Виктор срцка Ма супер си беше само пердувине што му ги ставиле. Леле овој Игор кога ќе почне да тресе глупости треснато е.
Не сум фан на Виктор, ама дечкото добро си отпеа И Игор веќе претера со глупите коментари за Колумбо.
Јес да за нигде испеа Виктор ( извини Плавуша , еве не ми се лути ) ама зашто мора секоја гала да му јадат го*на за тоа каков треба а каков не треба да биде ?! Е , по ѓаволите ....
Овој па Игор се понаша ко он да го смислил идол, не ко да го плаќаат само да биде таму. Демек готово, ако не беше он, немаше да го има ниту идол ниту Виктор. Колубмо бе.....полека малку А приметивте како Опи го фати Игор за рака пред овој да коментира, онака за подршка
А бе на место му се коментарите, дигнат е до даска Викторчо ич не ми се допаѓа а и стварно како беше облечен . А овие па од публика вени сечат за него . А и прееска за Кико врескаат а мене нагон ми иде да .
Сега само поради моронството на жирито вечерва ќе пуштам 10 тина гласа за Виктор,не ме бендисува многу детево ама како му се запнаа,за срамота. Сиукси,Коломбо....Игор get a life man.. Иван беше прекрасен како и секогаш,фаворит ми е од самиот старт. Леле овие од жириво сега и култура продаваат
Е за ова Тони е многу во право. Веќе кога си прифатил да бидеш славен, да излегуваш во јавност и сл. треба и да се помириш со тоа дека коментари ќе има, било негативни, било позитивни. А за пеење - си пее, само треба да е свој.
Мене ми се допадна Виктор и мислам дека дечкото воопшто не е лигле, како што добив впечаток на почетокот (иако има веѓа средена, а ла Мацко Стојановски). Ми се допадна и изведбата, му легна песната, и баш убаво што си ја влече накај РнБ, и' дава викторијански шмек. Фино момче и заслужува да е на сцена. Има убава боја на гласот, убаво изгледа и публиката го сака. Што повеќе? Не ми е напорен, за разлика од некои други. Стајлингот - малку украден од тука. Тоа пердувот не требало. Иван Р. стандардно добар. Иако за мене таа песна најубаво ја отпеа Тоше Проески од нашите, а и малку е досадна. Мики повеќе не ми се допаѓа, ми пее на нос и многу изнасилено, т.е. ми се дере. Јана не знам што мислеше кога ги одбра S.O.A.D. Во секој случај, јас пуштив веќе порачиња за Виктор и Иван и се надевам дека еден од нив ќе е следниот Македонски Идол.
Иронија на животот - Игор да ти држи предавање каков треба да бидеш Да има критики во врска со музика и настап, океј. Ама цинизам, сарказам и слично...нема потреба А овие од режија имаат чуден смисол за хумор. Убав дел исекле од на Виктор настапот