Абе убав бил Христијан , а јас па толку го критикував. Вчера го видов во Прилеп, онака нормално ми изгледаше,не се дигаше иако знаеше дека секој што помина покрај кафичо, се ѕвереше во него. Во врска со ова па само погледни му ги сликите на девојчето па се ќе разбереш. Сигурно нема некој од 20 да го напише ова.
Многу ми е криво што Билјана излезе ми беше меѓу фаворитите 2 пати имав гласано за нејзе но последниве 3 гали се изгуби скроз само дуетот ми се допадна со Дејан Дејан одвратен ми е нема харизма ништо во него требаше пред Билјана да излези Иван досега најдобар од сите гали беше според мене Јана многу се лигуши ме иде по нерви Виктор е дома сите за него навиваат, има фаца да стане идол има глас многу ми се допаѓа дечково само да не го имитира уште Џастин Тимберлејк и ќе биди прав идол, не ми беше Виктор меѓу фаворитите но последнава гала многу ми се допадна само Виктор една порака до тебе имам не се филмај многу Мики зар се потребни зборови сега за Виктор и Мики навиваам според мене еден од нив треба да биде идолот. http://www.youtube.com/watch?v=IPAOod78BCU
А вие па колку сте чудни, колку се замарате со нив, па добро де и самите кажавте дека се под 14, нивните мозоци функционираат на малку по друг начин , како вие сите да се родивте вака паметни, искусни , колку што можам да видам веќе сите сте експерти во ова музикава ама не сте родени такви, де па остајте ќе пораснат и овие деца. Ако ве нервираат таквите коментари,нема да седите цел ден на ф.б да пребарувате и да очекувате кој поглуп коментар ќе напише за да го пренесете овде. Кој го интересира ќе отвори профилите на идоливе и ќе си прочита. нема потреба од исмевање, така се понашаат нормални тинејџерки според мене.
Иван ќе ги пее Resistance oд Muse и Is this love од Whitesnakе. Како ги погаѓа песниве, се мене што ми се свиѓаат. Инаку во понеделник е Рок најт.
Само да не ми ја уништат како Екс Ју најт кога беше- ептен се радував и на крај ништо Се надевам дека некој ќе пее песни од Deep Purple
Aaaaaaaa РОК! Одличен избор за следната гала, нема што Само не се радувам премногу, да не испадни како со екс ју вечерта, сите кога беа катастрофа освен Мики. Инаку јас немам гледано 2 гали, може ќе седнам да видам, па да напишам една долга рецензија Ја сакам Smells like teen spirit jас, онака ме размрда. Или некоја преубава рок балада. Да не се распишувам сега, сакам многу песни Едит, сесиов го кажала истото за екс ју вечерта, јас само потврдувам
Рок вечер?? СУПЕР!!! Мики ке биде најдобар..ама Виктор незнам како ке се снајде баш во рок нему повеќе му лежат поп песни..ама се докажа па верувам дека ке се снајде добро.. Имам некое чувство дека Мики ке пее нешто од Металика како Nothing else matters и како и да испеат ова мислам ке биде вечер на Мики (рокот најдобро му лежи) п.с и само една забелешка лично моја, за пеењето на Мики, да не го држи гласот толку многу непотребно на некои места (да се извикува по 5 минути ) -знаеме дека прекрасно пее и тоа малце нервира ако го прави на сите песни. АМА, верувам и во Мики и знам ке биде ОДЛИЧЕН :up:
Значи Иван ретко кога (можеби и никогаш) нема утка во изборот на песна.Срцка тој И да он и Мики ќе бидат најдобри... Јана, Дејан и Виктор како и секогаш ќе бидат просечни, дури мислав и Виктор со рок песни и подпросечен ќе биде
Виктор - Идол на девојките! Спојлер Дваесетгодишниот Виктор Апостоловски, момчето од Битола кое според сите прогнози е мошне блиску до титулата во најгледаното ТВ шоу „Македонскиот Идол“.Македонскиот Џастин Тимберлејк ги добива сите пофалби од Калиопи, Игор и Тони (стручното жири), но пред се и од публиката, посебно девојките кои непрестајно врескаат по неговите настапи.И на улица веќе е небезбеден.Не може да се отргне од прегратките на тинејџерките кои сакаат да го гушнат и бакнат.Нема дилема, новата музичка ѕвезда е родена. Кој е Виктор приватно? -Виктор е едно дете.Не можам да кажам обично, особено по ова што се случува на професионален план, па и приватен.Веќе ништо не е обично. Како ти започнува утрото? -Ранобудец сум, било кога да си легнам станувам до 10 часот.Не сакам да го пропуштам денот.Признавам, понекогаш ме фаќа и 12 часот напладне, но тоа е ретко. Можеби звучи чудно, но тоа сум јас.Кога ќе станам се средувам, знаете регуларни постапки, лице, раце, заби и седнувам да појадувам.Инаку наутро стално сум гладен. Раскажи ни малку за твоето семејство, за твоето детство, за Битола... -Морам да напоменам, потекнувам од огромна фамилија.Музичка фамилија. Ќе почнам со мојот дедо.Дедо ми - Трајан Апостоловски - Тале е моментално најстариот член на нашето семејство.Има 87 год. и се уште свири кларинет.