Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. ViKtOrIjA21

    ViKtOrIjA21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    271
    Допаѓања:
    148
    Сакам пример за ароганцијата на Виктор??? па не сум толку слепа да не го гледам тоа кај него :^)
    Игор од што сака да каже нешто кратко а силно и глупости почна да треска...
    а Калиопи "фината дама" (која многу ја почитувам и ја сакам) денес ме разочара ... како тоа зборуваат за фејсбук статуси и сл.смешно!!! Како што рече некој претходно , изгледаа како мали деца кога се расправаат за играчка..сами си го демантират кажаното за Нико од минатата гала.
    А Виктор ке му кажам БРАВО 3 пати
    :clap: ова за Сонце не ме грее
    :clap: ова за тоа што многу културно , совесно ги прифати коментарите на жирито и што на многу културен начин им се спротистави со својот став (значи ако седат таму не значи дека се БОГОВИ и дека с ево право за се) а ми нели за Калиопи беше битно да имат нивно размислување и став
    :clap: и ова најголемо браво за феноменално отпеаниот дует со Мики...алал да му е што и покрај критиките достојно и професионално излезе на сцена и ништо не го спречи да испее дури и најдобро до сега :D
    За статусот што го ставил не му подавам рака.. ама луѓе никој не вреѓа со тоа па и нему му дошло преку глава!! Па поубаво ли беше што Калиопи индиректно му кажа дека е облечен како уличар???
    Не мислам дека жирито намерно го критикуваше минатиот пат (зошто Grenade стварно не ја испеа добро) ама тоа со облеката...не требаше..а тоа денес :puke: страшно!!! се избрукаа "
    за сите пари" :lol:
     
    На Monna.Monna, macysh и danika им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Да ама тоа незначи дека Колумбо ги поседува и може да им прави што сака. Тие се слободен народ, си биле таму и си живеле и пред да дојде Колумбо. Не ги тој измислил, само ги претставил на веќе постоечкиот народ во Европа.
    Значи постои Европа, постои Америка....Колумбо ги спојува. Не открива ништо, само што предходно не се знаеле едни со други. Али и без Колумбо порано или подоцна ќе се изнајделе
     
    На macysh, velesanka и 90210 им се допаѓа ова.
  3. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    A што пишал толку на статусот? може некој да го пастира?
    Абе овој Виктор, и порано му рекоа во некој хотел дека зборувал, и да не се појавел на Идол ке победел, многу бардина продавање не треба, до вчера никој не го знаеше. А можи и му е тактика некоја за внимание, или па многу е наивен.
    Како и да е, овие од жириво :) само три точки ке пишам ...
    без коментар, место музика, да се расположиш, ова драма стана. Американскиот идол да ти е кеф да го гледаш, за ништо не не бива :worried:
     
    На De-lovely и maca-23 им се допаѓа ова.
  4. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.577
    Допаѓања:
    252.072
    Ви смета што жирито не ги критикува, а кога ги критикува пак ви смета.
    И Калипои и Игор се никој??? Игор го допре дното?
    Тие не се компетентни, не се разбираат?
    Така е, тоа ти е македонче, плукај по квалитетот, а после кога ќе го нема, ќе плачете!
    За нас ништо не чини, што е наше, фрли го!
    И денес Виктор кога ја пееше Сонце не ме грее едвај чекав да заврши.
    Лошо многу лошо, а за дуетот немам зборови!
    И ќе се согласам во врска за Иван, не го оправдувам Игор, бендот згреши, не Иван!
    Се зачудив и јас од реакцијата на жирито, бидејќи Иван оваа вечер беше прекрасен!

    И моментално жирито е таму за да ги критикува и да ги насочи, тие се сега во фаза каде учаат, каде што грешаат и секоја критика е добродојдена за нив. И далеку се од нив постручни и поискусни, и треба да ги слушаат нивните совети, а не да им се лутат.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  5. FortuneTeller.xD

    FortuneTeller.xD Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2010
    Пораки:
    655
    Допаѓања:
    381
    Реков јас, оние жирино се само за на клоци да се избркаат. |( Коментирај ко што треба, а не онака! Ич не се усогласени. Предходниве гали беа благи, сега толку ниско се спуштија, абее заринаа в земја.
    Виктор, ајде де, можеби со некои негови гестови претера, ама доонолку сигурно не беше.
    А за тоа што му го рече Игор на Иван, да се засрами! Ич не му личеше да го каже она, ееј!

