Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Македонски музички идол

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од RainBow, 11 октомври 2010.

?

Кој според вас треба да биде првиот македонски музички идол?

Анкетата е затворена на 27 април 2011.
  1. Mики

    144 глас(а)
    37,4%
  2. Дејан

    31 глас(а)
    8,1%
  3. Иван

    210 глас(а)
    54,5%
  1. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Еее де де ! Жирито го избра него. Квалитет е, и да не беа баш тие друго жири ќе одбереше таков квалитет сигурно немаше да го праќа дома уште на аудициите. Да, супер што го одбраа нека им е благодарен ама срамота е да му го вадат низ нос тоа постојано како они да ќе го направат утре ѕвезда а чоекот со своите квалитети сам си стигна дотука, со нивна помош секако. Ама тоа не значи дека треба да му го назборуваат тоа сите му спомнаа на неколку пати, па аман бе не го создадоа.
     
    На Manceto му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    девојки кој излета вчера од игра?не го догледав шоуто вчера штета
    момците ми се ок а од девојките веќе излегоа добрите вокали искрено незнам на кој принцип гласаат гледачите
    мило ми е само што отпадна Христијан едноставно дечкото имаше 0 вокални способности и требаше веќе одамна да лета од шоуто незнам ни кој гласаше за него
    се надевам дека Виктор ќе ја понесе победата секогаш а посебно вчера посебен ми беше
     
  3. Forgotten

    Forgotten Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    185
    Мислам дека жирито претера со Виктор и со Колумбо. |(
    Па добро мајку му они ги одбрале ама нив тоа им е работа, земаат пари за тоа, за да изберат кој има најдобри гласовни способности за да стигне до тука.
    Коментирањето на Тони не беше на место зашто како прво нека се погледне што зборува он во јавност. Прилично безобразен човек и често ги навредува неговите колеги и луѓето кои не можат да му се вбројат во колеги поради поголемите и подобрите работи што ги прават.
    А жириво вчера пушти јазик ама за приватен живот а колку гали наназад за грешките во пеењето некој пат и големи рекоа само Браво!! Прекрасен си. |(
    Ако баш им текна да си ја работаат работата бар нека бидат комплетни и нека го работаат тоа за што се тука, а што се однесува до статусот на Виктор нека ми простат ама јас никогаш не би дозволила некој да ми кажува што смеам а што не да зборам. моето мислење е мое право и законот ми го дозволува тоа.
     
    На macysh, Neytiri и 90210 им се допаѓа ова.
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Испадна Билјана, заслужено. :rofl:
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Детално да си кажам јас :rofl:

    Јана-многу ми се допадна, и мислам дека стварно не ја имитираше тамарка :lol:
    Дејан - не ми е фаворит и многу не му ги забележувам грешките, ама дуетот беше супер
    Мики- знам можеше и подобро, малку киксна ама се на се добро
    Билјана-и таа как Дејан. ама дуетот им беше супер ;)
    Иван-јас не ја заблежав грешката и многу ми се допадна, и мислам дека го претераа со таа грешка. Му дадоа забелешка и готово.
    Виктор- почетокот му беше супер натаму малку завергла :rofl: а за коментарите на жирито не коментариам :D ама затоа дуетот беше прекрасен :inlove:
    и да и јас мислам дека Билјана излезе заслужено, можеше и двајацата да си одат, сега отиде Билјана следен Дејан :)
    И едвај чекам вечерва да одам. Нели доаѓаат во Штип :D
     
  6. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    18.590
    Допаѓања:
    252.214
    Кога мислев на квалитет, мислев на жирито, поточно на Игор и Калиопи, бидејќи многу од девојките ги нападнаа, кои биле тие итн. Мене ми смета кога за некој толку успешен како што се тие, да се плука и да се напаѓаат како ништо да не вредат, како обични пропалици. Но доста за тоа, темата не е за жирито туку за идолите.

    Вчера што претера Игор во врска со Иван, претера. Што фаворизираат некои од кандидатите, го прават тоа. Но синоќа беа во право за Виктор. Можеби можеа да бидат поблаги но еднаш го опоменија, но тој место да се спушти, уште толку се крева. Кристијан го критикуваа и се смени, се смири малце. А овој летнал во облаците. Жал ми е за него бидејќи се работи за талентирана личност, убаво пее и изгледа, и ми беше прав избор за идол, ама вака, ако не си го смени однесувањето, ако не се приземи, на сите ќе им одмили. Значи он неможе да прифаќа критика!
    И можеби треба жирито да повеќе да ги критикуваат во однос на пеењето кога фалшираат, но неколку пати спомнуваат дека тоа го праваат зад сцена, разговараат со нив, ги насочуваат. Ете Биле на пример последните 2 гали беше лоша и отворено и го кажуваа тоа. И знаете нивните коментари делуваат врз публиката, еве Биле испадна, а се чудев како Виктор синоќа не излезе.