Свири преку 60 години, и мислам дека е најстариот кларинетист на овие простори.Следен во ова стебло на музичари (од потесниот круг) е татко ми, Злате Апостоловски.Татко ми свиреше хармоника доста долго, и беше познат во тој период.Освен во нашата земја бил баран и низ бившите ЈУ простори, и низ Германија.Но како што велат „you never know what life will bring you“, па така, и татко ми, откако заклучи дека оваа професија повеќе не ги задоволува животните стандарди, т.е не е доволна за опстанок, престана да свири.На луѓето се уште не им е јасно зошто престана а беше најплатен и најбаран хармоникаш, за тие времиња.Животот е таков, тешко е да носиш така големи одлуки, а уште потешко да живееш со нив, но тука се гледа големината на човекот. Татко ми престана да свири пред скоро 20 год, во тој период не беше воопшто вработен, ниту имаше некакви примања од државата. Моментално како мал семеен бизнис кој го започна пред 10 год, е производство и трговија на вар. Мал и скоро неисплатлив бизнис, тешка физичка работа, но ете, мора од нешто да се живее.Ако има некој што треба да ми биде идол, животен учител, тоа е татко ми.Не познавам друг таков човек, со толкаво животно искуство, но тоа е долга приказна, приказна за која би сакал да напишам книга. Следниот член кој заедно со мене и со татко ми го дели товарот на варот е мојот помал брат - Валентино. Како и сите пред него и тој е музички надарен.Во основно музичко училиште во Битола свиреше виолина, а сега, негова страст е бас гитарата, свири кратко време, но неверојатно брзо учи и веќе е доста добар.Покрај музиката има уште една јака страна - танцот.Брат ми е државен првак во латино амерички и стандардни танци, веќе 8 год. по ред. Моето детство е една интересна приказна, составена од среќни мигови, успеси но и доста лоши мигови.Од среќните моменти би ги издвоил многубројните награди во полето на спортот ( кошарка и пливање) и музиката, доста успешни настапи на концерти па и надвор од државата, соло, со хор итн.Всушност јас сум секогаш среќен и насмеан...ок...96 % од времето. Лоши мигови не би сакал да издвојувам, ги имало, секогаш ќе ги има, битно е што, сум знаел како да постапам во одредена ситуација, сум грешел многу, но сум научил да учам на грешките, што е многу битно во животот. Лошата финансинска состојба ме научи да работам уште од дете, ме научи да ценам, ме научи дека ништо нема послатко од нешто добиено со својот сопствен труд, научив да не се предавам, да целам кон она што го сакам, да дадам се од себе за да го добијам, да го зачувам, да ме направи борец, војник. Од тука доаѓа едно од моите животни мота: „Животот е војна, нешто губиш, нешто добиваш, една добиена битка не значи добиена војна, и обратно. Тука се гледа големината на човекот.Не е битно колку пати ќе паднеш или колку битки ќе изгубиш, туку битно е колку пати ќе успееш да станеш на нозе, да се исправиш и да продолжиш понатаму.И уште едно мото „Грешките ти го градат карактерот...карактерот те носи на места каде што парите не постојат“ Битола е мојот роден град, местото каде што израснав и физички и како личност, и ниеден град нема толку да го сакам како што ја сакам Битола, мислам, најнормално. Освен убави зборови, и комплименти ништо повеќе. Кога пројави желба да пееш? -Почнав да пеам од својата втора година, чудно, знам, но имам и видео доказ за тоа.Тогаш на македонската естрада беше најзастапена македонската народна музика, па на видеата од моите родендени, пеам песни од Наум Петревски, Сузана Спасовска (се смее), како и песни од детските фестивали. Зошто се пријави на „Идол“? -Епа вака.Јас сакав да се пријавам на „Идол“ преку интернет, но тоа не ми успеа, и се откажав од пријавувањето.Но, подоцна тоа други го сториле место мене.Така ми беше кажано кога го добив повикот за првата аудизија.Кој ме пријавил се уште не открив, сепак им благодарам.Сакав да се пријавам затоа што мислам дека имав што да покажам.Сакав да бидам виден, слушнат, ценет. Никогаш не сум сакал да победам, и не мислам дека ќе победам, едноставно сакам да го работам ова, сакам да пеам, да живеам од ова затоа што финансиската ситуација ни е многу лоша, ова беше еден од начините да бидам виден, а да не се мачам со години да заработам. Што си во хороскоп? -12.02.1991, тоа е мојата дата на раѓање.Водолија сум, и горд сум на тоа.