    Иначе, колку што можев да забележам, на оваа ама и на предходните гали, жирито не ги сака многу, многу Иван и Виктор (особено Виктор). Едвај чекаат да направат само едно погрешно чекорче, за пред цела јавност да ги избламираат, а другиве како се понашаат, тоа нема везе. Ми се чини дека се гневни ради тоа што испадна Нико и што сите други идоли јавно го испљукаа. И сега, по не знам која логика, Виктор крив им е. :^)


    Јас ќе прокоментирам за тие што ги гледав.
    Соло
    Мики - добар беше, ама можеше и подобро. Цело време имав чувство ко на нос да пее. (можда го има ова некој искоментирано, ама мене ме мрзеше да ги читам сите коментари :$ )
    Биљана - мислам дека заслужено испадна.
    Иван - Ми се допадна почетокот, ама се дур не ја утнаа работата бендот, солиден беше. :clap: за него!
    Виктор - И тој беше солиден, ама на некои места и солидно си фалшираше. Се на се не беше лошо.

    Дуети
    Најпрво за сите да искоментирам. Не знам зошто ама ми се чинеше дека премногу здрвени беа, особено девојките.
    Дејан и Билјана - Интонативно, ми се допадна, ама некако ем Дејан над неа надвиснуваше, ем таа шо штиклите не можеше да игра живо, како што и доликува на онаква песна.
    Иван и Јана - Прекрасни беа, само Јана во иднина да носи пониски штикли. :rofl:
    Мики и Виктор - :clap: Немам замерки.

    Едит:
    Алиса во земјата на чудата, ова на мене се однесуваше? :?: I'm confused a little bit. :wasntme:
     
  6. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    ^ Сакаме критики. Ама критики на место. Поучни. Конструктивни
    Такви "крититики" како тоа дека некој не заслужува аплауз, без појаснување зашто не заслужува - не! Скроз демотивирачки и непрофесионално. Сакаме стурчни критики кои ќе ги насочи да бидат подобри и да испеат подобро. Да имаат добри сценски настапи.
    Не и требаат на Опи лигавењата од типот "срце, душо, прекрасна си, одлично" ниту пак вртење на глава и инатење ако нешто не и се свиѓало. Кажу ми директно "тој и тој правиш фалшови таму и таму, смени ова и ова, наредна песна интоналитетот да биде ваков и ваков", а не ми расправа она тука и ги кара за интерни муабети и шпионажи кои не ни требале да стинат до неа, ниту пак имаат некаква врска со пеење и идол.
    Не плукаме по квалитет, туку го браниме. Го браниме квалитот на Иван од невкусните испади на Игор.
    Калиопи и Игор може се некој, стручни се и ги бива, али ми се чини ко да се дојдени тука за да се натпреваруваат кој поголема шега (глупост) ќе тресне. Ниту Игор, ниту Калиопи сум ја чула да дава совети во врска во пеење и музика, уште помалку онака стручно. Жими онаа Адријана малку што ги подупати
     
    На mamence, Monna.Monna, Neytiri и 7 други им се допаѓа ова.
  7. foreverinlove

    foreverinlove Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    10
    Мислам дека вечерва жирито претера со коментарите за Виктор.Мислам дека не треба д аим се навлегува во нивната приватност.Нивно право е(во случајов Виктор) што ќе напишат на статус.Вечерва Виктор одлично ги издржа коментарите од жирито.БРАВО!!!Секој има право на свое мислење и тоа беше негово мислење.Не знам зошто толку се навредија.Солото малку го исфалшира на крајот од песната,ама затоа дуетот со Мики беше феноменален!!!И зошто жирито не им станаа и на Мики и на Виктор кога пееа?Заради Виктор или...?Или можеби затоа што мислеа дека беа полоши од претходните два дуети???Не знам што се случува со жирито!!!Страшна работа!!!И за Иван...тој коментар на Игор не му требаше.Згреши бендот,а не тој.И како веќе искусен во музиката си продолжи со пеење за разлика од некој што ќе се изгубеше да му се случеше на некој друг тоа.А,Иван се покажа како вистински професионалец.И се виде на крајот дека не му беше сеедно за коментарите.И сам си кажа дека нема коментар!Се гледаше нервозата во неговите очи.
    Оваа гала беше премногу напната после настапите на Иван и Виктор и после коментарите на жирито,но и двајцата излегоа многу посамоуверени и настапија одлично со дуетите.Секоја чест!!!
    Криво ми е што излезе Биле вечерва.Ми беше фаворит од женските но морам д апризнаам дека не ја испеа баш најдобро Слатка горчина.Сепак мислам дека дуетите ја извадија оваа напната вечер...
     
