Рок вечер И јас сакам од Бон Џови да слушнам нешто, ама се си мислам дека некоја песна пак ќе биде уништена. Сметам дека ваков тип на песни на Иван најмногу му лежат и дека најдобро ќе помине. Виктор повеќе е Џастин стил, Дејан, па веќе сите знаеме, Јана ми е повеќе за поп песни, а и Мики се надевам ќе се покаже оваа вечер.
хелоооо грлс има некој известено за мојот иден сопруг (МИКИ ) ке пее : Bon Jovi - Bed Of Roses..... and Nirvana - Smells Like Teen Spirit....... БРАВО!!!!!!!!!!!!!!!
Јупииии за Nirvana. Нјамногу сакав некој да ја избере оваа песна, а пак тоа што Мики што ја избрал е перфекција. Мх, мх...
иначе еве го фамозниот статус на Викторче :РР http://www.facebook.com/permalink.php?s ... 2142460140 хехехе ама ок тоа е веќе помината работа (свако чудо за три дана ) ... Иначе пресреќна сум за понеделник, и таа рок вечер... посебно за Иван, знам дека одлично ќе се претстави, бтв како и секогаш especially ќе ја чекам Is this love бацки
Од каде па Нирвана ги нашол, добро што прави со изборов, наместо да одбере нешто со што сите на газ ќе паднат, он одбрал Нирвана за да се дере. Не дека имам нешто против Нирвана, ама неможе да се спореди гласот на Курт Кобејн со гласот на Јан Гилан да речеме...
Само по 2:20 ќе пееле од секоја песна?! Спојлер Го најдов на профилот на Виктор, коментари од девојчиња...
Немам ништо против неговите фанови, и јас сум нечив фан ... Муабетот ми беше дека коментарите се очајни...Господе боже, очајни се! Без исклучок...Колку години и да имаат *со тебе до гроб* не е коментар на човек кој е нормален!!! Спојлер Барем според мене
Браво за изборот на Мики, ме погоди во срце Ќе пее од Bon Jovi и Nirvana и плус оваа песна е една од моите омилени од Nirvana.
И што ќе добијат ако им ги кратат песните по 1мин 10 минути плус. Подобро на Опи лигаењето нека го скратат него ли песните. Она додека каже што мисли, двајца ќе испеат Али што се коментари само од фанови, може не е точна информацијава, не би требало да е
Премногу време им оди за критиките на жирито, ама премногу. Абе се кажува што и како и толку, а не тресење глупости, па барем нешто паметно да им кажуваа И нема ни оваа гала гости, м? Тапа, тапа...
Во дуетот на Мики и Виктор на Виктор гласот му се изгуби. Тешко е да пееш во дует со Мики. Ептен дообар глас има човеков (Мики)! Билјана заслужено си отпадна. Воопшто не знае да избере асална песна, се некои од таму-до таму. Ивааанннннн! Мојот фаворит. Ма, он секоја гала е сууупер! Ама, многу ми се допадна како пееше во дуетот! Ама и кога пееше сам беше супер. Кај него, дефинитвно нема промашај! Браво! Дејан, ми е некако досаден. Тој е следниот што би сакала да си оди. Ама, што знам, можда има убав глас, ама не привлекува внимание, досаден ми е... Виктор Сонце не ме грее, ја испеа онака, просечно, добро. Добро беше. Чист глас има. Ама, она што го напишала Мона, дека во интервјуто рекол дека поради финансиски проблеми е научен на работа, на се’. Е, мене не ми изгледа на таков! Баш треба да биде скромен, а не, како сега. Навредите од жирито упатени кон него беа...... Ноу комент! Иначе, кога му ја дадоа куќата, се гледаше дека не е некој богаташ како Дејан, ама сепак, би требало околностите да го научат да биде поприземен!!! Јана... Ма, некако премногу ја форсираат, тоа е единствената причина поради која ми е антипатична! Премногу се дига. Ама ајде, убав глас има.
Дали доколку слушните десетици, илјадници да го извикуваат вашето име (поради вашиот труд, поради професијата која сте ја избрале, поради она што сте) нема да ви годи ?? Јас верувам дека на секој од нас би му годело тоа обожавање па макар и доколку е од попалени тинејџерки. Па така и на Виктор му годи. Тоа не значи дека не е таква личност како што напишал во интервјуто дека е...Јас само ќе ви кажам дека Виктор во себе го носи битолскиот менталитет односно ако сте слушнале и ако знаете што е кабадаја ништо помалку и ништо повеќе од тоа. Сите ние сме такви понекогаш некои помалце други повеќе...Многу ми се допаѓа интервјуто. Едно големо браво за Виктор.
Мики е човекот што треба да победи сепак..искрено уште прв пат кога го забележав ужасно многу ми личи на Маријан Стојановски, не знам дали и вие тоа го гледате но ајде тоа не е битно...каков глас има, со извинење на гз да паднеш што се вика Но како што и секогаш се случува кај нас, ретко кога оној најдобриот победува на вакво шоу, но искрено сакам да успее тој дечко
Вчера идолите нели доаѓаа во Штип и јас бев Ама импресии кој дошол знае Значи да почнам, прво кога отидов(ме), пред влезот, игла неможеше да се пушти, и се повеќе помали, отколку возрасни. Одвај влегоа сите, 30 мин. беа потребни за тоа. И влегов што влегов, внатре беа само Лаура и Мики (поранешниот дечко на Лаура). Прво сите се насобраа кај Лаура, автограми сликање, а потоа ајдее правец, кај Мики. И со него сликање и автограми и така се додека не соопштија дека Идолите може да ги ,,пречекаме‘‘ надвор. И кога гледаш сите што биле внатре, сите надвор, цел бар се испразни. И сите по улица се мават, трчат, се чекаат идолите. Сите стојат на улицата, и на секоја кола што ќе поминеше, децата тропаат по прозорци викаат и тогаш некој вели дека идолите стигнале во барот. Ајдее сите ,,рикверц‘‘ во барот, и отпосле сфатија дека лажат Тогаш стигна и полиција, нели идоли доаѓаат, и ете ти едно бело комбе и сите по него. луѓето неможат да излезат! И почнаа некако. Прв го изнеасоа Мики, па Дејан, па Билјана и Јана, па Иван и на крај ВИКТОР! Сите ги внесоа со полиција и обезбедување, и пак сите влегоа внатре, а внатре ни се дише, ни се стое, те буткаат од сите страни. И јас некако стигнав до сепарето каде што беа идолите и веднаш кај Мики. Таман да се сликам со Мики, доаѓаат келнерите и ,,ајде сите доле, доста беше сликање‘‘ И ајде се симнавме и потоа пак ЈАС се качив, но овој пат успешно и се сликав со ВИКТОР! А после тоа, доста ми беше од туркања, неможев веќе и си излегов, кога надвор, идолите преку прозорецот даваат автограми Лудо беше ептен хаха И тогаш баш автограми даваше Виктор, а до него застанал Дејан и си пуши цигара и никој не го ,,ферма‘‘, сите кај Виктор