средно, да биде подобар од некој со двојно повеќе школување од неговото и тројно повеќе искуство. Треба да си постави некој лимит и да се научи да почитува и цени.
Дајте бе луѓе,имате ли уши не ми е јасно? Па видовте ли како фалшираше Виктор само?Кај го најдовте убавото само не знам. Ај во дуетов,се извади некако,ама солото му беше ужас.
Не, ама тука некаде беа. Нијанси одлучуваат. Со тоа што Виктор обели образ со дуетот, а во соло интерпретацијата имаше некои фалшови при крајот кои ги приметив.
Според мене слободно можеше да се прескокне делот кога пееја македонски песни,со исклучок на Мики, но сепак и тој не ми испеа најдобро,и низ целото време имаше некоја мрачна атмосфера,некоја нервоза и кај кандидатите и кај жирито,додека дуетите беа одлични навистина. Да не беа тие слободно можевте да го промените каналот немаше ништо да пропуштите .БРАВО ЗА ДУЕТИТЕ!!!!!!!!!!
Од женските не ми се допага ни јана како пее ни билијана,тие што беа подобри ги извадија на пр.ЕЛИЗАБЕТА
Незнам, ама според мене тој најдобро испеа оваа вечер. Инаку не ми е тој фаворит,Мики ми е. А и Дејан убаво испеа.