    На Macufkata му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Мислам дека жирито мораше да му го спомне тоа на Виктор, пред се треба да покаже почит, мочко еден, таму е за да научи нешто за да може да успее понатака, се бара идол за да може да го модифицираат и да го направат ѕвезда, ако бил толку способен што не успеал сам, што се пријавувал на идол. Сепак треба да си ќути и да е благодарен што е таму наместо да ги исмева коментарите на жирито, ова би го кажала за секој кој би постапил како Виктор.
    Компетентно или не, добро или не, жирито си е жири и благодарение на нив таму се наоѓаат идолците
    ( :lol: ) и треба да покажат почит а не да изиграваат паметњакович :!: нека си ќутат и нека си слушаат тоа што им се кажува, не е таму жирито од вчера и многу добро знаат како треба да изгледа и да се однесува новиот идол.
    Во однос на вечерашните настапи да прокоментирам:
    Дејан - ми се допадна, само тоа што е толку незабележителен многу го кочи и го засенува
    Јана - баш ми беше супер и се истакна
    Мики - има премногу груб глас за ваква нежна песна, му лежат погруби песни кај што ќе покаже моќ, требал да ја земе Срце преку небото :P (и да ми ја пее под прозор) :)
    Иван - ме воодушеви, јас дури и не приметив дека згрешил некаде, како и да е дечкото е одличен има се за идол, Игор како можеше да го каже тоа незнам, тоа му е голем минус, Иван не заслужи таков коментар!
    Виктор - добро ја фати песната па почна да урла после, лошо.
    Билјана - мене па добро ми испеа.

    Во однос на дуетите Мики и Виктор ми се допаднаа највеќе, Виктор се извади со оваа изведба мислам ;)
    Јана и Иван исто беа многу добри, сама Јана ко погласно да пееше па го надвика Иван, Билјана и Дејан беа фантастични исто.

    Билјана требаше да остане барем уште една гала, но тоа е тоа. Се надевам дека ќе продолжи да пее и ќе направи кариера, нели Калиопи си ја пикна во продукција, само уште малку да се спушти на земја ок си е девојката, ја бива за на сцена.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.270
    Допаѓања:
    157.736
    Македонскиов народ е скроз изгубен у преводот и смислата и све со ред за било шо,па дури и за Идол.
    Мислам мене ми е апсурдно што читам критики тука,а и на фб ( и тоа од луѓе што не ни мислев дека пратат идол или дека би коментирале за жири-то) поврзани со личноста на Игор,Тони или госпожа Калиопи!
    Скроз ми е гајле дали Игор бил пијандура или Тони се опушта,па заради тоа не би требало да имаат лице да зборуваат.Дека не критикуваат кога треба и како што треба,тоа е така,ама повеќе мислам дека е од други причини,ама нема везе.Искрена да бидам,не го пратам од Велигден откако излезе Нико,ни пуштен ми е тв-то на а1 дур трае галата,па слушам на делови.
    Иван зашкрипе,страаашно.Го слушнав и тоа бев у друга соба,дотрчав да видам,да пукнам сеир,беше очигледно и фино е што Калиопи се потруди да ја извади ситуацијата,а тука читам,ааау не приметивме,шо отече сеа.Ау ова,ау она.Македонија е ова,ало,хеј!Ако не ви чинит гледајте си американ ајдол,шоуво го допре дното од самиот почеток тоа е јасно ко ден,ама тоа е веќе виша сила,да не речам нашиот глуп народ што гласа за некои незабележителни амеби.
    Коа не критикуваат,зошто не го праат тоа,коа критикуваат,е не така,вака требало.Одете у жири бе,одете,шо сеа...Прво и основно,се знае зошто се Игор и Тони ставени.Покрај се,треба да има и забава,а тоа тие го прават добро и сите го знаеме тоа.


    Шо не го изгласаа оној Денис,бар очи да плакнев,може и стриптиз ќе паднеше.Златен дечко беше тоj,не оној Дејан.
     
    На sesilija и JuLleE им се допаѓа ова.
  10. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.620
    Допаѓања:
    2.473
  11. la-chicka

    la-chicka Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    1.336
    Допаѓања:
    1.571
    Пол:
    Женски
    Жирито претерува, океј е критика кажи му/и каде згрешил/а во пеење, што треба да поправи, ама ова со Виктор не ми се свиѓаше, на крај краева да не треба да го праша Тони што да стави на статус |( ... Така се почувствувал и си пишал што мисли, еее драма направија. |(


    Овој па Игор бендот, бендот и бендот! И да речат не свириме пеј си сам, Игор ќе рече ДА - БЕНДОТ :!: :rock: !!!! |(


    ИваННННННННННа неможам веќе да ја гледам! Дај бре девојко олади од твоите глупави лигавештини!! :puke:


    Ни еден не ми се допадна дур пееја сам по сам, кога почнаа во дует многу по убаво звучеа сите :)

    И да, од сите останати Билјана со право испадна :)
     
    На thatsmysecret и Offspring им се допаѓа ова.
  12. maca-23

    maca-23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    179
    извини ама мислам дека ти забега малку со муабетот. Значи никој не рече да им прави што сака туку тој Виктор е создаден од жирито, жирито го избра него а тој плука по нив. Се занесе. А Игор се што кажува се е на место тој важи за многу интелегентен човек.
     
