Мислам дека битката ќе се води меѓу Иван и Виктор. Од овие двајца Иван е подобар. Мики се губи последниве неколку гали, а мислам дека уште толку ќе падне, овие двајцава пошмекери се, девојчињата ги сакаат и тоа е.
За инат нека иде Виктор понатаму, да видиме тогаш што ќе му зборат ! Па претераа веќе, а ако се потсетиме на нивното минато мислам на Калиопи и Игор ќе ми прсне главата.
Тони Михајловски вечерва ми личи на скитник. Некој што ќе го сретнеш на улица и ќе му речеш дојди ќе те носиме во едно шоу да критикуваш млади деца како пеат. Па на што личи? Иди избричи се, заличи на човек. Како циган кој не се избањал една недела, баш така Ако веќе идолите ги критикуваат како треба да изгледаат, како да зборуваат, како да бидат културни нека биде и жирито за пример
Виктор го внесе Џастин Тимберлејк во рок балада.Не, не, не ми иде тоа бе , Џастин и рок два различни поими. own: А Дејан се повеќе почна да ми се допаѓа.
И офтен се чита, тоа е одлика на погорните класи. Дејан не може да си го најде стилот. Некако лута натаму наваму. Ама добар е. Треба да победи бе, викам јас уште од почетокот
зашто повторно го искритикуваа Виктор пак нешто кажал, како го прекори Игор мене газот ми се стресе, најозбилно, баш ме зачуди! инаку Идолот го фатив од Иван инаку од него во овој жанр на музика малку повеќе очекував, малку штуро ми ја испеа песната. Јана ми беше солидна, ми се допадна како ја испеа, но можеше навистина подобро, видов дека може но како да немаше сила...но ок и понатаму ми фаворит. Виктор не беше лош се прашував како ќе се снајде со оваа песна, но во ред, како што кажа и Калиопи сепак дечкото е за поп музика. Дејан досега е супер, иако сеуште не ми остава некој впечаток некако млитав ми е. ајт уште Микич да го видам!
Дејан добар е некако, супер да не речам. Дури сега размислувам имам поголема желба Виктор да отпадне а Дејан да остане...
Абе тоа откако ќе победи, нели курс по англиски ќе имаат. Е тука веќе жалам што Христијан не победи. НевР меЈД ит ес а Вајс мен... Ви текиња?