ГРЕХЧЕ!!! Па овие девојчиња не се нормални..шо е нај јако го турнале и си продолжиле да го сликат битно да стигнат до него, да го фатат секој момент...ц ц ц незнам Виктор уште колку време ке помине за да може пак слободно да шета...
Абе шо не им напраат латино вечер,да се размрдаме,нешо турбо фолк,да пукне балканското у нас,замре шоуво ненормално многу.И не ме аресва ич тоа што немаат сценски настап ама баш никаков,па дури и тоа што го носат им е ко за искачање у град,а не за на сцена.
Да се надоврзам на претходниов коментар на Лилит во врска со сценскиот настап...Од идолов очекував многу повеќе дека ќе гледам, повеќе возбуда и забава, но некако се повеќе ми е досаден, едвај чекам да заврши, а сакам да го догледам, ме тепа радозналост Не ми е јасно што туку им ја трошат енергијата на кандидативе на шетање, млатарење по други градови, наместо скроз да ги изолираат и максимално да се посветат ( и да им го исклучат проклетиот интернет!). Нешто слично како на Операција триумф. Публиката е желна и шоу да погледа, не само пеење. Таа недела што ја имаат на располагање за спремање на песните им е таман и за да научат некоја кореографиичка, па у позадина со танчари да изведат нешто, да заличи на вистински Идол. Според мене замислата за бирање идол е тој освен да знае да пее, да биде физички прифатлив за публиката од сите генерации, да има шарм, однос кон сцената, однос кон публиката, а воедно да знае и да игра и да се однесува на сцена. Ако сакаш да бидеш пеач, треба до некаде да знаеш да бидеш шоумен. Тука акцент се става само и само на пеењето. Некако носталгична сум и желна за уште еден Операција Триумф. Со нетрпение ја чекав секоја нивна гала. А добиваа се песна до песна! Немаше ни една утка! Во Идолов секоја гала има по неколку утки во избор на песни.
Девојки дајте линк од видеото и ние малку да се насмееме и да да не бидам оффтопик идолот почна да ми здосадува ништо интересно не се случува, така да треба да променат нешто
Можеби премногу навлегувам и можеби премногу го манијачам Виктор ама после после неколку пати прегледување на снимката кога Тони го почнува муабетот со "Дали тебе ти значат нешто коментарите на жирито", Виктор одма почна арогантно да му одговара на Тони "Да многу" и "Не, не лажам", што мене ме води до заклучок дека Виктор очекувал баш нешто вакво да се случи и дека уште од претходно се имаат нешто за'рчкано со Тони. Што знам, мене така ми личи
не ми ја закачајте биле да не ве размавам сите по ред девојчето си е супер,природна скромна одмерена.иако жаре малце ја навлекуваше да каже нешто против жирито таа не кажа ништо лошо.и не го нападна виктор како што некој пиша претходно за статусот,туку го бранеше.е кога ја праша жаре дали таа лично би ставила таков статус биле одговори не,шо не значи дека го напага виктор туку искрено си одговори за себеси.едноставно мислам таа е поумерена и не би се истрчала да напише такво нешто против жирито.и на виктор предпоставувам му е криво шо така се избрзал ама биднала работата веке.. и коментарите за мрсната немиена коса??? па кое девојче и да испадне сите ги напраивме демек со мрсна коса биле на интервјуто и 3 страни муабет за тоа се пишуваат дајте сменете го муабетот,ако е целта само да ги деградирате,најдете некој друг муабет следниот пат кога ке испага јана,дека ноктите и се несредени или забите немиени,бидете малце креативни и колку што ја слушнав биле не рече дека се сметаат идолите себеси за нешто свето и прекрасно,туку дека фановите ги доживуваат така.шо е факт,погледнете ги децата шо праат по виктор,го турнаа кутриот на земја зарем не е тоа обожавање и восхитување..е сеа факт е дека повеке од фановите се тинејџери,тое е нормално за таа возраст.и мене ми се допагаат биле,иван и мики,ама на моја возраст ако ги сретнам на улица сигурно нема да вриштам и трчам по нив нели сметам дека биле даваше доста дипломатски одговори и сосема пристојно одговараше на прашањата.сепак ова се млади луге кои немаат искуство пред камери,првпат даваат вакви интервјуа и нормално е дека ке имаат трема и ке напраат некоја утка..погледнете ги политичарине наши,шо се секој ден пред камери со години,па па ке напраат некој лапсус и ке дадат некоја изјава да се свалаш од смеење..и за биле ако случајно го прочита и овој пост немој да се потресуваш за негативните коментари,нив секогаш ке ги има ако си јавна личност,звезда,и секогаш ке се повеке негативни отколку позитивни коментари затоа што лугето се едноставно такви,завидливи,и ако некој е познат и успешен во нешто ке гледаат да му најдат илјада и една мана,за да му ја умалат вредноста..
Viktor Apostolovski ponedelnik....reden broj 4.... 1. Aerosmith - I don't wanna miss a thing 2. Linkin Park - Numb.... Тоа второто...некако..очекував нешто друго ...ама ајде штом е од Виктор супер ке биде Во првата песна СО СИГУРНОСТ КЕ УЖИВАМ!!!!!
