Од почеток мене Биле многу ми се допаѓаше, арно ама со тек на време некако се подизгуби, не беше како порано. Ама сакав да остани оти сега е само една "феминка" во идолов. Дејан сакав да испадни и претходно се имам изјасенето за него, има убав глас ама некако ми е млитав, не ми е интересен, ова мислење ми е од почетокот за него и воопшто не ми се смени Јана во почетокот мн ме нервираше ама сега ми е слатка и почна да ги покажува гласовните способности Браво Јана само така продолжи Е сега и груго мислење сменав За Мики, има страшен глас не велам не, ама не ми е пријатен за слушање, кога го слушам се напрегам некако ко тешко да ми е, имам чувство како да се мачи Виктор ми е онака добар е ама детиште е уште Е сега ми е идол Иван од почетокот ми беше сега ми е уште повеќе. Игор многу го почитувам и секој коментар негов го признавав, ама некни да ми простите на зборов се П*сра, не требаше така да речи за Иван дека не заслужил аплауз тој туку бендот, стварно не беше фер, грев ми падна за Иван душа Поздрав феминки
Плитки, прости, нечовечни...Интересни коментари... Биле ми е некако мн крута. Како и сите идоли не знае да се изразува. Битно е дека се тие сега нешто СВЕТО, прекрасно, најубаво (имам очајна потреба од смајли што се крсти ) Постојано гледаше да избегни да одговори конкретно на прашањата. До некаде и убаво од нејзина страна. Не ми се допадна тоа што го направи Виктор како се кажува по социјалните мрежи, а дека таа ништо не пишувала, а сите знаеме дека Биле е таа што е најопседната со социјални мрежи, форумот наш најмил и се што се објавува на интернетов. Инаку да ви кажам ич не ми е жал што коментарите си ги земала при срце затоа што ако е ѕвезда, нешто најсвето и најпрекрасно тогаш треба да знае дека секогаш ќе постојат луѓе на кои ќе им се допаѓа и луѓе на кои нема да им се допаѓа и крајно време е да се помири со тоа. И да не заборавам да кажам „Еден на еден“ е емисија која ја гледа поголемиот дел од населението, така да, потполно се согласувам со погорните коментари дека Билјана можеше и требаше да се среди малку повеќе. А да ви кажам мене па кога се капам ми бегаат едно 100 евричи
Абе и на нас ни била косата понекогаш мрсна, ама ние не излегуваме на ТВ такви :Р на крај краева, можела малку повеќе да се среди
ахх срцки цело време се правдеа ,негираа и повторуваа дека се пријатели но сега на крајот го ставија шлагот но ги сваќам што сакаат малку приватност бидејки ние стварно сме страшни сепак мило ми е за нив а изјавата на Иван беше премногу слатка особено последната реченица инаку кога сум кај Иван мора да спомнам дека изборот на песни за во понеделник му е страшен особено Resistance една од моите омилени песни и знам дека ќе растури (супер ги изведува и двете)
Јас да бев на Биле местото и да ги читав коментарите за неа овде на фемина многу ќе бев демотивирана и потресена.
Јас не би ни ги читала коментарите, а кажав и претходно, не ни треба да им е дозволен пристап до интернет. Треба да се изолирани, па секоја гала сите да се тресат, а вака од прилика ги знаат фаворитите. Не знам зошто воопшто можат да користат интернет.
Вчера во Штип беа идолите и имало само мали деца во дискотеката, 3,4,5-то одделение и малце поголеми од нив.
Се согласувам со мислењево, нив не треба да им е дозволен интернет ако се веќе изолирани нека бидат асолно изолирани, не само пред камери....
абе алиса да не пукнеш , се превртев од смеење за мижењево а се сосгласувам со твојата констатција дека како излегуваат така ми стануваат мили , ми беше жал и за кико кога гледав и сега за биле....тоа ти е македноски менталитет кога го имас го бркаш па кога го немаш го бараш и се така
На мене ми е криво што испадна Биле.И сега на интервјуто ми беше ОК.Можат малце да поработат на изразување и такви работи,ама се на се добра беше.Точно,на почетокот беше многу подобра,понатаму...некогаш лош избор на песна,па и како што кажа,коментарите што ги читала...па кој и да е ке се почувствува лошо и ќе се изгуби на некој начин,и ке биде се понесигурен и понесигурен.На мене од почетокот ми беше фаворит од девојчињата. А за врската со Иван,ептен ми се срцки,посебно Иван на крај кога кажа БИЛЕ ЗНАЕШ ДЕКА ТЕ САКАМ му светеа очите како ѕвездички А каде во Штип,мислам во која дискотека биле,и кое време?
хахахахахах конечно некој да рече.. а он ме убедува дека не е така ама скроз ист е во изглед ама се разбира дека е далеку далеку подобар пејач
Значи според она што го кажа Билјана на интервјуто ние сме криви што испадна и што беше се полоша од гала во гала, зашто нели, читаше фемина наместо да се усовршува Епа немам зборови, еве ако читаш девојко било какви коментари не треба да влијаат на тебе, а најмалку па да те демотивираат, јас да сум на твое место негативните коментари би ме мотивирале да станам подобра и да се трудам повеќе, а не обратно
абре аман па не и дадоа на девојката пари кога искочи за да иде на фризер ако не па ај ко елка да иде многу мани наоѓате прости луѓе.. а не па ко бети да иде со светки на очите.. мислам дека више ја претеравте .. инаку биле е многу скромна и фина инаку размислете зошто би ги прифаќала тие коментари така да не беше скромна.. да беше некој друг самобендисан како виктор и христијан ке ги болеше уво што викаат другите.. многу е фина и си ја сакам
абе бруки бе сега го гледав видеото кога го бутаат Викторов на земја овие од предшколска и школска воздраст и искрено волку слатко не сум се смеела бог знае од кога
Дали знаете кои песни ќе ги пеат кандидатите во понеделник? П.С. Јас знам дека Мики ќе ги пее : Bed of Roses и Smell like teen spirit. Но за другите кандидати незнам, а ако знае некој, нека пише.
Нема да ја коментирам косата на Биле дефинитивно...а може комотно да се отвори тема и за нејзината коса пошто повеќето коментират за тоа мене ми беше супер во интервјуто...природна ми е , симпатична, криво ми е што коментарите и делувале негативно ама тоа е тоа, таа е дефинитивно ФБ зависник (си рече на аудициите сама) ма да не требало да се разочарува кога гледа дека за сите има лоши коментари..кога ке размислам на темава се фалат само Мики и Иван, и Виктор тука некаде така што не морала толку на срце да си зема се.. ако размислува така никогаш нема да успее...зар Каролина или Елена имаат лоши концерти и настапи зошто кажале нешто лошо за нив?? ако случајно чита ке и порачам БИЛЕ БИДИ ОПУШТЕНА, ПРИРОДНА КАКВА ШТО БЕШЕ И НЕ ДОЗВОЛУВАЈ КОМЕНТАРИТЕ ДА ВЛИЈААТ НА ТЕБЕ, ОСОБЕНО НЕ НА ТВОЕТО ПЕЕЊЕ (зошто бевме сведоци на нејзиното просечно пеење на последните гали) ВЕРУВАМ ДЕКА КЕ ИМА УСПЕШНА КАРИЕРА... ако навистина се во врска со Иван - СУПЕР!! Многу убав пар се..и да Иван едноставно сјаеше кога зборуваше за неа (па и одделно го дадоа него, не во склоп со другите) П.С Овој Виктор планира да кажува што ке пее?? Или треба да тропнам на вратата од хотелот???