Mене Билјана ми се допадна од почетокот, за неа навивав, ама со тек на време разочара и наместо да се среде малце она уште повеќе се замислуваше ѕвезда,и се гледаше крајот во идолот.Ама ќе има кариерса сигурно,калиопи ќе ја среди како што кажа некој погоре Само да не победи на крај Дејан ко некој мекотелец ми е,така безличен, нема фаца за идол. Сега за Иван сум!
Биле испадна? Па добро, заслужено. А кои други двајца беа на жешките столчиња? Не гледав вечерва, сте испишале 40 стр
Е конечно да испадни Билјана заслужено беше доста и беше форсирање и ова е премногу за неа нека оди таму за мис нека се перчи можеби ќе победи овде сигурно не ... Мики и Виктор најдобри како и секогаш леле колку ми беше жал кога го критикуваа Виктор очигледно дека не го познаваат дечкото е предобар навистина има најдобра душа сигорно тоа го напишал од зафрканција 100% ... Инаку мојот фаворит е Мики го обожавам ууф го сакаам Микииииииииии како пеее МИКИ Е ЦАР!!!
ЈАНА, ДЕЈАН И БИЛЕ СЕДНАА НА СТОЛЧИЊАТА...ЈАНА ПРОДОЛЖИ ПОНАТАМУ, А НА КРАЈ ОСТАНАА БИЛЕ И ДЕЈАН...И ОТПАДНА БИЛЕ(МН МИ Е ЖАЛ)
Еј ми текна еден момент што предходно заборавив да го искоментирам. Кога ја дава Јана дома со мајка и, мајка и кажа нешто во стилот дека на Јана малата сестричка гласала за Кико, за да Јана побргу испадне и си оди дома....Зарем има родител што на ваков начин би си го "поктопал" своето дете, за само да може да биде дома 2-3 недели порано? мене ова ми е многу бизарно. Не е Јана детенце па да седи по цел ден дома со мамичка, оставете ја девојката да си гради кариера...
На тој статусот на Виктор една типка напишала дека Биле имала односи со Игор,господ да чува и да бране Инаку не гледам никаде коментар од Тино каде што го поддржува Виктор?! Мене за сите ми е жал кога излегуваат,такви им се жални фацките.
хахахха,ме изнасмеа ова болдираново А потполно се согласувам со мислењето на Јуле,во врска со Дејан.Сите разочаруваат по малку од гала во гала,само тој е се подобар и подобар.Најмногу има напреднато до сега. Браво Дејан А Мики едно гласиште бреее...
Значи Игор Џамбазов не само што го допре дното, туку и се укопа во него... Секоја чест за Иван што не прокоментира ништо на крајот, и секоја чест на Виктор што си има свој став и не се плаши да им контра на умрената жири комисија што е ставена таму колку да се рече дека има жири комисија. Па уште и стручни, ајде бре, јас сум постручна од нив и сите што коментираме на темава сме постручни и кажуваме пообјективно без прекрасен/на си, продолжи така. Лигловци. Иван не заслужува аплауз, да, затоа што господин Игор така рече Мочко еден, он ќе зборува за професионалност, нека се сети како побегна и се криеше низ шумите ради коцкарски долгови притоа напуштајќи си ја работата и лажење на одговорните. Сакам кога ќе заврши идолов, игор повеќе да не го видам на ниедна телевизија, пропала инвестиција. Сега ќе си кажам по мое за сите... Јана - ми беше вечерва перфектна, ниедна утка не направи барем јас така забележав. Дејан - истите коментари од предходно ги имам и сега за него. Мики - мислам дека стварно спрема Мурињо стратегија чоеков, дали се чува за крај да експлодира или незнам... Ама не ме воодушеви вечерва, барем на песната од Владо. Биљана - ужасна беше со песната од Каролина. Заслужено излезе. Иван - Не беше виновен за грешката, дури и добро се снајде во ситуацијата. Не беше лош, со оглед на тоа што се случи верувам дека ќе беше подобар Виктор - секоја чест, како што кажав погоре, добар беше, мислам дека овој пат ниедна грешка не направи. На дуетите сите ми беа одлични, немам зборови, а најдобри и нај интересни ми беа Иван и Јана.