Не сум некој познавач на хороскопските знаци, никогаш и не сум се интересирал, не сум таков тип кој се води и верува на такви работи, сигурно има нешто и во тоа, ама мене тоа не ме привлекува. Веруваш ли во љубов на прв поглед? -Морам да признаам до сега не сум се заљубил, толку длабоко, се уште не сум ја осетил љубовта толку многу за да можам да одговорам на ова прашање, а ако разговараме за оние романси што сум ги имал, тогаш да, верувам затоа што барем 80% почнале така, ако не и 90% (се смее). Какви девојки сакаш? -Хаха, па никогаш не сум имал претстава каква коса треба да има мојата „идеална“ девојка, хаха, или какви очи, бојата исто не ми е битна, битно ми е,(ете вака да се изразам) се да е убаво нацртано, убаво лице, убаво тело, сакам кога девојка работи на своето тело, облини убаво обликувани, не ми е битна големината, битен е квалитетот. Сакам паметни девојки, сакам кога се слободни, комуникативни, отворени, затоа што и јас сум отворена личност, нормално во тие основни граници. Твоја омилена боја, парфем, животно, книга... -Омилена боја...хммммм...сината, зелената, црвената, и не сум баш одлучен која ја сакам највеќе.Моментално користам „Carolina Herrera CH“ и е прекрасен, сеуште не сум имал прилика да пробам повеќе мириси и да го изградам својот вкус во однос на парфемите.Омилено животно ми е леопардот, а книга „Најголемиот мртовец на светот“ - Ог Мандино. Песна која сакаш често да ја пееш, на пример твоја омилена... -Бидејќи слушам скоро се, и немам некоја омилена песна т.е имам многу, на пример: Billionare, Grenade - Bruno Mars, J.Timberlake - What goes around, Eminem ft. Doctor Dre - I need a doctor, Snoop Dog ft. Doctor Dre - Kush, T.I - You ain't missing something, Remember me и мн други. Со кого би посакал дует од македонската естрада? -Не сум размислувал на оваа тема.Искрено не знам...ама тоа би била дефинитивно некоја од пејачките. Дали Идол те смени како личност? -Не, карактерно не.Можеби ме смени во смисла, научив мн. работи, и сум побогат за многу искуства, а како личност, не би знаел да кажам, тоа најдобро го чуствуваат личностите околу мене, а јас не, но сепак мислам дека сеуште не сум се сменил.Се уште се однесувам со сите, не патам од големини, не летам, иако на многумина им изгледам како занесен тип, кој одлетал далеку, хахаха.Тие што ме знаат, знаат каков сум всушност јас.Можеби сега не можам да им одговорам на време, и тешко се снаоѓам со огромните обврски што ги имам сега, но тоа не значи дека сум се сменил јас, туку работите околу мене...Сепак ќе кажам „Идол“ мене не ме смени како личност... Омилен дел од денот... Заоѓањето на сонцето или зајдисонце.Тоа е делот каде завршуваат обврските, а почнуваат послатките делови од животот. Како реагираш на полна месечина? Се претворам во животно и распарчувам се пред себе, а потоа правам скара со останатите делови...хахаах.Одлично прашање, на кое всушност, не знам што друго да одговорам. Која песна ја пееш додека се тушираш? -Хахаха...па зависи од расположението, бидејќи немам омилена, стално е нешто различно. Секс за една вечер или...? -О, да...еднаш, двапати, па и многу повеќе...или само за една вечер?Зависи од ситуацијата. Како ги освојуваш девојките, можеби со песна? Е, тоа не смеам да го откријам.Па каков играч би бил јас ако си го откријам тајното оружје (се смее). Дали се сеќаваш на првата љубов? -Не, веројатно, како што кажав и претходно, сеуште не сум ја сретнал мојата прва љубов, најверојатно с е уште се немам заљубено (се смее) Во што веруваш? -Верувам во Бога, но не сум човек што претерува.Денес религијата е многу изматеријализирана, експонирана, па дури и на моменти е извадена од контест, јас сум верник кој се држи до оние стари адети, ни помалку, ни повеќе.Не сум суеверен тип, а кога станува збор за доверба, не верувам никому. Како ја манифестираш тагата и среќата? Јас сум тип што не изкажува чуства во јавноста, среќа можеби, да, ама тага не, добро, има моменти кога неможеш да ја сокриеш, но обично сум сталожен, мирен, имам висок праг на толеранција. Најчесто чуствата ги ослободувам во некој текст, песна, мелодија.Како уметник, потиснатите чуства ги ослободувам на хартија, каде создавам нешто посебно, барем за мене, и од таму чуствата ги делам со останатите.До сега немам ништо од тоа снимено, но се надевам и тоа набргу ќе се случи. Што е за тебе љубовта? -Љубовта?...хмм, за мене е игра која нема правила, нема граници.Љубовта е игра на жртви, на силни чуства, емоции, пекол и рај. Игра која создава многу болка, а без неа не можеме. Спојлер Уфф, конечно завршив, рака ме здоболе извор:крема
Рок? Јес! Браво! Одвај чекав да дојде оваа гала. Иван направил прекрасен избор, од мината гала ми е фаворит. Се надевам и другите ќе изберат добри песни. Очекувам да ги слушнам Bon Jovi и да си ја слушнам Carrie-Europe, Aerosmith, Metallica, Nirvana.... Долг ми е списокот
Мона мене ме мрзи да го читам, браво за тебе штом вака рачно си го пишувала Кликнав ми се допаѓа, не поради Виктор или интервјуто негово, него поради трудот твој