Се сложуваат со нас , гледате ? Ехеееее Па што не биле строги бе уааа Иначе ми се свиѓаше како испеа Дејан , не беше лош
Мона да ми простиш,ама Дејан барем ништо лошо нема писнато,и мирен си е ,има контрола,знае да прифати критика.
Дејан најпаметно игра. Па зошто да му се спротистави на жирито? Седи си мадро, да не седиш модро. Тоа е добра политика. И они не треба ништо да му префрлаат на жирито. Можат само да климаат и толку е. Кога ќе си имаат кариери ќе имаат право на збор.
Маца па добро тоа, ама тие ама кажаа, супериорен глас, најубава балада, бла, бла.Мики 200 пути поубаво пее од него па не го фалат толку.
Ејј многу ме нервира што пола емисија им помине во вакви снимки за тоа каде биле, каде шетале, што си купиле или јаделе.
Мики- Можеше многу подбро да ја отпее баладата, но тоа не значи дека беше лош! Напротив,убаво звучеше но да бидеме искрени може тој и многу подобро! Иван- Ја отпеја мојата најубава балада, одличен беше како и секогаш! Ја видов во публика и Билјана, ми мириса на љубов ...ама ако,нека се сакаат децата! Дефинитвно најдобриот настап вечерва го имаше Иван! Јана- Песната што ја одбрала не ми се допадна а и стајлингот вечерва не ме воодушеви! Но убаво отпеја, ми се допадна како звучеше! :up: Виктор- Стајлингот му беше ужасен но песната и начинот на кој ја изведе, контактот со публиката, начинот на кој ги прифати коментарите од жирито...се’ тоа го направи многу професионално ! И овде морам да кажам дека жирито (особено Игор) почнува да ме нервира! Претеруваат веќе,аман! Дејан- За некое чудо вечерва Дејан ми беше одличен! Ми се допадна за првпат откако трае шоуто,а очекував слаб настап од него,сепак добар беше и тој!
Е ова се глупости. Со ова пополнуваат време, место со гости и настапи. И по тоа се гледа квалитетот на шоуто, кое ова очигледно го нема