2 часа ги чекавме во селект , а тие биле во џордан..па подоицна кога дојдоа ги видоовме авв ИВАААН но не успеавме да се сликаме
^Иначе, мислам дека отидоа на Колешинските водопади... Сигурна сум. ...Епа, наводно рекоа за само Јана да не биде женско и Билјана да дошла.
Вечер пак во Селект кај 22 и 30... се мислам дали да одам...ако е гужва како преги... а утре во 20:00 во Веро центар во Скопје
Јеееееееееееее бравоооо за ситеее!! И најмногу браво што не чекате на црвено јееее! Може ќе ве згази кола али не е битно пред да сте на интензивна ќе имате сликаааа со Виктор4е јееееееееее!!
Абе и јас имам идол (Иван) го следам шоуто, интересно ми е, ама не ми е јасна целата таа хистерија, буткања, гужви и трчања низ градови, за да се сликаат луѓето со идолите како којзнае кои ѕвезди да се, чиниш Енрике дошол во Македонија. Бог да чува
^Мори не ми го спомнувај Енрике ја мож некоја рака или нога да скршам не се знае тоа. А иначе ств. ли имало толкава гужва ко што зборите, тука у Скопје па има, ама можеш да се сликаш...
Ами како нема да има гужва, оние од 5-6 одделение кога ќе загазат сите, ќе немало гужва... ами деца не разбират шо ќе праиш...... ина4е мислам мн му е крената цената на идолите нели и тоа Билјана шо го кажа дека публиката ги доживувала како неш свето, убаво.... хахаха
хахахахахха абе дечишта, немаат друга работа, па цел ден дремат пред гтц и ги чекат овие „идолите“, до вчера поголемиот дел од нив никој и ништо, ама нема везе, добри се дечките нека уживаат додека можат =)
Не знам зошто на Ексклузив кажаа дека Емилија кога испадна беше број 4, затоа што на таа гала вечер Христијан натапуваше под реден број 4, а Емилија беше 5та.
Да не претераа овие од организацијата што нон стоп ги шетаат идолите? После се чудиме зошто од гала на гала се се послаби и послаби. Наместо да ги затворат да вежбаат и да се усовршуваат, овие нон стоп ги носат некаде. За толку краток период само ги м`кнат по градовине. Тоа и за човек без обврски е ту мач, а не пак за нив. Мене искрено ми е секогаш мачнина што се вика до Скопје што ќе дојдам, а еве каде ми е, а не пак нив, само ги влечкаат насекаде. Пред некој ден во Берово ги однеле а тие што оделе натаму знаат и колку е мачен патот. Крај краева, не се таму за да ги шетаат туку се за да пејат. Мене ко да многу ме занима каде биле и што правеле, јас сакам да слушнам убав глас, а не како си поминале во некоја продавница за долна облека и чарапи.
Не можеме да се стрпиме.. па затоа ќе ви кажеме .. ЌЕ ИМА НАТПРЕВАР ЗА ДА ВЛЕЗЕ ЕДЕН ОД ИСПАДНАТИТЕ ИДОЛИ **Еве сега го видов ова Не е официјална страната на македонски идол ..па што знам
да ја надополнам листата и по редослед: 1. Mики: Nirvana - Smells Like Teen Spirit и Bon Jovi - Bed of roses 2. Иван: Мuse - Resistance и Whitesnake - Is this love 3. Јана: Blondie - Call Me и System Of A Down(SOAD) - Aerials 4. Виктор: LInkin Park - Numb и Aerosmith - I don't want to miss a thing 5. Дејан: Deep Purpule-Solider of fortune и The Rasmus - In The Shadows Прво сите по една песна, па после пак од почеток
јас па мсиалм дека кога беше бугарското тарабунов коа уЧествуваше дека повеке пати спасуваа по 1 ако не се лажам
се лажеш . и таму влегоа сигурни 10 во големите концерти, а тие што не пројдоја на малите пееја уште еднаш и поминаа две и толку. после испаѓаше по еден за на крај останаа 4ца, и тие 4ца се натпреваруваа во една вечер на на секој час отпаѓаше по една. Кај нашла Јана да пее песна од СОАД ќе се усере ко никогаш до сега
Исто мислам и јас дека претераа со шеткањето низ Македонија..откако ке заврши Идолот нека направат една турнеја низ Македонија нека ги шетаат каде сакат абе јас до факултет што одам, и после на кафе, па малку шетање-кога ке стигнам дома сум уморна и ми се спие..а не да ме шетат секој ден низ градовите...и нормално дека во понеделник ке се уморни, ненаспани и сл Ова е ИОДЛ (барем требаше да биде ) времето може да го искористат рационално со подготвување кореографии, нон-стоп вежбање на песните и сигурно ке имаме поквалитетни гали..а вака ке отпеат еднаш во недела и еднаш во понеделник проба и ние очекуваме да бидат сјајни..Е КАКО НЕ Претераа со шетањето..сега кога се ближи крајот, место да се усовршуваат екипата ги шетка...АЛАЛ ДА ИМ Е!!! На жирито им пречи што седат до утринските часови по собите..а враќањето во 3 часот наутро од патување е во ред?? И утре идолите ако можат нека станат во 8