    Македонскиот идол никако не смееме да го споредуваме со Американскиот!
    Нам ни е прв, а на нив не знам кој по ред веќе им е. А плус ние сме Македонија, па така како за прв пат може да помине.
     
  7. Manceto

    Manceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Виктор дефинитивно е најдобар и заслужува да биде Македонски Идол,коменатрите на Тони и на Игор беа невкусни и не ја сватив поентата со читањето на статусите од ФБ,што сакаа да постигнат со тоа?!?!знам само дека на Виктор му донесоа уште повеќе обожаватели и повеќе гласови!!!!!!
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.134
    Пол:
    Женски
    И јас имам кажано дека не сакам споредби со американскиот, ама кога веќе земале да прават лиценцирано шоу можеле барем да видат како тоа се прави, да ги следат истите правила. Жирито е веќе премногу вмешано во животот на кандидатите, што не е добро за нивниот објективен суд.
    Јас се надевам дека ако следната година повторно го прават шоуво, ќе биде на повисоко ниво.

    Коментарите на Виктор јас ги немав прочитано и баш ме изненадија непријатно. Идоливе изгледа дека немаат сфатено колку жирито може да влијае на публиката. Што му требале тие коментари? Седи си мадро бре дете, изгледа ништо од Кристијан не се поучил.
     
  9. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    Бев јас вчера во живо сега да ви опишам детаљно тоа. :D

    Прво - одиме со другарка ми во 6 ипол таму бевме и во 7 почнуваат да пуштаат.Се среќаваме со уште едни девојчиња таму и влегуваме (ќути шуќур не пуштија со стари карти).Фаќаат овие место у прв ред се нацртаа јас и другарка ми позади жирито таму и си наоѓаме друштво ( и тие за Виктор и ние си се најдовме :lol: ).

    И почнуваат да пеат све по ред си тече и ете ти ја Биљана.Почнува да пее и само некој СТОП и ја вратија.Многу ми падна жал тогаш :( а незнам што беше проблемот изгледа слушалките нешто не беа во ред и добро се врати си испеа се по ред.После Иван пее и ете ти го Виктор ^_^

    Вадиме хамери, маици, букви вадат и цела публика на нозе.И си испеа супер и ете ти го жириво |( Ренде го напраи.Сирот ќе почнеше да плаче позади :( И све дуети се испеаа и ајде надвор на пауза.Бре Идоливе почнаа да ги тегнат, да ги влечат ќути бруки :lol:

    И ајде влегуваме внатре за испаѓање и седнуваат на столчиња и остануваат Биле и Дејан и Биле испаѓа леле многу ми падна жал :worried: И добро излегуваме надвор да ги чекаме и седиме едно пола саат и ете ти излегуваат прво Мики па Иван па Дејан па Јана па Билјана и излегува Виктор натоварен со мечиња, срциња хамери полни раце ќе паднеше сирот :D и се сликаат сите ова она и си одат.

    И јас доаѓам дома и сабајлево одвај станав зевам цел ден, жива ненаспана сум! :yawn:
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Леле а вие овде страшни сте. Точно предвидовте дека ќе излезе Билјана :!: :)
    Ајде сега на мене некоја од вас иднината да ми ја превиде, не се сомневам во вас :D :P
     
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Значи НЕ !! За другите не знам што правеле и како правеле пред идолот, но Виктор не го откри жирито и коментарот со Колумбо не му беше на место. Барем не за Виктор. Тие на Виктор само му помогнаа да стани премногу познат инаку Виктор си беше на почеток. Од секогаш пеел и имаше многу феноменални настапи и пред идолот. Беше во емисија кај Марко заборавив како се викаше...„Тротоар“ ми се чини можам да го ставам видеото. Си настапуваше на „Белата ноќ“ ...Свирки имаа во скоро сите градови низ Македонија...Пред да се пријави на идол мислам дека од факултет беа во Полска ако не се лажам и освоија трето место...Така да и да не се пријавеше на идол Виктор ќе си тераше каква таква кариера. Не велам дека нема личности што прв пат слушнаа за Виктор од идол напротив...Но Игор, Калиопи и Тони не се богови.
     
    На ViKtOrIjA21 и viki44e им се допаѓа ова.
  12. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.991
    Пол:
    Женски
    На ViKtOrIjA21 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Јас официјално кажувам дека повеќе Идол - нема да гледам.
    Непрофесионалноста им се провлекуваше низ галите и претходно, ама синоќа го доживеа врвот. Не зборувам само за техничкиот дел, туку и за жирито, посебно за Игор на кого не му доликуваат такви коментари што ги даде синоќа. Иван заслужи и тоа голем аплауз, бендот е тој што направи грешка и си ја призна.

