Па да не се споредуваме демек они имале повеќе средства и затоа се поспремни. Ама тоа оправдување веќе нема да поминува, поготово што гледаме колку време ги вежбаат песните
Лелеее прилогот беше... како го направиле небаре зборуваат за крај на свет... ГЛУПОСТИ!!! Јас сум сигурна дека баш поради бројот 4 Виктор нема да излезе...ке се утепаат тинејџерките гласајки за него , ете и јас меѓу нив (иако не сум тинејџерка)
ИДОЛИТЕ се во Струмица..не знаете каков хаос е во градот... абе мали деца од основно, макар и од средно школо..абе пуно..трчаат низ центар од таму на таму..ххахха да бев и јас 13 макар и 16 не да трчев..има да ги следев до Скопје шо убаво.... а вака ми е срам..и ке си се сликам во друга прилика
Еве, само што се вратив. Абе, гужва невидена стана. Требаше да бидат во селект, ама тие пред тоа отишле во Ранерс и ајдеее, сите натаму отидовме. И одиме пред Ранерс и таму буткавеж, гужва... И ајдее, да направиме патека да ги стават во комбето. И јас бев во првиот ред. Иван на сите ни пушти раце, а Виктор само помина набрзина. Билјана ја бомбардираа, а и Мики. После дури отидоа во Селект, а ние разбравме дека ќе влезат отпозади и ајдеее, па обезбедувањето правеше жива ограда за никој да не може да стапне до нив. И ајде, ќе ги фатиш за раце, ово оно, ако успееш да ги сликаш и толку. И јас се разделувам од другарките, нели, си одам дома. И кога гледам тука во продавницата за душеци - идолите. На сите им мавнав рака и сите ми вратија, освен Виктор. Уствари на него не стигнав да му мавнам, тој беше зафатен, даваше интервју за А1.... Јана ми пуште пољубац, Билјана 1000 пати. Еднаш кога лежеше на душеците, па после кога стана, па после кога отиде во комбето. Ех, колку сум си среќна. Дури едвај ви го пишувам ова........
ауууу лудницаа трчав по нив низ цел град и сите идоли ги допрев А од СЕЛЕКТ не знам како сум излегла ме потиснаа сите. Од тој шанкот стомакот си го направив решетка А низ градот....никој не чека, на семафорите црвено ние трчаме колите свират ли свират, ние трчамее
^Абе си реков јас буткавежи имаше до сто и едно и нагоре. И кога излегоа од ранерс едни трчат накај Селект да не ги испуштат, други пак трчат накај комбето... Некои трети трчат на сосем друго место... хаха... Ама, колку цикање имаше, тоа беше невероватно. И, да, најмногу се слушеше Иван, Иван, а некои пак Виктор, Виктор... А јас упооорно-Иван, Иван....
хаус па обезбедувањетоо... ауууууууууфф.. а па не дават да се сликаш тоа не било место за сликање со еден збор смрдлаци !!!!