Иван згреши во песната односно испадна дека Харе згрешил и имаше многу лоши коментари најдобро е да си гледаш реприза. Игор му рече на Иван „Иван ти вечерва не заслужуваш аплауз,бендот заслужува“. Виктор веќе го отепаа сите и Тони и Игор и Калиопи...Не можам да издвојам најлош коментар затоа што се беше лошо, а врв според мене беше кога Игор му се сврти да не речам со грбот како мало дете кога се лути.. . Гледај реприза обавезно немој да ја пропушташ оваа гала
А кога има реприза, и јас не ја гледав цела гала т.е. најважните делови сум ги пропуштила како што гледам сега Мене Иван ми е срцка невидена, ептен ми стана мил, осеќам страст во него, помешана со добрина- а како пее , а за изгледот
Утре вечер после 12 ќе има реприза....околу 12ипол ми се чини А и скоро секој (ако не и секој) ден имаш реприза. Провери на страната
Колку ми е мило онаа БИЛЕ сто испадна,Уште на почетокот ми беше одвратна и добро е што таа испадна сепак требаше уште многу одамна.... Мојот фаворит е Иван дечкото многу убаво пее (без разлика тоа што се случи)и многу ми е симпатичен напред иван
Во врска со статусот на Виктор морам да кажам дека претераа од жирито. Воопшто нема да бидам субјективна, тоа Калиопи што го кажа за облеката да му биде посценична држи вода до негде ама па не мора стално сако да носи. Така одлучил стилистот, он се чувствувал пријатно и тоа е тоа. За нејзиниот коментар немал потреба од забелешки според мене. Ама коментарите дека требал да смени стил??? Тоа си е неговиот стил и нормално дека кога ќе му се пружи шанса, ќе си одбере баш таква песна. Таков стил баш му одговара. Е сега настапот не му беше многу добар ама кога можеа Билјана и Кристијан да ги испофалат, Виктор требаше да го величат. Јас го разбирам зошто се изнервирал за коментарите... Јас неговиот статус не го гледам како ништо трагично, меѓутоа малку наивно од негова страна. Баш кога е веќе очигледно дека има луѓе кои го тужакаат кај жирито, бидејќи некако се загрозени од него . Му подавам рака како издржа додека го караа и си одеа против себе. Зошто не си го послушаа својот совет па да му кажат на само, а не во јавност. А и не само тоа, јас не сфатив минатиот пат што сакаше Игор да каже со тоа дека откога не застанал на страната на Нико ќе има нови непријатели. А Калиопи беше таа која му рече дека бил многу убав како надворешно така внатрешно. Ах жири, жири вечерва ја оплескавте работава. А тоа па Игор што го кажа дека Иван не заслужува аплауз, ни крив ни дожен, на што личи...Не ми се верува. Сите тројца некако ми се одмилија и покрај тоа што и Калиопи и Игор многу и почитував. А што било тоа кој се потел, кој се црвенеел? Виктор рече дека била некоја интерна шега. Што значи дека не ништо јавно...што пак значи дека решиле да го уништат. Бараат валкан веш, нормално дека секој го има ама баш неговиот упорно го потенцираат...хмммм срамота
За жирито само Нико е вреден и знае да пее,и најубаво се однесува бла бла . И ова што го кажуваат на Виктор можеа да му го кажат насамо а не вака пред цела јавност,како за инат да неќат да оди понатаму . За тоа што му го направија на Иван исто така ноу комент,Иван си испеа прекрасно а сеа што се испомешале некои тонови не е само негова грешката . Сите беа прекрасни . Виктор воопшто не е дигнат , се гледаше дека многу се извинува , цело време се заблагодаруваше .. срце . А ако тоа жирито е образовано треба да знае дека не треба да постои разлика помеѓу личното и јавното мислење,но кога се искажуваме јавно да нема навреди..а во изјавата на Виктор немаше. И незнам за вас..али помалку ми станува досадно,секоја гала исто.А за обезбедувањето во салата - немам коментар . Ќе ги опишам со еден збор , ДЕБИЛИ! Значи толку нечувствителни,оставаат мали деца надвор на дождот да гледаат,прават проблем што картата била ваква,онаква , велат ќе се сликаш со кој сакаш од идол али на паузата.И после на паузата велат нема сликање . ОРГАНИЗАЦИЈА 0
Баш се гледа дека Виктор се занесува премногу, убаво му искоментира игор дека ако тој им се лути на жирито тое а исто како Американците да му се лутат на Колумбо што ја открил Америка. Тие критики на жирито треба да ги прифаќа оти жирито го избра него. И јас да сум на местото на жирито би с еизнервирала за такви статуси. Па и за колегите кога пееле мики црвенеел а иван не знам што и.т.н. Многу чудно дете одвратен ми стана со ова ти едно му викаш дека тоа не чини а тој вели благодарност до сите што ми го подржаа статусот. Многу е самоуверен треба да го седнат малку на столчето да го здрмаат малку да се спушти на земја
Ако муабетот со црвенеењето и потењето е за Мики и Иван тоа е нивна приватна работа. Жирито тоа о слушнало и сега намерно го презентира на јавноста. Значи Мики и Иван имаат право да му се лутат, но не мора сите да знаат за тоа. Сигурно меѓу сите од идолите има караници, но и зафрканции. А од кај знаеш дека они него не го зафркаваат за нешто друго. Колку ниско од жирито што се меша во вакви работи па уште и во јавност да ги кажува.ццц НАЈДОБРОТО ОД ВЕЧЕРВА http://www.youtube.com/watch?v=aC6cn8w9 ... er&list=UL