    Јас искрено на моите фаворити Иван и Мики не им ја посакувам победата на Идол, туку им посакувам да им се отворат вратите од некоја докажана музичка продукција која ќе застане зад нив и ќе ги води понатаму.
    Како што и претходно реков - нема да гледам повеќе Идол, но сигурно ќе бидам во тек со работите сакала или не. Им посакувам се најдобро на Иван и Мики и се надевам дека ќе продолжат да се бават активно со музика што и да се случи по Идол.
     
    На purple.butterfly, MoDeRnA, senza.parole и 2 други им се допаѓа ова.
  14. eemmiilliijjaa

    eemmiilliijjaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    549
    Допаѓања:
    213
    Баш ми е мило што не испадна Дејан
     
  15. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    ИВААН !!! :inlove:
     
    На Cacy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.557
    И мене Дејан вчера ептен ми се допадна ама многу ми беше смешна мајка му на прегледот кога ја даваа кога го галеше убав син на мајка :lol:
     
  17. Tinker-Bell

    Tinker-Bell Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2010
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    119
    Пол:
    Женски
    http://www.youtube.com/watch?v=ko2H7gb7rz4


    Е од овој дует јас се воодушевив! И останатите беа одлични ама за овој немам зборови,стварно беа освежување,дует за паметење.
    И баш сега кога Билјана имаше многу добар настап ако не и најдобар до сега-испадна :^)
    Јас никогаш не сум била ниту за Дејан ниту за Билјана,едноставно ми било сеедно дали ке испаднат,а и кога ги видов заедно во дует си викам овие двајцава во пакет и дома. Ама па кога е нешто добро-добро е бре и си го признавам тоа. Еве едно големо браво за настапов :clap:
     
    На angelce1 и JuLleE им се допаѓа ова.
  18. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Ко пророчици сме тука. Во стил на Сабина :D
    Сериозно, кога ќе му се узвртиме на некого дека треба да испадне и испаѓа. Прво Еми, после Кико, сега Биле.....уште нареден пат Дејан ако испадне и нема сомнежи
     
  19. Sunday-Rose

    Sunday-Rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Женски
    Ај да кажам неш и јас...најлоша гала досега...
    Зна4и прво за жирито тотално непрофесионално однењување, вакво нешто искрено не от4екував, имав високо мислење за нив, ама сега гледам дека се излажав....мислам зна4и Тони од пред тоа си се спремал си го напишал коментарот на лив4е...ејејеј до кај стигнаме...

    Билјана-епа соло не баш најнај, ама дуетот ЗАКОН!!! И и4 не ми беше по ќеф што толку мн ја искритикуваа епрен претераа...

    Иван-Детето супер си испеа, згрешил Харе од бендот си стана 4овекот си кажа, ништо страшно, а коментарот на Игор тотално непотребен, се на се целта им беше и Иван како Биле да го напраат лом, мислам наместо да го по4итуваме тоа што и покрај тоа што нешто не штимаше детето си продолжи да пее не застана, и дури на крајот пак ја фати то4но песната...а да не зборуваме дека на флешбек цело време го даваа ФАЛШОТ и искрено не знам што беше финтата со тоа...... За пеење, се супер освен фалшот, а дуетот исто така ЗАКОН!!!

    Мики-добар си е он мада шо у по4етокот беше мн по страшен (во пеењето), сега нешто ми се опушти...

    Јана-Дуетот и беше супер, а солото..па сите малку се изгубија на солото...

    Виктор- За него за пеење нема да коментирам, мислам сега тие шо не го сакаат не знаат што да најдат па ајде фалширал, ова-она...а јас ќе кажам едно Мики Виктор4е и Иван најдобро пеат... а за тоа дека карактерот на Виктор му е 0 тоа го потврдувам, и нема што да се лажиме сега, ама за пеење мислам глупо е сега да тропаме глупости кога супер си пее...а тоа шо не испадна кога испаѓаа сите двојки, па нормално после таков да не ре4ам шок, и јас мислев дека нема да излезе ни да пее на дуетите искрено да кажам...
    Ина4е има нешто во ова заедни4ко ругање на Виктор4е, Иван и Биле нели е малку сомнително...?
     
    На MaxyMax му/ѝ се допаѓа ова.
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.121
    Допаѓања:
    67.134
    Пол:
    Женски
    Од дуетите Иван и Јана најмногу ми се допаднаа, најмногу си одговараа некако, супер беа. Виктор и Мики не ми се допаднаа, Виктор како пратечи вокал на Мики да му беше. Дејан и Билјана, па ништо посебно.
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.