Сите десетмина синоќа испеаја прекрасно, навистина секој си го заслужил местото во финале. Според мене, најлошо испеа тој што ја пееше Fairytale gone bad, Иво мислам дека се викаше. Несомнено фаворит ми е Иван, извонредно ја испеа Final countdown, но Ивица испеа најдобро од сите (според мене). Од Виктор очекував многу повеќе, Денис исто така, Мики и Дејан пријатно ме изненадија и најмногу ми е криво што Нико не влезе во 5те, бидејќи како што кажа Калиопи има специфичен апарат и може да пее се-од опери и шансони до рок и метал. Спојлер Не се сомневам дека гласањето е наместено. Не дека не заслужија да влезат тие 5 што влегоа, но невозможно е во Македонија да има чесно гласање.
Не искоментирав за Денис. Пее коректно, ниту мн мн лошо ,ниту мн добро. Во ред ми е. Ама настапот многу ми се бендиса, алал да му е. Иначе се расплакав на сцената кога Христијан падна на колена и и пееше на девојката во жолто, како што разбрав (ако не е дезинформација) била нешто болна и алал да му е што и посвети еден дел од настапот. Другите сценски настапи ми е беа добри, мислам дека немаше некоја лоша сценска изведба, ако добро паметам.
Мене ми се ок Иван, од Виница мислам дека беше Иво, Нико и Иљачев за кој мислев дека ке оди понатаму , исто и за Иван бев сигурна дека ке оди. И затоа гласав за Иво и за Нико бидејки според моја проценка за нив најмалку би се гласало бидејки се скромни и приземни и не се занесуваат. На сите пораки што ги пратив и за двајцата ми стигна повратна порака - погрешно го поставивте барањето, користете го упатството од медиуми. И ајде мислев дека сепак се пратени. Сега читам дека не било така за сите, за некои можело да се гласа. И навистина штета ако се направил таков пропуст, намерно или ненамерно. Спојлер А Х со неговото однесување нема никогаш да стане идол.
Многу ми е мака што не влезе Нико!!!! Каков глас, ОМГ! Спојлер Тој заслужува да победи, а не некој како Христијан. Не велам дека Христијан не пее убаво или такво нешто, сите беа убави, но некако...Но овде во Македонијава се гледа само убавината Да, и Виктор требаше да оди во финале! И немојте да ме нападнете, тоа е мое мислење.
Кај Христијан мислам у реду е дечкото ама многу ми зрачи со ароганција, треба да има харизма бре луѓе, неколку кандидати ја поседуваат ама сеуште не им излегла онака нај нај на површина, Нико ми е романтичар тивок, има нешто мистериозно во него, Иван некако срамежливо ми делува. Мики ме воодушеви со настапот и гласот, многу моќно. И дај стварно не се напињајте не е зависи од вашата расправија тука судбината на идолот И уште едно прашање, луѓе зар стварно гласате и праќате по 10 пораки?
Тој Мики ми е многу одвратен, жал ми е само за Виктор што испадна, тие другите и требаше да испаднат (според мене), можеше само место Мики тој Нико да влезе. Инаку мене Христијан и понатаму ми останува фаворит но многу ме изнервира кога цело време се фолираше и ја покажуваше новата тетоважа, мислам дека повеќе мислеше што ке мислат луѓето за тетоважата отколку за тоа како испеа.
Мимс ма никој не се кара тука ! само доаѓа до недоразбирања И јас искрено не гласав , и не знам дали ќе гласам, можда ете од мерак во финалето ако пратам 1-2 пораки. И да гласам и да не гласам, од мојот глас нема да зависи победникот така да исто ми се фаќа. и ако е точно што го викате за гласањето па тоа ни малку не е коректно епа плус ради тоа ИЧ нема да гласам.
Абре девојки, секој си има свој фаворит и си го поддржува и си бара аргументи дека тој и тој е најдобар. Нека не биде целта да се контраме една со друга, времето ќе покаже кој бил добар, а кој не, макар што успехот на такозваниве идоли зависи од 70% други фактори, а 30 од нивниот глас и пеењето. Меѓу другото и гласањево и целата процедура не знаеме колку е веродостојна така да нема смисла надмудрувањето овде. Оние што се вредни, да се надеваме дека ќе опстојат и ќе се пробијат сами во музиката, бидејќи само еден ќе биде идол, а многу се добри повеќето...излишен е секаков коментар, секој со својата среќа. И 100% сум сигурна дека машко ќе победи, не за друго, ами дека жеништата ќе гласаат
Најпрво здраво на сите, нова сум овдека Сакав да искоментирам на неколку коментари: Јас исто гласав за Иван, и ми стигна повратна порака: “погрешно го поставивте барањето, користете упатство од медиуми“. Не знам зошто мора да се ствара атмосфера на теорија на заговор?! Да си била не некоја од нивните свирки немаше да дадеш ваков коментар. Вака изгледа тенденциозно. Децата се прекрасни, ако не беа добри немаше да свират во Опуштено кај Тони. Воедно, имаат свирки во Битола, Струга, Штип и затоа ме чуди квалификацијата “катастрофа се“! Иван го познавам лично, и освен на М2 не се појавил на ниту едно друго шоу за таленти, за разлика од некои други финалисти годинава. А околу твојот фаворит Кристијан или Христијан, немам што да искоментирам. Едноставно детето е арогантно и полно со себе. Гласовните способности му се просечни и го нема “тоа нешто“ за да биде sвезда. Е мене Кристијан ми е очаен P.S. Мои фаворити се Иван, Мики и Лаура (судам единствено според гласовни способности)
Девојки може линк (ако знаете) од настапот на Нико. Не го гледав а сите ми кажуваат дека ја испеал фантастично It's my life
ДА така беше и за НИКО и за Виктор, мислев деке само на подрачјето на Битола ама ете очигледно матат тука нешто. срам да му е самите си прајме глупости си местиме кандидати ко немабе не се сите наши деца македонци, после се чудиме кога на бугарскиот и на балканскиот брзо паднаја нашите ама ние самите. Срам да му е!
Можеби и ќе бида мал офтопик а можеби и не Баш денес во школо забележав едно дете многу личеше на Виктор и се изнагледав во него кој знае што си помисли ама мноогу си личат само овој од школово мое што е многу понизок од Виктор(дури и од мене е понизок) И така ви кажувам
Да си била не некоја од нивните свирки немаше да дадеш ваков коментар. Вака изгледа тенденциозно. Децата се прекрасни, ако не беа добри немаше да свират во Опуштено кај Тони. Воедно, имаат свирки во Битола, Струга, Штип и затоа ме чуди квалификацијата “катастрофа се“! Иван го познавам лично, и освен на М2 не се појавил на ниту едно друго шоу за таленти, за разлика од некои други финалисти годинава. А околу твојот фаворит Кристијан или Христијан, немам што да искоментирам. Едноставно детето е арогантно и полно со себе. Гласовните способности му се просечни и го нема “тоа нешто“ за да биде sвезда. Е мене Кристијан ми е очаен P.S. Мои фаворити се Иван, Мики и Лаура (судам единствено според гласовни способности) [/quote коментирам баш заради тоа шти неколку паи сум била..океј,тебе ти се допаѓа,ама мене ми малку.околу лаура и мики се сложувам,особено за лаура.а дека иван ти е фаворит заради изглед 100 проценти сум сигурна,ама не е ни битно тоа.важно е дека на крај еден ќе е идол,па ќе видиме кој ќе е среќникот.и не трошете зборови да го напаѓате кико,без разлика на моето,твоето или нечие друго мислење детето ќе биде ѕвезда,се гледа уште од сега.
мене ми успеа да гласам за кико и за дејан,ама не ми успеа за влатко и за виктор .не знам што прават.дали стварно нешто местат или којзнае....
Мој фаворит е Иван. Добро пее, добро изгледа .. онака ми личи за идол . Од женските немам некој фаворит, што знам .. А ова што велевте за гласањето, не знам, јас не гласав, ама сигурно има некои врски и протекции, (како секогаш и секаде, впрочем) и ако е така тогаш стварно не е фер за тие што испаднаа.
Нико не заслужи да отпадне..детето испеа маестрално..алал му вера..се надевам ќе се врати бо бараж Инаку баш пријатно ме изненадија сите, не го пратев идолот баш од порано, и не очекував дека ќе има вакви деца, сите ми беа ок, освен оној Христијан, незнам дали дека се понашаше така ама некако ми е одбивен бре, тоа е
А ќе има избор од судиите? На пример да изберат од тие што нема да влезат 4рица да пеат, па судиите да одлучат кој од нив ќе оди понатаму.