Абе миена и е косата. Само што девојчето изгледа има такво влакно. А на Иван му светкаат очињата кога го изговара името, Биле Срцки.
аа се гледа дека ИВан ја сакааа, го осетив дури како издишува кога зборува за неа, сјајотво очите му се гледа, значи алал да му е си призна човекот! ама и таа го сака знам јас
Па според твојов кометар покажуваш дека си поплитка од мене, а не знаев дека за да си ја измиеш косата ти требаат 50 евра Некој што себе си се смета за ѕвезда и за нешто свето тоа несмее да си го дозволи! Доколку си имаш свое мислење искажи си го, а не да цитираш и да напаѓаш туѓо нели сепак ова е мислење И доколку не си знаела идолов не го чини само гласот туку и неговиот начин на однесување, изразување и негоиот изглед!
Абе луѓе критикувам, критикувам и на крај коа ги гледам во Еден на Еден сите ми се срцки за сите ми е жал што излегуваат. И Биле сега ми е срцка и заедно со Иван ми се срцки и сите ми се срцки (пмс, не замерувајте срцки мои ) Веќе нема да зборам лошо за никого, освен за жирито пошо стварно се тапа. А овие идолите, кој и да почне да згради кариера ќе го послушувам по малку или по многу ако снимаат добри песнички Сеа ептен ми е криво шо сум критикувала лошо за Биле (мада не се сеќавам дали сум пишувала) пошо ставрно се гледа дека ептен демотивирачки сме влијаеле на неа. Лошо е тоа. Биле извиниииии ама џабе, нема да не чита веќе, ја искараа другите идоли И така....ко што кажав погоре, денес сум полна со љубов
И јас така мислам дека и е миена, ама такво ќе да и е влакното, погледнете ја и на други слики, прилози, иста и е косата како и сега. Убава и беше блузата само малку шминка да ставила, ама ете таа си се сака таква, мене воопшто не ми беше грда. Има време, ќе ја средат, Ламбе и Елена ќе ви текне какви беа на почетокот? И тука на форумот многу ја напаѓате. На почетокот,кога на пола и повеќе девојки и беше фаворит, таа на галите блескаше, прекрасна беше, ама кога почнаа да летат лоши коментари, а знаеме дека Биле постојано си ги чита, девојката се изгуби. Сепак се работи за почетник и тешко и паѓале коментарите. Но ете Калиопи ќе ја земе кај неа во продукција, ќе има по некој песна и за неа.
да и на неа исто така, баш беше романтично да ги гледам такви, ма се гледа дека се заљубени, остај тоа што викаат се сакаме како другари. Мижи Хасан да ти баам! ако ако не ни смета. мене не, незнам за другите.
Јас па не ни забележав дека косата и била мрсна Штознам,не ја загледав до толку или не се забележувало! Емилија очигледно беше мрсна во косата,ама оваа не ми изгледа така Ако пак ја опулев со цел да и најдам мана тогаш 100% илјада мани ќе и најдев! Ама не ја гледав за да ја критикувам (мене ми е она ок) туку за да слушнам што има да каже, да видам што било меѓу нејзе и Иван, да слушнам што ќе кажат за неа другите идоли! Девојката поштено си отпадна, ама што дотурка до тука тоа значи дека вредела, дека има вокални квалитети, не изгледа лошо, некој ја гласал за да стигне до таму а тоа значи дека на некој му се допаѓала! И една друга работа ми паѓа у очи...абе сите што седнаа спроти Жаре сите ги изнавреѓавме, сите не чинат, сите се несредени, сите не се достојни за ѕвезди, сите се занесуваат, за сите рековме ,,конечно отпадна,, Е сега не знам дали нив стварно не ги бива или ние премногу очекуваме!
мене баш ми беше природна, такво и влакното изгледа миена и беше косата па и на крај краева што е толку емисијава еден на еден, беше баш комотно облечена со малку шминка како шѕо и доликува, што треба со фрзура да дојде или со долг фустан? како фолк пеачките едвај чекаат некој да ги викне па да се накинџурат мене секогаш ми изгледа прибрана и средена
Па мислењето се менува со текот на галите, затоа и е шоуто. Билјана на почетокот ми беше симпатична, ама со текот на времето ми се изгуби, место да се подобрува стана полоша. За разлика од Мики, кој на почетокот не го ни забележав, но подоцна навистина се истакна. Нормално е мислењето да се менува, како што се менуваат идолите, така се менува и мислењето (ова чисто за мене си кажувам)
Луѓе а шо е со правилава глупи? Требало организацијата да дошла да ги разбуди....и шо ако некој се разбуди пред да дојдат, треба да лежи во кревет и да мижи додеке дојдат Немало заклучување на соба....може голи сакале да си се шеткаат две девојчиња внатре, да се пресоблекуваат. Зашо да не се заклучат, глупости
Природна беше - тоа е важно . Сега ќе обидам да и се јавам и да и кажам дека беше супер..ако ја добијам A со Иван ми се како Принц и Принцеза.Баш би сакала да ја продолжат својата тајна(веќе не)врска
Срцка е Биле, па ако чита нека знае дека стварно беше оригинална и супер изгледа и пее А со Иван баш си одговараат ако се заедно