гледам неколку коментари кои велат дека не треба да имаат пристап до интернет во некој случај се согласувам бидејки стварно сите треба да се тресат пред галата но повеке мислам дека треба да имаат пристап и да ги читаат и негативните и позитивните коментари бидејки еве јас на пример сум многу чуствителна и од еден коментар срцето ме боли 2 дена а од толку многу јас веднаш ќе добијам срцев удар така што ако тие неможат тоа да го издржат значи не се за таа работа еве пример Билјана е опседната со коментарите и тоа многу ја погодува што мислам дка ќе и штети во кариерата и кога ке излезат зарем цел живот нема да погледнат што лугето мислат за нив а во никој случај неможе секој да те сака па така сметам дека треба да имаат пристап до интернет за време на шоуто па со време да сватат дали се за таа работа или не се
Багуфче и ти ја сакаш Numb ? Песните што ги одбрал Виктор се преубави, ама мислам дека нема да ги испее убаво- првата ајде де, ама втората нема шанси, за неа треба подинамичен глас, поагресивен- а Виктер е флегматичен целиот- ја нема таа енергија што ја бара песната . А другите што ќе пеат, или да пролистам наназад по темава ?
апослутно се согласувам абе ја да сум во организација ке видите колку ке биде забавно ке направам латино , па ретро хитнови , па она не баш циганскиот турбо фолк ама некои така по брзи песни , па ке им викнам цигани со труби , па танчери , танчерки , абе има бомба да биде...па ке сменам нешо на сцената ке направам , ке пустам џабе се надеваме во понеделник ке биде иста слика прилика
Не можам да најдам соодветна анимација со која би можела да ја искажам смеата што ја предизвика во мене видеото од Lisca во Тетово. Мислам, во ред е да имаш идоли и да ги сакаш, и да мечтаеш да ги видиш... ама се' во свое време и на вистинското место. А не, овие деца ем нема да успеат да ги допрат (како што сакаат), ем па и полошо ќе си направат (и Виктор, и они ќе се испотепаат ). Што се однесува до синоќешното интервју со Билјана, од сите до сега што сум ги гледала најмногу ми се допадна. Имаше некоја контрола во нејзините одговори и однесување. И мислам дека нема ништо лошо во тоа - јавни личности да ги читаат коментарите посветени на нив кои кружат низ социјалната интернет мрежа. Нормално, дека не треба се' лично да се сфаќа, но секој има право на свое лично мислење, избор и вкус. Оние коментари кои дадената личност ги смета за корисни може да ги сфати како совети, невкусните коментари не мора да ги зема во обзир. Не знам навистина во што е проблемот. Многу поистакнати и реномирани т.н. уметници, комуницираат со своите обожуватели од целиот свет преку интернет, а нашиве Идоли делат совети да не се читаат ваквите коментари. И добро би било да се однесува тоа на сите веб - сајтови од типот на фејсбук (на пример, на кои колку што знам сите се корисници), но мене еден коментар синоќа ме асоцираше како тоа да се однесува само на одредени веб - сајтови... што навистина не е во ред. Не е само фејсбук место каде што може да се даваат коментари, кој - каде, како и што сака може да си пишува. Од друга страна, ги разбирам и нив, бидејќи не е лесно човек да се прилагоди на еден таков нов концепт преку ноќ. Ќе имаат и падови и успеси, но се' ќе биде добро до оној момент кога нема да дозволат да бидат нешто што не се, иако секогаш треба да учат и да се надградуваат, но во границите на својата личност. Лично јас, на сите (20-те финалисти) им посакувам да имаат сјајна кариера во областа во која најмногу се пронаоѓаат (претпоставувам музиката). Се согласувам со некои претходни коментари дека со секоја измината гала - вечер, шоуто станува се подосадно. Единствено учесниците и бендот на Тоше се светлата точка. Инаку скоро се' друго е страшно монотоно. Коментарите на жирито, горе - долу се' скоро секогаш исти и многупати кога сум воочувала јас самата (што не сум музички образована) дека има потреба од критики, истите тие се изоставувале од страна на жирито. Водителите доста често си имаат свои лапсуси, не ми се интересни воопшто. Никакви ефекти на сцена, никакви гости дури ни од македонската естрада, а што останало за подалеку. Но, ајде ќе го занемариме тоа (и онака државата ни е крш), па немаме пари ние за такво нешто. Учесниците нека ни се добри, живи и здрави. Ние сме им отскочна даска, а после кој што сака нека прави. Ах, бре Македонче...
Аа како ми ги погодува овој Виктор омилените песни NUMB конечно некој нешто да пее од Линкин парк А инаку и вчера и денес го гледав ,,падот‘‘ на Виктор, се пресмеав
Виктор(че) одбрал мноогу убави песни, двете ги обожавам... ама само ако ми ги упропасти, посебно Numb леле тогаш за Дејан попрво би гласала да има повеќе гласови од него