    На TennisBabe му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
  14. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Не го гледав цел концерт еве сега ја слушнав само Јана и не знам дали е до мене ама некако мн лошо ми звучеше гласот, пискаво што знам... :?: Општ заклучок дефинитивно ми е дека стана ДОСАДНО, веќе не ни гледам |(
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Го преслушувам сега настапов.
    Околу 3 минутки и 20 и некоја секунда.
    Апла се познава дека грешката е на гитаристот. Скроз се загуби од таму.
    Преслушајте ја гитарата во оргиналот и преслушајте ја сега, ќе забележите дека е поразлично. Да не се случеше грешката, немаше ни Иван да исфалшира.
    Многу беше професионално од негова страна што не престана да пее, да беше друг ќе се загубеше тотално.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.131
    Пол:
    Женски
    Ете го циркузот што го чекавме :rofl:
    Прво, мислам дека воопшто за време на идолот идолите не треба да имаат пристап до интернет. Треба да вежбаат, да си пеат, а фановите да си прават страни. А не вакви глупости. На американскиот идол пошта им праќаат, изолирани се, не можат да комуницираат со фановите што е и многу паметно. Така фановите објективно можат да го судат нивното пеење, а не карактер, статуси глупости.
    Ете затоа ваков циркус испадна. А жирито му даде значење на сето тоа. Офффф...
    А Иван добро се снајде. Како што рече Тони, можеше да застане да се сврти кон бендот, па зашто, па како. Он си продолжи да си пее, па се најдоа негде по патот. И коментарот на Игор беше излишен, бендот беше тој што згреши, а иако Харе му е пријател 15 години, не мораше толку да рипне да го брани, сепак, тој сам си ја призна грешката.
     
    На ViKtOrIjA21 и 90210 им се допаѓа ова.
  17. At.ena

    At.ena Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    119
    Допаѓања:
    32
    Не ми смета жирито да критикува,ми смета тоашто не критикуваат тоа што треба туку тоа што не треба, секој понеделник истото го коментираат изгледот на кандидатите(посебно Калиопи) ни еднаш не слушнав да им укажат каде точно во кој дел од песната фалшираат за да можат да се поправат,многу повеќе очекував од жирито
     
  18. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.367
    еве и јас да се изјаснам, на почетокот ги подржував мики и биљана ама во последниве гали се полошо и полошо пеат за разлика од нив јана мн пријатно ме изненадува.

    браво девојче ( ако читаш да знаеш дека вереникот мој те обожава и заедно ги коментираме твоите убави нозе :lol: :* , ќе те викаме за тројка ако си :D )

    и иван ми беше прекрасен така да јана и иван се моите нови идоли.

    и виктор е добар, нема да коментирам за неговото однесување, сметам дека некогаш не е доволно сериозен па затоа некогаш звучи прекрасно а некогаш мн лошо, но виктор го има тоа нешто да биде идол, пее убаво, изгледа убаво, има звезда харизма и се така, но сметам дека на сценава не ни е потребна уште една дигната "звезда" па затоа иван и јана само напред се надевам дека ќе продолжите вака убаво да не изненадувате а дуетот беше фантастичен
     
  19. rebekar

    rebekar Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    53
    Допаѓања:
    26
    Веднаш штом Игор искоментира за статусот на Виктор, ми текна на статусот на Кико, и тоа после 2 гала вечери по ред го имаше објавено (првиот пат кога ја пееше 223-305 и следната кога прв пат беше исвиркан, само првиот пат мислам дека го немаше делот „да му се фатат...“). Него ништо не му рекоа, а можеби делумно и за нив се однесувало тоа (иако пак ќе кажам Кико ми беше фаворит а Виктор не е мој фаворит, но немам ништо против него).
    Жирито има право да критикува, но тоа мислам не им дава за право да им замеруваат за нивните статуси на фб. Исто така мислам дека на Игор не му требаше коментарот за Иван, односно дека тој не заслужува аплауз, туку само бендот.
     
  20. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Бијлана праведно си излезе иако мислам дека требаше многу порано бидејки имаше девојки што пејат многу подобро од неја али ајде барем некако интересна ми беше
    инаку девојката беше ме испашила дека ке треба да ја гледам на свирки со Иван и неговата група :lol: